Вие сте тој кој одлучува за вашата среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата SaveMe
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2011
Мислења
24
Поени од реакции
23
Возраст
30
Вие сте тој кој одлучува за вашата среќа.

32a8c21e3711d17f035378d52adb2ee9.jpg
Бидејќи среќата е многу важен елемент во нашиот живот, решив првиот мој натпис да биде за тоа.
Секојдневно се среќаваме со луѓе кои се жалат дека немаат среќа, дека не сакаат да живеат, дека им е доста од се. Доста песимистично, нели?
Изгледа дека среќата е многу тешка за дефинирање. Знаете кога сте среќни а се разбира сигурно никој не мора и да ви каже кога сте тажни. Но што ја прави една личност среќна? Ќе помислите веројатно на разни искуства. Музиката ме прави среќма, сладоледот ме прави среќна, да го видам него е причина за среќа... или средувањето на куќата ме прави несреќна и така натаму.
tumblr_lx9j76kDg01r9xoj2o1_400_large.jpg
Битно е да разберете дека тоа што вас ве прави среќна може некоја друга да ја прави тажна и обратно. Тоа што некоја друга личност ја прави среќна, може тебе да те прави тажна. Моторен чамец од четири метри ги прави некои луѓе исклучително среќни. Нивна главна цел може да биде да поседуваат таков чамец. Но на некој кој копнее за јахта од десет метри ваков чамец може да биде извор на разочарување или несреќа. На друга страна луѓето кои чамците воопшто не ги интересираат ќе бидат потполно неутрални. Некој кој сака кучиња, кога ќе добие куче на подарок ќе биде пресреќен, а некој кој не ги поднесува кучињата ке мора да размислува како да се ослободи од таквиот подарок.
Значи неможете да го користите поимот сопственост како критериум за среќа. Бидејќи се е релативно нештата секогаш ќе зависат од тоа кој ги набљудува. Затоа ќе искористиме една филозофија.
Филозофијата се состои во тоа да уживате во тоа што го сакате, да го одбегнувате или менувате тоа што не го сакате, и да го прифатите со промена на својот пристап кон тоа што неможете да го избегнете или промените. Користењето на оваа филозофија сведена на пет правила, ќе ви овозможи да анализирате многу проблеми во својот живот и да најдете решение за нив. Значи еве ги петте правила за среќа.
a23a6h_large.jpg
Правило број еден: Ако сакате нешто тогаш уживајте во тоа што го сакате. Ова може да ви изгледа премногу едноставно бидејки веднаш ке кажете: " Тоа е смешно, се разбира дека уживам во тоа што го сакам". Но кога ќе застанете и ќе размислите за тоа што сте кажале, веројатно ќе се согласите дека постојат многу работи во животот кои ги сакаме а не уживаме во нив. Причините поради кои не уживаме се вината и стравот.Нема да уживате во нешто што сакате ако се чувствувате виновен после правењето на тоа нешто или ако се плашите од последиците кои можат да произлезат од тоа.
lzYohuCW9nujcyfyD3w39m6Io1_500_large.png
Правило број два: Ако нешто не сакате, избегнете го тоа. И второво правило можеби се подразбира, но сетете се колку луѓе живеат со тоа што не го сакаат-тоа може да биде работа, некоја личност, кола, вида на храна било што од илјада нешта и поради некоја причина не ги избегнуваат тие нешта: " па неможам да го избегнам тоа; морам да работам таму бидејки парите ми се потребни " или " има многу причини да бидам со таа личност". Колку оправдувања можете да наведете поради кои не ги избегнувате нештата кои не сакате да ги правите?
Hapiness_is____by_Roux_S_large.jpg
Правило број три: Ако нешто не сакате, а не можете да го избегнете тоа сменете го. И овде советот е едноставен: сменете го тоа што не го сакате. Токму како што рационализираме некои ситуации и не го избегнуваме тоа што го сакаме, ако тоа е во врска со нешто што нас ни е потребно- пари, време, сигурност- така нешто не врзува токму и за нештата кои не сдакаме и неможеме да ги избегнеме, па не ги менуваме и тие сеуште си постојат во нашиот живот.
tumblr_lvqg7sOsu41r48oe3o1_500_large.jpg
Правило број четири: Ако нешто не сакате, неможете да го избегнете и неможете или несакате да го измените тогаш прифатете го тоа. Да го прифатите тоа што не го сакате – во тоа е трикот. Како да прифатите нешто што не сакате? Интересно, нели?
tumblr_lnxuvb3WiI1ql7oq0o1_500_large.jpg
Правило број пет: Можете да го смените тоа што не го сакате така што ќе го смените својот пристап. Нештата се онакви какви што вие ги гледате. Се е релативно во зависност од личноста кој што доживува. Не постојат апсолутни вредности ништо не е ниту добро ниту лошо се додека ние не го карактеризираме како такво.Животот не е ниту добар ниту лош. Животот едноставно постои. Можете да ги менувате нештата ако сакате менувајки го својот пристап кон нив. Ако имате купишта садови најверојатно на тоа ќе гледате доста негативно. Ќе имате негативен пристап кон нечистите сдадови. Ако нечистите садови се одвратни, кој е најдобриот начин дас се справите со нив? Одговорот гласи: сменете го својот пристап. Немојте повеќе да размислувате за миењето на нечистите садови бидејки таа слика е негативна. Наместо тоа влезете во кујната за да ја направите чиста бидејки сликата на чиста кујна е позитивна. Сите сакаат кујната да им биде кристално чиста. Значи сменете го својот пристап, од омраза поминете во љубов и наместо да миете нечисти садови, направете кујната да ви биде кристално чиста. :)
tumblr_lubjqogt3z1qc4uvwo1_400_large.jpg
И уште нешто:
Смеј се. Играј. Уживај. Дружи се. Пеј. Јади. Пиј. Спиј колку сакаш и можеш. Не се нервирај. Биди среќна! Така си поубава!
tumblr_lkw05iSl2R1qi0bd9_large.jpg
 
иначе се извинувам што во женски род е напишано али копирано е од женски сајт многу ми се свиѓаше па го копирав така како што е,машки се надевам нема да ми замерите! :)
 
И кога ке видиш кај живејш во каква земја, се паѓа во вода, Ти да живееш без пари, со 300 закони за се, убиства, грабежи, тепачки, кренати цени, беспарица, сиромаштија, скокање секој ден на цени.........Едноставно СРЕЌАТА нема шанси да се бори со животот во Македонија.....
 
јес да треба да се бара смеа, позитивност итн. покрај сите гомнарии што се дешаваат, ама тоа дека ќе се одрази на физичката убавина... :)
 
Чиста лага..........Порано можи, сега не.......Имаш видено некој кој нема денар скршен да е среќен, оние што проверуваат по контењери во 5 сатот сабајле за нешто да најдат среќни се? Парата го скапа светот, најголема и најмоќна светска сила е парата, Едноставно може да направи Војни, убиства, Среќни и несреќни, во секој момент....како дрога еден вид.....Би бил среќен ако сега недај боже во Фамилијата сите немаат работа, живееш социјално, интернет немаш, алишта 2 пара тренерки стари, телефон немаш, немаш за ништо.....НЕ - никој нема да пушти насмевка туку секој очајно ќе бара излез и нервите во потрага по пари му го кратат животот.... :/ Среќата со пари не се купува тоа може да го каже некој што цело време има пари било од каде и не размислил како е најдолу на пирамидата....ама тој што бил погоре ама паднал најдолу и пак некако станал...Никогаш во животот ја нејќи таа епизода пак :/
 
A koj e "TOJ"? shto odluchuva... zarem e potrebna odluka za da si srekjen?
Don't worry be happy, now!
 
Чиста лага..........Порано можи, сега не.......Имаш видено некој кој нема денар скршен да е среќен, оние што проверуваат по контењери во 5 сатот сабајле за нешто да најдат среќни се? Парата го скапа светот, најголема и најмоќна светска сила е парата, Едноставно може да направи Војни, убиства, Среќни и несреќни, во секој момент....како дрога еден вид.....Би бил среќен ако сега недај боже во Фамилијата сите немаат работа, живееш социјално, интернет немаш, алишта 2 пара тренерки стари, телефон немаш, немаш за ништо.....НЕ - никој нема да пушти насмевка туку секој очајно ќе бара излез и нервите во потрага по пари му го кратат животот.... :/ Среќата со пари не се купува тоа може да го каже некој што цело време има пари било од каде и не размислил како е најдолу на пирамидата....ама тој што бил погоре ама паднал најдолу и пак некако станал...Никогаш во животот ја нејќи таа епизода пак :/
Тоа што од песната не го разбра, се криеше во насловот.

Џабе ти се сите пари на свет, ако не знаеш да живееш убаво. За среќа, пари се најмалку потребни. Ето примери.... Имаш пари, луксузен живот, жени повеќе, никоја не те сака, сите се дупат со тебе поради парите, сречен си привремено, старееш, на кој ќе ги оставиш парите, ако никоја нема да сака дете од тебе?
Пример 2: Имаш пари, имаш добро разработен бизнис, несакајќи затајуваш данок, у затвор си, нема излез.
Пример 3: Имаш пари, имаш моќ, имаш бесни возила, прајш сообраќајка, загинува некој, ти си крив.

Пу, да ти ебам среќа и се`, ако немаш мозок.

парата е јака курва, никогаш немаш доволно пари за се`.
 
ајдеее ајдеее и оваа тема исполитизирајте ја, државата е виновна што не сум среќен, за жалење.

Инаку за мене, мојата среќа не зависи од господ, држава. времето, околината, од ништо, туку од себеси, се што ми треба Е да сум ЖИВ. За другото се може да се направи.
За сите дува ист ветер, само некои научуваат како да го дигнат едрото и да се справат со тоа, да го искористат, а други дозволуваат да ги однесе од колосек.

Од нас зависи дали ќе ја искористиш оваа авантура наречена живот во нервирање, механика, ограниченост, сиромаштија, обвинување на други за вашата ситуација, вашата болест.. или да му се радуваш на секој нов ден, нов здив, што имаш можност да искусиш нешто ново, да почувствуваш нешто ново, да превземеш акција, да се насмееш од чиста мира и да направиш нешто добро.
За 100 години од сега, сите ќе бидеме 2 метра под земја, нема ни да знаат дека постоел некој како мене по име Никола.
 
Тоа што од песната не го разбра, се криеше во насловот.

Џабе ти се сите пари на свет, ако не знаеш да живееш убаво. За среќа, пари се најмалку потребни. Ето примери.... Имаш пари, луксузен живот, жени повеќе, никоја не те сака, сите се дупат со тебе поради парите, сречен си привремено, старееш, на кој ќе ги оставиш парите, ако никоја нема да сака дете од тебе?
Пример 2: Имаш пари, имаш добро разработен бизнис, несакајќи затајуваш данок, у затвор си, нема излез.
Пример 3: Имаш пари, имаш моќ, имаш бесни возила, прајш сообраќајка, загинува некој, ти си крив.

Пу, да ти ебам среќа и се`, ако немаш мозок.

парата е јака курва, никогаш немаш доволно пари за се`.

Па за тоа зборам, пак парата е коренот на се, тој што нема е во потрага по пари, тој што има е во потрага по повеќе, едноставно секој човек е во потрага по пари...Ако најдеш си среќен ако изгубиш си несреќен....на крајот пак си во истата дупка и со најсиромавиот на исто рамниште...2 метри под земја..... Животот е тенката линија измеѓу двете години на надгробната плоча - во денешно време линијата секој ја користи во потрага по пари...без разлика каква глупост ке направи во потрага по нив...
 
би те корегирал - "во потрага по чувството што те прави среќен"
 
ЈАС го имам целиот удел во тоа

Нормално дека ТИ, секако ке бидеш среќен кога ке излезеш со колата а таа стрелката за гориве е горе, кога имаш цигари, кога одиш на кафе, кога купуваш облека, кога на зима со девојката јадете пиете на топло во кафанче негде, когак е фатиш во кладилница :) Се е убаво тоа...ама контактот кој го правиш не е преку тебе...ти си само едната страна а се друго е другата страна...лепилото кое те спојува се вика Пари...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom