Визи на влез во земјава

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.101
Веб-сајт
www.kajgana.com
Воведувањето четири вида визи е најголемата новина во предлог-законот за странци, со кој треба нашиот да се усогласи со визниот режим во Европската Унија.

Законот предвидува воведување аеродромска виза, транзитна, виза за краткорочен и виза за долгорочен престој. Во него ќе бидат вградени меѓународните инструменти, стандарди и правила, кои ќе бидат приспособени на нашите услови.

Транзитната и визата за краткорочен престој ќе може да се издаваат како групна виза, а ќе се добиваат и на граничен премин. Законот за странци е резултат и на потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која државата презеде обврска да ги усогласи нашите со законите на ЕУ, а меѓу нив и законските норми од областа на миграцијата.

Со законот квалитативно се менуваат дефинирањето на поимот странска патна исправа и определувањето на условите што треба да се исполнат се таа да се смета за важечка.

Заради спречување на илегалната миграција со законот се заоструваат казните за тој што ќе му помогне на странец нелегално да влезе, да помине или незаконски да престојува во државата.
 
Почнуваме да си воведуваме ред во своето двориште, за разлика од порано кога џавкавме како е во туѓите. Само се ми изгледа дека и ова ќе остане на пола сработено.
 
Konstantin напиша:
Почнуваме да си воведуваме ред во своето двориште, за разлика од порано кога џавкавме како е во туѓите. Само се ми изгледа дека и ова ќе остане на пола сработено.

Пола пола, друже, Тешки нека почна да работа.

Инаше требало од секогаш да има визи за влез, Зошто нас да ни бараат, а ние не. Посебно турците од германија, ко ќе одат дома... леле треба печатница да се изгради на премините. можда 2... хехех закон.
 
Би требало да работиме со реципроцитетен визен режим...поготово со Грција. Ама во ред е и што барем почнале полека да го сработуваат законот.
 
Транзитната и визата за краткорочен престој ќе може да се издаваат како групна виза, а ќе се добиваат и на граничен премин.
значи очекувајте преминувањето на нашите граници да стане уште поспоро. еден проблем решен, еден создаден
 
другарче напиша:
значи очекувајте преминувањето на нашите граници да стане уште поспоро. еден проблем решен, еден создаден
Брзината на премин на границата т.е протокот на луге и роба нема врска со визниот режим. И во Америка скоро сите што велгуваат имаат потреба од виза па нема проблем со брзината.
Впрочем визите се знае каде и како се вадат. Брзината на премин на границата е во тесна врска со опременоста на граничниот премин, со стручноста и ажурноста на луѓето кои таму работаат и инфраструктурата која постои на преминот, а да и со степенот на корумпираност на вработените.
 
јас вака размислувам. ако до сега се чекаше да се евидентираат сите пасоши кои влегле во земјава, сега пред тој процес понекогаш ќе треба и да се чека да се издадат визи. ако пред тебе има колона од 10 коли за влез во Македонија, може у една ќе се погоди да им требаат визи. значи повеќе ќе чекаш :kez:

и бај д веј, за влез у Америка не можеш да вадиш виза на граница
 
другарче напиша:
и бај д веј, за влез у Америка не можеш да вадиш виза на граница
Ете видиш едно од решенијата за намалување на визите.
Второто е две колони, за оние на кои им требаат и на кои не им требаат визи.
Ова луѓе пред нас го измислисе и регулирале така да не е проблем воопшто.
 
Zarem i nie barame vizi od nekogo?
Svasta.......

Ha ha ha, nasmeja se stara grofica i lupi pikslom o sto..
A stari grof, zgranut tom prostacinom, otvori prozor i
Prdnu kao konj u gluho doba noci.....
Tito....
 
Back
На врв Bottom