Владата се преиспитува за повисока граница за пензионирање

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ВЛАДАТА СЕ ПРЕИСПИТУВА ЗА ПОВИСОКА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ?!

getImageThumbnail.axd
Високи владини функционери зад затворени врати ја разгледувале можноста за покачување на старосните граници за пензионирање во Македонија за да се спаси пензискиот систем од должничката криза
Најчувствителното прашање - за зголемување на возраста за пензионирање, кое месецов ја тресе цела Европа, деновиве се дискутирало и во македонската Влада, дознава „Капитал“. Високи владини функционери зад затворени врати ја разгледувале можноста за покачување на старосните граници за пензионирање за да се спаси пензискиот систем од должничката криза.Македонскиот пензиски систем од година во година станува сe позависен од државната каса. Веќе 35% од буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е од државни пари. Старосните граници за пензионирање, пак, во земјава се убедливо најниски во споредба со регионот.
Иако никој од Владата не се осмелува јавно да прозбори на ова тема, сепак признаваат дека будно ги следат турбулентните случувања во пензиските фондови. Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, остро ги отфрла информациите дека Владата крои нова пензиска политика...
 
Уште тука да ни го начукаат и нема да остане ниедна празна дупка.
 
. Старосните граници за пензионирање, пак, во земјава се убедливо најниски во споредба со регионот.

овие се прават луди- или не знаат стварно или сакаат да го излажат народов
знаат ли воопшто они колава е старосната граница во Србија, Гејлада, Бугарија- кога веќе зборуваат за регионов????!!!!!!!!

ај нека не се задеваат со народов - оти.....арно кажа цитро кога им ја предвиде иднината
 
Незнам колку е границата кај соседите. Но, знам дека не е одржливо ПИОМ да се подржува од Буџет старее популацијата има виска невработеност. Мора да се најде ќаре. Инаку ќе завршиме како Грција само без баил оут од ЕУ. Например да можат луѓе да opt out од фондот сами да се штедат или инвестираат. Или да се смени регулативат на фондовите. ПИОМ има акции но незнам дали имаат нешто другите фондови знам дека се воглавно во обврзници. Може треба ПИОМ целосно да се приватизара.
 
Малку ви е ова, само напред! А ако дојде СДСМ на власт, со Албански премиер сигурно ќе биде подобро.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 19:06 ---
Може треба ПИОМ целосно да се приватизара.
Мислиш планот на Буш кој е најглупавото нешто во историјата? Да, тоа сигурно е паметна работа. Ама што знам јас, тресам глупости, се е до шопската, курвичињата и ракијата.
 
Со Законот за пензиски реформи, усвоен од страна на Собранието на 8 декември со 82 гласа „за“ и 51 „против“ од вкупно 240 пратеници, од 1 јануари 2012 година се предвидува етапно зголемување на старосната граница за пензионирање за по четири месеци, со што до 2015 година мажите би заминувале во пензија со 65 години, а жените со 63. Сега старосната граница за пензионирање во Бугарија изнесува 63 години за мажи и 60 години за жени.
 
Нека ја качат границата и после ВМРО нека се помири со најмалце 10 години у опозиција..
Доколку Фондот работи нерентабилно прво треба сериозно да се разгледа работењето на менаџментот. Доколку менеџментот не е проблем за рантабилноста и фондот не може да исплаќа пензии без помош од буџетот, границата за пензионирање треба да се зголеми. Без разлика дали тоа би го ченело ВМРО-ДПМНЕ власт. Мора да се однесуваме одговорно. Треба да учиме од грчкото искуство.
 
Pravo na starosnu penziju mogu ostvariti osiguranici u 2011:
Muškarac:
  • sa 65 godine života i najmanje 15 godina staža osiguranja
  • sa 40 godina staža osiguranja i najmanje 53 godine i četiri meseca života
Žena:
  • sa 60 godina života i najmanje 15 godina staža osiguranja
  • sa 35 godina staža osiguranja i najmanje 53 godine života
 
Со Законот за пензиски реформи, усвоен од страна на Собранието на 8 декември со 82 гласа „за“ и 51 „против“ од вкупно 240 пратеници, од 1 јануари 2012 година се предвидува етапно зголемување на старосната граница за пензионирање за по четири месеци, со што до 2015 година мажите би заминувале во пензија со 65 години, а жените со 63. Сега старосната граница за пензионирање во Бугарија изнесува 63 години за мажи и 60 години за жени.
Kолку што прочитав имаше протести против зголемување на возраста за пензионирање во Бугарија пред некој ден. Побарај на гоогле. Како и да е не го менува фактот дека ПИОМ го цица буџетот како пијавица.
 
Прванов не го потпишал законот ама он си оди така да следниов Росен ќе го потпише. Ова само како податок како е во регионот, значи слична ситуација т.е. веќе е 65 години...
 
Чекајте малку, зар немаше "корекција" на возраста за пензионирање пред пар години?
П.С.
Нека постои opt-out од пензискиот систем, па нека ја стават границата и на 5000 години ако сакаат.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 19:18 ---
Доколку Фондот работи нерентабилно прво треба сериозно да се разгледа работењето на менаџментот. Доколку менеџментот не е проблем за рантабилноста и фондот не може да исплаќа пензии без помош од буџетот, границата за пензионирање треба да се зголеми. Без разлика дали тоа би го ченело ВМРО-ДПМНЕ власт. Мора да се однесуваме одговорно. Треба да учиме од грчкото искуство.
Или политиката на работење на Фондот(знаеме кој ја диктира истата), што знаеш човек, можеби пензиите се исплаќаат со повисока вредност од реалната.
 
Или политиката на работење на Фондот(знаеме кој ја диктира истата), што знаеш човек, можеби пензиите се исплаќаат со повисока вредност од реалната.
Кажав, прво да се разгледа работењето на менаџментот, доколку фондот може да се донесе во рамките на рентабилност со промена на политиката, најбезболно е да се направи така. Всушност доколку е можно партијата на власт сигурно ќе направи така, бидејќи само така не губи на рејтинг. Ама доколку и со промена на начинот на работење не може Фондот да биде рентабилен, поддржувам зголемување на старосната граница за пензионирање.
 
Значи добро што оваа тема е актвна со оваа се потврдува следното,

Колку е државата јака економски
Колку од луѓето работат
Колку може да се носиме со другите држави

Дека конечно треба да си помага ме ако сакаме подобра иднина значи стоп за партизација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom