Виолина

Член од
20 јуни 2012
Мислења
22
Поени од реакции
2
Возраст
102
Темава ја отворам со цел да им се помогне на сите почетници кои сакаат да свират на ВИОЛИНА. Меѓу нив сум и јас. Оние "поискусните" кои имаат веќе подолг стаж со овој инструмент би ги замолил доколку можат и сакаат, ко за почеток, на нас неискусните да ни дадат некој совет како полесно и правилно да го "користиме" гудалото пред да бидеме избркани од дома. Секогаш добредојдени ќе бидат и фајловите со ноти од некој подобри песни за на виолина, безразлика дали ќе бидат домашни или странски, нови или стари, класика или народни...
 
Имаш на јутјуб за beginners, баш пред некое време ги листав оние (посложени) техники ко Sul ponticello, sul tasto, coll legno итн. кај што фино се објаснети.
 
Прво каква виолина имаш. 3/4 1/2 или цела виолина тоа е многу битно.
Второ, дали е правилно наштимана виолината.
Трето, струните на гудалото дали се свилени некој неодреден материјал или од коњско влакно .
Четврто, дали успеа да извадиш звук до сега ?
Пето Жиците какви се дали се од мачји црева или од друг материјал?
За жал колку и да изгледа лесно свирењето на виолина воопшто не е такво.
 
Прва работа која треба да ја научиш е држењето на гудалото. Значи тоа треба да е лесно држење од шака, прстите треба слободно да паѓаат, за да можеш лесно да ја движиш раката. Земи го гудалото со левата рака и намести ја десната правилно. Пробај да ја движиш шаката горе доле без да ги мрдаш прстите. Ако почувствуваш болка, значи неправилно го држиш. Кога ќе го ставиш врз жиците тоа треба да е лесно, како да лебди. А не да стискаш за да добиеш звук. Од кога ќе ја наместиш шаката, крени го лактот во висина на виолината. Со симнат лакт не се свири, раката мора да ти има слободни движења, што би рекла мојата ех професорка виолината сама треба да свири :)
Позз до Raziel; кажи таму дека уште паметам совети :D
 
фала ви на сите прво за советите ....ми се појави еден проблем ...ги најдов нотите на едно клипче на youtube ама при префрлање од жица на жица некако не ми звучат баш како да се тие ноти што ги кажува во клипот дека се ...нормално си е тоа или не е баш тој редослед на нотите што јас пробувам да го вежбам?
 
Ако се тие нотите, не треба да звучи поинаку.
 
фала ви на сите прво за советите ....ми се појави еден проблем ...ги најдов нотите на едно клипче на youtube ама при префрлање од жица на жица некако не ми звучат баш како да се тие ноти што ги кажува во клипот дека се ...нормално си е тоа или не е баш тој редослед на нотите што јас пробувам да го вежбам?
Не се секирај, 88 кај мене дома 7 месеци звучеше како некој живи мачки да дере:pos:
Со тек на време ќе совладаш, јас почнав со половинка а требаше со 3/4 и подолго време ми требше да ја совладам.
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 23:41 ---
Прва работа која треба да ја научиш е држењето на гудалото. Значи тоа треба да е лесно држење од шака, прстите треба слободно да паѓаат, за да можеш лесно да ја движиш раката. Земи го гудалото со левата рака и намести ја десната правилно. Пробај да ја движиш шаката горе доле без да ги мрдаш прстите. Ако почувствуваш болка, значи неправилно го држиш. Кога ќе го ставиш врз жиците тоа треба да е лесно, како да лебди. А не да стискаш за да добиеш звук. Од кога ќе ја наместиш шаката, крени го лактот во висина на виолината. Со симнат лакт не се свири, раката мора да ти има слободни движења, што би рекла мојата ех професорка виолината сама треба да свири :)
Позз до Raziel; кажи таму дека уште паметам совети :D
Ех а дали некогаш ти текнало да поминеш преку гудалото со прстите, после јадење смоки? Да видиш тогаш како самото не да лебди дури и лета :pos:
 
Ех а дали некогаш ти текнало да поминеш преку гудалото со прстите, после јадење смоки? Да видиш тогаш како самото не да лебди дури и лета :pos:

Не ми текнало такво нешто :D
Ја имав вечити проблем со отштимување на виолината или кинење на жиците, сестра ми не го поднесуваше звукот, али затоа редовно јадеше ќотек од моите и пак и пак не се откажуваше во намерата :D
Или кога одев на настап редовно приморана се разбира седеше на прв ред и ми правеше фаци додека свирам за да ме збуни, а јас ја гледам низ прсти и иди памти како беа нотите:pos:
 
:pos:
Си имала среќа, за мој инат братми се реши за кларинет па по цел ден ми пиштеше на уво со него.
Па тарабука, па труба, и на крајот гајда.
Можеш да замислиш какви звуци се ширеа во мое мало,комбинации на виолина и гајда, тоест дерење на живи мачки и клање на свињи.Синфонија на УЖАСОТ :vozbud: Аданте Алегро НО 5 Фор Виолин & Гајда
Со мрсни прсти обавезно поминував преку струните кога не ми се вежбаше, па оди тогаш извади звук да те видам, па и Рахмањинов ако сака нека е :pos:
 
Ти уствари сам учиш да свириш виолина?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom