Владата должи околу милион евра на студентите за стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
Во време кога пензионерите се привилегирани во јавниот градски превоз, за одмори, за бањи и слични глупости, студентите се по не знам кој пат занемарени и помножени со нула.Колкави се шансите за работа после дипломирање сите сме свесни, па изгубен е скоро секаков мотив за студирање.Капак на се последната одлука дека после дипломирање ако не прифатат било каква работа, ќе ги бришат од список.Генијално!
А ова со стипендии (порано и студентски кредити), не е ни прв пат, а сигурно ни последен.Сакам овде да прочитам мислења од поддржувачите на владата зошто имаме ваква ситуација.Ако можат...

21.06.2012, 15:56
СТИПЕНДИИТЕ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ОД ФЕВРУАРИ
Владата им должи милион евра на студентите
3D24E346D8034049B92D07747AAD86B1.jpg
Министерството за образование и наука не им исплатило ниту денар за вториот семестар на студентите со кои има договор за стипендирање. Над 4.200 студенти не добиле пари од февруари наваму, иако Министерството за образование со договор се обврзало стипендиите да им ги исплаќа секој месец.
"Ние ги почитуваме сите обврски со договорот за стипендирање, а државата не. Трошоците на факултет нe чекаат, и ние мора половина година да се снаоѓаме како знаеме", реагираат студентите.
Подетално во печатеното и во електронското издание на Вест.


Текстот е прочитан 4434 пати.
#
 
Изгледа нема пари па се прашувам дали владава сериозно сака да даде пак ваучери за компјутери. Не дека имам против, но ја како продавач не би зел такви ваучери па да ги чекам од владата да ми ги исплатат. Ова со доцнејнево е многу лоша навика, никако да го остранат.
 
Нека кинат и продаваат лисја од брезата, за да можи да ги добијат парите што му биле наменети за стипендија од владата. Можеби и повеќе ќе извадат, повредна е. Некогаш земјава ми наликува на бајка каде што повеќе би се исплатило да веруваш во добри самовили, златни рипки и така натаму него во самата држава.
 
Изгледа нема пари па се прашувам дали владава сериозно сака да даде пак ваучери за компјутери. Не дека имам против, но ја како продавач не би зел такви ваучери па да ги чекам од владата да ми ги исплатат. Ова со доцнејнево е многу лоша навика, никако да го остранат.

Страшно се дволични.Каснење ок, ама со усул, а не по 4,5 месеци.Од друга страна ако закасниш неколку дена кај УЈП или за РДТ, сметката ти е блокирана.Можда оф-топик, ама како надоврзување на дволичноста - денес министерот за труд и социјална донесе одлука за прекинување на активности од 11 до 17 ч. на градежните компании поради топлото време, ама работниците на чудовиштата од Дизниленд 2014 работеа турбо.И после како да заслужат почит ако не се луѓе од збор и дволични, носители на закони и одлуки кои самите ги кршат, а другите за исто се казнети :sick:

Ваучерите ќе завршат исто како и претходните, ќе земат една или две генерации,а другите ќе останат со таквото в раце после избори...Сега пензионерите најдобро се привилегирани (n)
 
Кога сме кај самовилите, тие веќе се реалност
dsc_7745-jpg.43212


А кога сме кај рипките, тие се веќе пошумени.

Леле како Коњ сум се смеел на ова пошумување на риба, да ги собериш сите функционери немаат ни 2% интелигенција во спредба со студентите, земаат плата и пошумуваат риба.....

денес подобро е да си пензионер, можеш и на балет да одиш:tapp:
 
Кога сме кај самовилите, тие веќе се реалност
dsc_7745-jpg.43212


А кога сме кај рипките, тие се веќе пошумени.

^^
Овие се врв на глупавоста. Кој од кој понеписмен. :facepalm:
Се прашувам како не им е срам. Дури и јас се срамам кога ги слушам.
Не е за смеење, за жалење е работата.
Какви неписмени луѓе ни ја водат државата ова е страшно.
Не знам како не се најде, некој нив да ги пошуми глупаци едни.
 
Ако на студентите им должи милион евра, на фирмите може ли да замислите колку им должи? А за РДТ знаат да блокираат сметка, крв да им ебам апашка.
 
Ах бе македонче глупаво..ах бе македонче,тебе не ти иде паметот..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom