1) Гледаш слика од некое море и те прави среќен ама сакаш да отидиш.....немаш пари = ништо од среќата
сакаш цвеќе да садиш ти требат пари....за да идеш до планина да глеаш цвечиња и свеж воздух да вдишиш пак пари требат.... да јадеш пак пари требат,.....ако си скршиш нога пак пари требат.....ако среќата не е пари и тврдиш....однеси ги сите пари во некое селце и подели им ги на селаните и биди среќен.
незнам дали мислите дека ќе испадните по "чисти" пред другите ако кажите дека не е до парите и среќата не се купува со пари илли шотизнам......индиректно/директно се е поврзано едно со друго.
Патем конкретно на темата....мислам дека не секогаш ние одлучуваме за нашата среќа,како и за многу други работи зависи од некој трет,пет,осми х човек.
1) Како бе ништо од морето? толку брзо се откажуваш ? Македонче бе се на тацна сакате, да беше така лесно. Кога ќе видиш слика од море немаш пари, тоа нека ти биде мотивација да преземеш акција да направиш се за да дојдеш до пари со кои ќе отидеш на море. А кога имаш огнена желба се може да се постигне. Да можеше да отидеш кај што ќе посакаш толку лесно немаше да биде тоа тоа, мислиш среќен ќе беше?
Среќен ќе бидеш кога со голем труд, напор, ќе си ја оствариш својата желба, својата ЦЕЛ, и се гордееш со тоа. Кога ќе знаеш дека МОЖЕШ.
Само што многу луѓе се мрзливи и остануваат само на желба без акција, и после владата им е крива, што неможат да се снајдат, да работат на себе да се развиваат. Кој му е крив што нема две работи прочитано во животот и сега неговиот труд се цени за 8000 ден? државата? Повеќето се научени како во социјализмот без работа да земаат плата, други времиња дојдоа сега, цел свет работи 24/7 а ние дремеме по кафиќине и после зошто немаме пари.
Јас не викам дека не ти требаат пари, но не се тие причина за среќата.
"
чисти пред другите " погрешно ме сфаќаш, ти кажувам дека мојата среќа не доаѓа од тоа дали ќе бидам прифатен од другите. Ти кажувам дека среќата зависи само од мене, од моите мисли, јас го кажувам тоа што го мислам и применувам а не тоа што сакаат "другите" да го слушнат.
Дали ние одлучуваме за нашата среќа? Да, апсолутно дефинитивно да. Ти избираш дали ќе се нервираш или не, дали ќе бидеш несреќен или среќен. Дали ќе водиш здрав живот или не, дали ќе инвестираш во твојата иднина и себеси или не. Школувањето сега е направено скоро бесплатно, книга да изнајмиш во библиотека е 10 денари, кој ни е изговорот што не сме успеале? Што ги немаме тие пари за да отидеме на море?
Сеа може ќе ми речеш каква среќа е тоа ако утре дознаеш дека имаш рак.
Епа да одговорноста е кај тебе. Не си внимавал на исхрана, си пушел, нема спортување и неможеш никој да обвиниш. (освен господ, пак државата, и пак сите други)
Ако би можел да избираш остатокот од твојот живот да го поминеш очајувајќи, плачејќи, обвинувајќи и паднат во депресија
или да дадеш се од себе и секој останат миг да го поминеш насмеан, со позитивни мисли, позитивна енергија, да гледаш на тоа како искуство, и да научиш нешто ново, да сфатиш нешто ново и да им помогнеш за подобрување на СВЕСТА на другите луѓе дека тоа може и на нив да им се деси?
Јас дефинитивно го избирам второто, зошто тоа ќе ме прави СРЕЌЕН.
Значи јас ја
избирам среќата. Тоа што е подобро за мене.
Добар пример беше дечкото без раце и нозе, што е многу успешен и среќен, дури посреќен од повеќето што имаат и раце и нозе. Тоа ти е доволен доказ дека среќата ја избираме ние.