Виена

  • Креатор на темата Креатор на темата dime_dime
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 април 2015
Мислења
8
Поени од реакции
3
Возраст
56
За време на велигденските празници бев во Виена со Т.А Фалкон.
Значи се беше убаво само некој педерски работи на агенцијата.

1. Посета на дворец на понудата пишуваше 25 евра. Кога тргнавме од Скопје водичот ни рече 30 евра од човек. ( Инаку таму да си извадиш карта за посета на истите соби во дворецот е 12,9 евра со слушалки на српски или било кој јазик од наведените ).

2. Посета на Дунавска кула 10 евра со можност горе на кулата во ресторанот кој ротира да пииме кафе и да ручаме, кога стигнавме горе на кулата ресторанот беше затворен за посетители само со претходна резервација, без резервација почнувал да работи од 14 часот а ние бевме таму во 11 часот. Значи се качивме на кулата се сликавме и се симнавме.
 
Вие само раскажавте за „ бисерите “ на туристичката агенција
Ве молам да раскажете нешто за самата Виена. Ако можете постирајте и некоја фотографија
 
За Виена нема што да се кажува треба да се види втор град по убавина после Париз, значи најубаво е од мај па натаму, сега уште не е разеленето и не им е посадено цвеќето секаде.
Бевме 3 дена ама мислам дека и три недели се малку да се види се и да се посетат сите музеи ги има секакви и од сите рангови, нема време да се влезе секаде, мислам дека индивидуално е подобро да отидеш, хотелите преку букинг за 7 дена се околу 240 евра за соба за двајца, има апартмани со комплет опрема за готвење и перење, превозот низ градот им е организиран, метро, автобуси, транваи бродчиња што одат до Братислава панорамски автобуси треба по можност да знаес англиски или германски се сто им е напишано е на германски, цените им се поскапи за наши услови, сендвич од 3 до 5 евра кафе од 2 до 4 евра сладолед од1,5 до 3 евра, има маркети Била, Лидал, Пени, Метро и многу други, значи јас секаде одам преку букинг ова ми е втор пат со агенција, значи нема време да се види се...
 
50 души по 5 евра = 250 евра
Солидна добивка за возачот и совозачот :)
 
Втор град по убавина после Париз? :vrtioci:
Јас Париз би ставил на последно место, има 30 градови од Европа што ми оставиле поубав впечаток.

Иначе Виена е убаво е да се посети за време на нова година и на почеток на пролет.
 
Виена според мене е доста сличен стил на Париз, иста стара архитектура, само не е толку гломазен градот и е посреден и почист него Париз... А за тоа дали е убав, тоа е ствара на вкус. Исто како Париз за некои што е најубав град, а за некој најдосаден, до негде така е и за Виена (може само не толку екстремно). Убав си е градот, ама јас лично сметам дека не е нешто ептен спешл да сакаш 10 пати таму да идеш или незнам си што, туку (според мене) е повеќе град што е убав и вреди да се види но доволни ти се 3-5 дена и толку. Барем јас прв пат кога го видов ми се свиѓаше, откако се преселив тука многу бргу ми здосади. Башка што е и не е толку голем ко во прв момент што звучи, уствари по површина колку Скопје е.
 
Виена е убав град, мене ми се допаѓа многу и никогаш не одам со агенција. Не се верува на овие фраери кои ќе ти упропастат одмор.
Јас сум таков човек што однапред ветеното сакам да биде исполнето 100%, на некои и не им смета толку.
И според мене Виена е поубав од Париз. Само слики немам многу мразам да сликувам а и не ми се при рака...
 
Виена според мене е доста сличен стил на Париз, иста стара архитектура, само не е толку гломазен градот и е посреден и почист него Париз... А за тоа дали е убав, тоа е ствара на вкус. Исто како Париз за некои што е најубав град, а за некој најдосаден, до негде така е и за Виена (може само не толку екстремно). Убав си е градот, ама јас лично сметам дека не е нешто ептен спешл да сакаш 10 пати таму да идеш или незнам си што, туку (според мене) е повеќе град што е убав и вреди да се види но доволни ти се 3-5 дена и толку. Барем јас прв пат кога го видов ми се свиѓаше, откако се преселив тука многу бргу ми здосади. Башка што е и не е толку голем ко во прв момент што звучи, уствари по површина колку Скопје е.

Па и тие што живеат во убавите градови и кога веќе ги виделе нормално е дека ке му станат досадни, кога си со агенција има неколку работи што посетувате обично 3 до 4 имате слободно време за шетање тогаш ке видиш уште нешто а ако почнеш да влегуваш во музеи, да се извозиш на Пратер и други работи каде што се плаќа влез немаш време, значи ке платиш влезница од 10 до 25 евра и треба за пола саат да излезеш за да отидеш на друго место а има многу места сто е убаво да се посетат, Шенбрун не се шета за 1 час.
 
Па и тие што живеат во убавите градови и кога веќе ги виделе нормално е дека ке му станат досадни
Точно, уствари секогаш има голема разлика кај градовите колку се убави за посета а колку за живеење.
 
Да ја размрдам темава малку :) Гледам возен ред на МЖ и појма немам што гледам. Некој да помогне со цени на карти Скопје - Виена? На тел и онака никој не се јавува, а до железничка не ми се оди само за да прашам.
 
Да ја размрдам темава малку :) Гледам возен ред на МЖ и појма немам што гледам. Некој да помогне со цени на карти Скопје - Виена? На тел и онака никој не се јавува, а до железничка не ми се оди само за да прашам.
Еве цени на српски железници:
Белград Скопје ( повратна карта ) 32,60 евра
Белград Виена ( повратна ) 2- класа 70 евра; 1 класа 105 евра
http://www.zeleznicesrbije.com/acti.../medjunarodni_saobracaj/cene_prevoza_v01.html
 
@Смрт за зони и пајак воз. Не можеше подолго да биде? :) Шала на страна, изгледа со бус ќе одам. Иста цена е од Ск, околу 4000 ден. А, на овие изгледа треба во другата тема да им пишам, дека за к.. не ги бива. Инаку имам од вчера што да пишувам и за автобуски превоз низ државава и тоа со слики...Ама тоа во др тема. Фала за инфо, не се ни сетив на српски железници :)

Sent from my D2005 using Tapatalk
 
Decki,kako e najeftino da se stigne skopje-viena?so avtobus?preku belgraf ili direktno?fala :)
 
Здраво дечки,ми треба мала помош. Дали има некој претсава како и каде да најдам смештај за 2 особи за 3-4 дена во Виена за во Август? Пробував да барам на Google на некои српски страни,пошто од Белград ке идам, ама ништо конкретно и ефтино не можев да најдам. Барам негде од 5 до 10 или 15 евра максимум.Фала ви,поздрав ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom