Токму поради овие треба да се забрани абортусот со строг закон и сите оние што ќе го извршат, да лежат затвор во шутка исто како да извршиле убиство (бидејќи и убиство извршиле).
Абортусот НЕ Е средство за контрацепција!
Планирај си го семејството со кондом, со дијафрагма, со апчиња, со апстиненција од секс... крав ниеден.
Е па види сега.И со кондом и со апчиња се прави работата по некоја грешка.На пример пукнал кондомот,типката заборајла да се напија апче или не ги пие редовно а типот го тура во нејзе насекое ја полни со сперма знаејќи дека таа пие апчиња оти има и такви сега нејќам да ти се колнам за мајка дека има такви оти многу ја сакам мајка ми . =) има секош сламка за да се фатиш кога ќе се давиш
така и ти и јас... контрајќи се тука.Секогаш ќе си најдеме нешто да си го одбраниме мислењето...ако ме разбираш.
мислам дека да....:back:
Уставот го гарантира правото на човекот слободно да одлучува за создавање деца, се вели во компаративната анализа што ја подготвило Министерството за здравство и ја доставило до владата. Според критичарите, ова е спротивно на тенденциите на владата со новиот Закон за абортус да го ограничи ова право на жената.
Анализата, повикувајќи се на Светската здравствена организација, вели дека абортусот е една од најбезбедните медицински постапки, доколку се изведе професионално. Владата со кампања, преку видеоспотови и преку плакати планира да ги советува жените дека абортусот има штетни последици за нивното здравје.
Во овој документ се вели дека абортусот е прекинување на бременоста пред фетусот да биде способен за живот надвор од матката, што не се совпаѓа со дефиницијата што владата ја дава во тендерската постапка, според која, абортусот е насилно прекинување на бременоста.
Истата анализа покажува дека бројот на регистрирани абортуси континуирано се намалува и според Републичкиот завод за здравствена заштита во 2006 година изнесува 6.690, што не се совпаѓа со тврдењето наведено во тендерската документација дека бројот на абортуси е ист со оној на новородени.
„Донесувањето нов Закон за прекинување на бременоста мора да води сметка за меѓународните обврзувачки норми, поради фактот што тие се ратификуваа и кај нас. Со Уставот се утврдува дека меѓународните договори што се ратификувани со него се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“, стои во документот.
Онколозите вчера реагираа и на изјавите на битолското здружение „Ревита“, кои исто како и владата почнуваат кампања против абортусот. Тие тврдеа дека абортусот предизвикувал рак на градите и на матката, за што лекарите велат дека научно не е издржано.
Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ја повикува владата итно да го повлече од јавност тендерот за кампања против абортусот или да направи негова ревизија.
Извор:Весник Шпиц.
www.spic.com.mk