За време на посета на психијатриска болница, новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат кого ќе примат во болница на лечење.
- "Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода, ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни водата на најбрзиот начин".
- "Аха, разбирам..." - одговара новинарот. "Значи, оној што е нормален ќе почне да вади вода со кофата?"
- "Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата. Сакате соба со балкон или без?"
Двајца пијаници пијат во некоја кафана и откако кафаната затворила, едниот понал да плаче.
- Зошто плачаш? – го прашува другиот.
- Абе сега кога ќе си дојдам дома, ќе ги соблечам тивко чевлите, тивко ќе влезам во станот и жена ми ќе се разбоди и ќе почне да ми се дере.
- Епа послушај го мојот совет. Јас кога си доаѓам дома, ја отворам вратата со нога и се дерам: „Жено, ајде да водиме љубов!“, а таа веднаш се преправа дека спие.
Стопирал некој цајкан плавуша:
-Дај ми возачка.
-Немам.
-Тогаш дај ми лична карта.
-Немам ни тоа.
-Добро, тогаш дај ми нешто со што ќе можам да те индентификувам.
Плавушава ја зема ташната и му вади огледало.
Цајканот се огледува во огледалото и вика:
-Па што не кажеш дека си колега бе!?
Му приоѓа просјак на некој наркоман и му вика:
- Помагај брате ништо не сум јадел три дена!!!
Наркоманот:
- Мораш да јадеш брате, макар и со сила!
Оди човек кај својот адвокат и овој му вика:
- Слушај, имам лоша и ептен лоша вест.
- Кажи ја лошата прво.
- Женати дошла до слика вредна 100.000 марки.
- И тоа е лошо!? Која е ептен лошата???
- На сликата си ти со секретарката.
Трпе и вика на Трпана:
- Ај да ми позираш!
Трпана: - Гола?
Трпе: - Да, да гола!
Трпана: - Ама јас не сум модел!
Трпе: - Е ако де, и јас не сум фотографер!