Вицеви без наслов 2 дел

орган за варење - тенџере
Ова е оф ама жива вистина еден комшија мој на час по биологија на прашање во кој орган се вари храната? Одговори во тенџере:D
 
Трпе и Трпана излегле на прв состанок. После шетање низ чаршијата, отишле до кај него на пијачка. Трпе им ставил по една ракија, ја испиле па Трпе пружил рака да ја фати за газ. Трпана му удрила еден шамар и му рекла:
- Бегај бе будало една, не сум јас лесна женска да паднам на една пијачка.
Трпе уплашено прашал:
- Добро, што ќе правиме сеа?
А Трпана му одговорила:
- Па наточи уште една.
 
Хрват, Грк и Македонец одат во Куба. Се договориле да одат до некое место, па се качиле во автобус но никој не платил карта.
По некое време во автобусот влегла контрола. Контролорот стигнал до Хрватот и му побарал карта. Хрватот имал брада и му текнало како да се спаси. Се фатил за брадата и му рекол на контролорот „револуционерос… брадос…“. Контролорот помислил дека е револуционер и го оставил.
Отишол кај Гркот и му побарал карта. И Гркот му рекол јас револуционерос, но немал брада, кондуктерот му рекол – а брадос? И го убил.
И доаѓа кај Македонецот, а овој целиот исплашен затоа што и тој немал брада. Контролорот му побарал карта на нашиот, а овој му рекол:
– Револуционерос…
Кондуктерот:
– А брадос?
Македонецот ги соблекол гаќите и рекол:
– Тајнос агентос!
 
Немам твитер, затоа сега се шетам со мегафон и објавувам што правам и што ми се случува во текот на денот. За сега имам тројца кои ме следат, двајцата се полицајци а третиот мислам дека е психијатар.
 
Немам твитер, затоа сега се шетам со мегафон и објавувам што правам и што ми се случува во текот на денот. За сега имам тројца кои ме следат, двајцата се полицајци а третиот мислам дека е психијатар.
Se dodeka nemas politicari da te sledat nemas gajle [emoji14]
 
Умрел некој стар, богат, Шкотланѓанец, кој имал три сина.
Синовите се договараат околу погребот на татко им.
Најстариот син вели:
- Знаете колку штедлив човек беше татко ни; нема да правиме голем погреб; ќе ги викнеме само најблиските пријатели и фамилијата, и ќе го погребаме татко ни.
Средниот син вели:
- Знаете колку штедлив човек беше татко ни; ќе го викнеме само најблиското семејство, и ќе го погребаме татко ни.
Најмладиот син вели:
- Знаете колку штедлив човек беше татко ни; ќе викнеме само еден поп, една кола, и ќе го погребаме татко ни.

Во тој момент, се отвара ковчегот, од него излегува умрениот Шкотланѓанец, и, резигнирано, коментира:
- Е, судбо моја судбино !... Какви синови си ми дала !... Они би дале пари за поп !?... Отидов јас пешки на гробишта !!!
 
Дедото му вели на внукот:
- Брзо, скриј се, доаѓа учителот, а ти денес не отиде на школо!
На тоа внукот:
- Ти скриј се, јас сабајлево им се јавив дека си умрел.
 
Деновиве е актуелно ова прислушкувањево. Прислушкуван разговор на корисници на Вип оператор...
- Ме слушаш?
- Ало?
- Тука си?
- Ало?
- Ало?
- Ало?
- Ало?
- Ало?
- Ало?

:D
 
Блажо ја истепал цела фамилија, и го прашуе судијата:
---Блажо зошто си ја испотепа цела фамилија ........
---Ами си идам од работа и ја зачекав жената со комшијата..
---И тогаш ли те фати нервата.. ?
---Не, си викам ја по цела ден на работа, си идам касно изморен а она млада сака секс....
---И шо се деси после.. ?
---После влегов на ќерката собата она матурантка, коа гледам со двајца, еден одоздола, еден одозгора....
---Ууу, тогаш ли ти пукна филмот.... ?
---Нее, си реков млада е сака да проба се у сексот, и после го гледам синот, прво шмрка па после си ја бапна иглата у вената...
---И тогаш ли падна мрак на очите... ?
---Не, ај сеа тоа е шик, у мода е .......ама коа ја видов печката на скапата струја на тројка.... :pos:
 
Ѕвони телефонот во полициска станица, се јавува дежурниот и од другата страна слуша вознемирен глас:
- Ало, ало, бргу помагајте, ми влезе мачка дома!
- Полека госпоѓо, па тоа не е ништо страшно.
- Ма, како не е страшно, јас сум папагалот!!!:pos:
 
Детето го прашува својот татко:
- Тато, тато, ако поскапат цигарите дали помалку ќе пушиш?
- Не сине ти помалку ќе јадеш.

:giggle:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom