Мали Ѓокица го прашува татко му Блажо: „Тато, зошто служи средниот прст на раката?“
- Па види сине, палецот ти е за автостопирање, показалецот ти е за да покажуваш кон нешто или да се закануваш на некого. Средниот прст, ќе ти кажам кога ќе бидиш полнолетен, бидејќи сега не би разбрал. Прстот помеѓу малиот и средниот (некои го викаат инвалид) служи за носење прстен, а малиот прст служи за чепкање на носот.
Наполнил Ѓокица 18 години и тогаш го потсети татко му да му објасни зошто служи средниот прст.
Блажо: „добро се сети, тоа ти останав должен. Види, сега веќе имаш девојка, но не знам да сте имале сексуален однос.“
Ѓокица: „па сеуште не, но тоа е прашање на денови.“
Блажо: „Е добро, кога тоа ќе се договори, ќе ви се допадне тоа, па после првиот секс малку ќе одморите, па повторно ќе повторите.
Млади сте, па после неколку одмори пак ќе го повторите (сексот).
И потоа после неколку пати, ти сине, ќе бидиш помалку уморен, а твојата женска може ќе посака уште еднаш, а ти нема да бидиш разположен за тоа.
Епа сине, тогаш ќе го употребиш средниот прст.
Ќе го исправиш од шаката и ќе почниш со него да се удараш по челото велејќи:
ПА ДАЛИ СИ ТИ НОРМАЛНА!??“