Видливиот Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
A

ateist

Гостин
ВИДЛИВИОТ БОГ
Дали стварно треба да се имаат специјални “духовни наочари” како што препорачуваат религиозните па за да сме можеле да го видиме невидливиот Бог .Не би рекол дека е така оти веке дел од негов изглед опишале и самите апостоли ..нели самите ќе речат -“како што има биолошко тело така има и внатрешен човек – личност (духовно тело)” која преку мозокот управува со боиолошкото тело …(Елимелах- Бог е Човек...ама нее телесен )....односно Човек-Бог-Личноста-Јас...Па како отприлика изгледа...
--има образи...чесност , кредибилитет
--има уши----слух за потреби и проблеми на друг, разборитост
--има нос---моќ да насети нечји намери ...Павле- “ние сме благопријатниот Божји мирис”..подосливост ..кога ќе речеш “со тој /таа/тие не се мирисаме многу”
-има чело –гордост , самопочит
--има и очи --- моќ на согледување , предвидување....Павле- “тие се или слепи или кусогледи”…..еее сигурно не мислел да им препишува диоптер за наочари
--а и гладен сум----се хранам со мотивации.....Павле –“вашата трпеза на љубовта”.....Христ- “јадете од моето тело”
--и жеден сум ----пијам информации (знаења) ...(нели проток на информации)..е со ваква “вода” крштавал Јован.........зборови од ангелски речник...вода-информираност, воздух- инспирираност , земја –дефинираност....од овие елементи бил создаден Адам
--имам и бубрези...исфрлам отфрлам вишок непотребни информации
-имам и срце –чуствено мисловно емоционална насоченост ,посветеност,очекуваност
-- е да имам и крв ---искуствено емоционално прихранувачки мотивации...нели а Мојсеј –“душата на човекот-личноста е во крвта” ама не во биолошката туку во оваа на личноста....а веќе ја дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА
Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи и тоа
а ) во однос на себе - " физичко тело треба да се негува колку да функционира " – Павле- а треба да се надградува личноста
б) во однос на други луѓе , општство во кое (не) живее , своја или други заедници на луѓе итн
И овој збор доаѓа од ангелски речник и лесно се решава " зла душа (злонамерна) , добра душа( добронамерна ) , ситна душа , бездушник ,о ,а " итн....
-- е да имам и бели дробови дишам----капацитетен сум можам да разберам и бидам инспириран од дух-идеал..и ова го дефиниравме... ДЕФИНИЦИЈА
Способноста / можноста умно разумните битија да ( тежнеат да ) вршат свесно планирани активности се нарекува дух
--имам и желудник---смисливост , незамисливост, не/прифатливост
--коски---оформен непроменлив карактер...(стара коска) Павле- “вашето да дабиде да и не да биде не”....имам и рбет- кичма...знам да стојм исправено со елементарно достоинство
--ма имам и плеќи----го издржувам товарот на времето,(бремато) , борбата..
--даа имам и мускули----сила на аргументи , аргументираност , поткрепеност со докази..
--и жили---издржливост, отпорност на надворешни тешкоти во животот
--ма имам и раце---можам да допрам до чувства , емоции на други луѓе...можам да ги засегнам
--ехе имам и нозе---се движам по патот на мирот, прогресот, развојот .. или накаде сакам
-колку сум висок (голем)?--- епа толку колку ми пораснала општествената свест (Светиот дух)
--солен сум – пристрасен.....Хр –“бидете солени”….
--И благ сум----доброчуден , добронамерен , пристоен , пријатен и културен ......ама кога сакам
--е да имам и црн дроб – сите отровни нформации, труење со туѓи злонамерни пропаганди тука ги разложувам до непостоење и безопасност
--понекогаш сум топол –приемчив ,контактибилен , сакам да сослушам и разберам други
--ее некогаш сум студен ---одбоен , неконтактибилен , немам разбирање за други...... и Хр вели во Откровение3-ред 16....”и бидејќи си млак (опортунист) и не си ниту жежок ниту студен, ќе те изблујам (исповраќам)од Мојата уста”
--а се родив пред неколку години ....бев задоен со идеологија (слово-докрина )..оти ...апостоли –“во Бог нема машко или женско “…ама Бог го создаде машкото и женското.........”машкиот и женскиот капацитетен идеалист ги создаде”........машкиот кој расте до критично ниво зрелост кога може да даде пример и да го импрсионира со дела или моќ на убедување (со тоа станува Господ – создавач) женскиот дораснат возрасен идеалист да го инспирира вдахнови оплоди така што ....апостоли – “Стариот човек личност ќе мора доброволно да си оди (“умре”) а да се роди (по дух – идеал) Новото Создание -Личност”..е вака бестелесно се родил и Исус………..Павле на возрасни луѓе им се обраќа-“ ве хранам со течна бебешка(идеолошка) храна”…..хааха....сигурно не биле без заби.....и Павле – “да ве омажам за Христос”..а им се обраќа на мажи и жени.....идеолошка пенетрација.
--е сега пораснав “затанав на свој нозе”-моќ за самостојно одлучување и преземње одговорност
--тежок сум----за убедување
--имам прсти-вештост, умешност
--имам и стапала и зглобови –ми даваат стабилност(во саморазвојот) и можност за одредено маневрирање..и не сум бос (имам знаења)
-- итн итн .....друго кој сака може сам да си најде....повекето и се напишани во библија , дури таму и објаснети ...треба да се “копа” бара оти се на различни места напишани.
Е да.....јавно ги поканувам сите иконоборци , иконописци , вајари , иконосликари,..и какви се не ве има........сега кога видовте како изгледам.....ПОВЕЛЕТЕ НАЦРТАЈТЕ МЕ , ИЗДЕЛКАЈТЕ ОД ДРВЈА КАМЕЊА....ПО ВАШ ИЗБОР.........
Без разлика што прва најпрва Заповед пред сите други заповеди е –“не создравајте лик од Бог-Личноста –Јас од ништо на земјата , небото , водата”
 
Ако земеш 3D наочари можда и златната капија на рајот ке ја видиш!:helou:
 
misterot e izguben do daska so ne znae ni kaj se naoga a ni pa zs se rodil :)
 
Е да.....јавно ги поканувам сите иконоборци , иконописци , вајари , иконосликари,..и какви се не ве има........сега кога видовте како изгледам.....ПОВЕЛЕТЕ НАЦРТАЈТЕ МЕ , ИЗДЕЛКАЈТЕ ОД ДРВЈА КАМЕЊА....ПО ВАШ ИЗБОР.........
Без разлика што прва најпрва Заповед пред сите други заповеди е –“не создравајте лик од Бог-Личноста –Јас од ништо на земјата , небото , водата”


Види, со оглед на тоа што псевдонимот ти е ateist, многу е веројатно дека ни ти самиот не веруваш во сето она што го напиша, а и јасно тие дека оние што веруваат сакаш да ги побиеш во корен, бидејќи ги повикуваш да прекршат едно од своите правила на однесување.

Се гледа дека имаш огромна иронија во она што го напиша, но тоа до некаде може да се објасни со обидот да пронајдеш логика во концептот на бог. Веднаш да ти кажам дека таков обид ќе заврши со неуспех, зашто идејата со секој вид на бог е во него да се верува, не истиот да се разбере.

А бидејќи најверојатно си атеист и по убедување (моја слободна проценка; поправи ме ако грешам), гледај во иднина да не го „опишуваш“ бог, зашто веднаш ќе се види иронијата во она што го пишуваш.


Поздрав. :helou:
 
Види вака Крусер..логична добра критика даваш на текстот , нее спорно стварно .Но ова е само еден дел од објаснувањето .Баш најспорниот дел е тоа што велиш ..дали веруваш....а јас би рекол дали го имаш..или кој може да го има Бог...цитат од Павле -"тие го немаат Бог во разумот" ...Тоа што многу се деклариррат како верници не значи дека го имаат....а тие ги обвинуваат дека се атеисти дека се Безбожници...А добро рекол Павле -"проклет да е кој не го бара Бог" значи никому нее забрането . И пак ќе речам се согласувам со дел од твоја критика .Поздрав
 
Види вака Крусер..логична добра критика даваш на текстот , нее спорно стварно .Но ова е само еден дел од објаснувањето .Баш најспорниот дел е тоа што велиш ..дали веруваш....а јас би рекол дали го имаш..или кој може да го има Бог...цитат од Павле -"тие го немаат Бог во разумот" ...Тоа што многу се деклариррат како верници не значи дека го имаат....а тие ги обвинуваат дека се атеисти дека се Безбожници...А добро рекол Павле -"проклет да е кој не го бара Бог" значи никому нее забрането . И пак ќе речам се согласувам со дел од твоја критика .Поздрав


Еве вака: јас не сум крстен, па според црквата, јас сум неверник.

Меѓутоа, знам дека науката не може да објасни сè, па затоа верувам и во работи кои науката не може да ги објасни. Тоа значи дека не *знам*, туку *верувам*. Тоа ме прави верник.


Моето сфаќање на Бог е како збир на вистини (еве да ограничам - мои лични вистини), кои не можам да ги поимам или разберам во еден момент од времето. Според тоа, кај мене Бог не е константен и зависи исклучиво од мојата умствена состојба.

Кај Христијанството, ако не се лажам, Бог се состои од Отецот, Синот и Светиот Дух. Тоа е едно учење, кое го пропагира секоја црква (веројатно на свој начин). Никој не може да каже дека е добро или лошо тоа учење, зашто ако човекот го прифати, од него не се бара да го *разбере*, туку во истото да *верува*. Значи, ако тој човек го прифати тоа, Христијанската црква ќе каже дека тој човек *е со Бог* или е *Божје чедо* или слично.

Но, за тој човек, Муслиманите ќе речат дека е неверник, зашто не е со Алах. Евреите за него ќе речат дека е неверник, зашто не е со Јехова. Будистите ќе речат дека е неверник, зашто се губи во формирање на умствени слики и слично.




Значи, кој може да го „има“ Бог? Според мене, само оној којшто верува, во што и да е. Ако верува во себе, има Бог. Ако верува во своите планови, има Бог. Ако верува во своите пари, има Бог. Ако верува во своето семејтво, има Бог. Ако верува дека ќе биде спасен од нешто од страна на другите, има Бог.

Но, ако верува дека за ништо не го бива, пак има Бог, со тоа што тој Бог може да го гази и негира и плука по него (претставен преку своите Апостоли, кои можат да бидат пијаници, силувачи, кратци итн).

Кој во што верува, таков е неговиот Бог. Затоа, за ваше сопствено добро, верувајте во себе и верувајте дека сè ќе биде во ред. Само така вистински може да биде во ред.



:oftopic: и кажете ми дека спамувам ако треба и банирајте ме ако треба, но во овие моменти *многу* е потребно да верувате во Македонија и дека ќе се избориме за нашата земја, јазик, култура и историја. Не сме сите политичари и не можеме многу да направиме, но можеме во секој момент да веруваме дека сите работи ќе се решат во наша полза. Тоа секогаш го можеме. И сега е времето тоа да го покажеме.
 
не гледам зошто некој би те банирал , нема ништо некултурно ни нелогично во твој обраќања . Ама не би се согласил со се...очигледно не си прочитал мој видувања по ова прашање но тоа и нее битно , не живеам во илузии дека сум најпаметен и дека мој вистини се правите и само тие никој други ,ама па зошто ида не дадам некој свој видувања. А за Македонија ...добро велиш не сме политичари..си има професионалци за таа работа...а си има и друг форум за тие теми...така што не би се изјаснувал тука Сепк благодарам на издвоено време .........Поздрав
 
eve vaka samo shto ja vidov temava vidliviod bog se nasmeav ... takvo neshtoo... samo vo makedonski narodni prikazni
sho da ti kazam teshko tebe :pos2:
 
Последниот дел од текстот (поентата) некој ќе си го протолкува како исмејување или критика на Христијанството, поради наводно прекршување на една од заповедите, која сепак има улога на спречувач на идолопоклонството и не треба буквалистички да се сфати.
 
пред 2000 год точно знаеле како изгледа Бог
Евреи 10-ред30 ..цитат "Зошто ние ГО ЗНАЕМЕ Оној кој рече Одмаздрата е моја ЈАс ќе возвратам".............а тоа го рекол Бог
Евреите 10 -ред 31 цитат ,,Страшно е да се падне ВО РАЦЕТЕ ба живиот Бог"
Бог е Личност несе гледа со голо око ама е конкретно опислива Личност
Павле -"како што има физичко така има и духовно тело - личност" а нели Бог го створил човекот според својот лик
Евреи 12-ред 14 цитат "Стремете кон мир со сите и кон светоста без која никој никој неможе да го ВИДИ Господ"
павле "оформете го Христос во вас"...личноста христос
види и римјани 15-ред21 ...и колошани2-ред29
1коринќани11-ред29...".....а правилно не го разликува Господовото тело...."
итн итн
 
1307 ...се подразбира дека е тоа твое и сечије лично право да одлучи , дури и сами постоли нагласуваат дека не смеат да вршат било какви принуди закани пресии врз луѓето туку се мора да биде доброволно , на своја лична одговорност .Ноооо исто така е нагласено "проклет да е секој кој не го бара Бог "...што ќе рече за му веруваш на некого мора прво да го познаваш ..што сосема логочно нели .Зборот проклет не значи казна сам по себе туку дисквлификација од трка за вечен живот.Изборот е сепак на секоја индивидуа .
 
Во потрагата по Господ (што и да се подразбира под таа потрага), доволно е да се знае што Господ не е. Така на пример јас не знам како изгледа Господ, но знам дека не изгледа како Мики Маус. Е сега нормално, некој паметен ќе праша, како јас знам како не изгледа господ, кога не го познавам неговиот изглед. Одговорот е многу едноставен: -Ми кажа едно врапче.
А ако сакаш да се замараш нечие гледиште околу божјата анатомија контактирај некои искусни Рабини, по можност кабалисти. Сум прочитал дека тие баш со тоа се занимавале. Има нивни долги дикусии околу секое влакно на главата господова и тн.
Нема потреба од критика кон широките народни маси, околу нивното познавање или непознавање на божјата природа. Доволна е нивната решеност (доколку ја има) да живеат во склад со неговите упатства.
 
1307.....методот на елиминација на нелогични варјантни решенија го употребувам и јас ..точно како што велиш "....да се знае што Господ нее..."...и точно тоа е главна поента на целиот мој текст....дека Господ е Личност........и тука е разликата со црквите...тие си имаат запишано дека "веруваат во воскресение на душата и биолошкото тело"...за нив "Бог го створи човекот според свој лик и образец" е биолошкото тело........а цела библија а поготово нов завет зборат дека е Личност........и ако си читал апостол Павле кога го прашувале во каков облик ќе биде воскресната личноста тој воопшто не гарантирал дека тоа ќе бидат истите сегашни биолошки тела на луѓето За другото што велиш дека е "доволно да се живее во склад со негови упатства" ....па тоа е најнеспорниот дел....ама едно од негови упатства е баш да не се создава слика за Него од ништо матерјално биолошко на земјата дадено е како заповед .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom