Вицеви без наслов 2 дел

Двајца студенти полагаат испит.Најпрвин влегол едниот студент и професорот го прашал:
-Кога почнало Илинденското востание?
-1903 година.
-Точно!Кој ја напишал глаголицата?
-Почнал Кирил а ја завршил Методиј.
-браво! Дали постојат вонземјани?
-Се верува, но не е докажано!
-Добро,положи!
Излегол студентот, а другиот го прашал за одговорите.
-Добро. На првото ќе одговориш 1903 година, на второто Кирил а ја завршил Методиј, а на третото се верува но не е докажано.
Влегува другиот студент и професорот го прашува:
-Кога си роден?
-1903 година.
-Навистина? А кој те направил?
-Почнал Кирил а ја завршил Методиј.
-Абе, ти да не си луд?
-Се верува, но не е докажано!



 
Оди Амер на гости у Австралија.Влегува во маркет и гледа јагоди и му вика на австралијанецот…ова ви се јагоди??? Пффффффф .. кај нас у Америка јагодите се наааааа толкави.
Влегуваат во сендвичара и купуваат стек…ова ви се стекови??? кај нас у америка стековите се ооооооволкави!!!
И шетаат така,австралијанецот накурчен….и среќаваат кенгур.
Амерот прашува -а ова што е??
Скакулец ебате!!!
 
СМС муабет:
- Кате, купив шампањско и колачиња, станот е наш цела ноќ, те чекам!
Одговор:
- Кате ја нема, јас сум нејзиниот маж. Подобро купи пиво, јас ќе донесам колбаси :))))))
 
После прва брачна ноќ...
Тој:Драга... по ова што го видов и осетив не сум ти први!?
Таа: Драги.. по тоа што го видов и осетив нема да ми бидеш ни последни!
 
Стар али добар

Слонот ја зафркава камилата:
- Зошто ти се цицките на грбот?
Камилата:
- А тебе зошто ти е ку*от на главата?

--- надополнето: 26 декември 2011 во 22:16 ---
Што кажува мажот после сексот, ама според ,,ѕвездите,,?:)
Овен: суппер.. ај уште еднаш
Бик: што има за мене драга
Близнак: кога веќе се сексавме, ај да поразговараме малку за сексот
Рак: Омажи се за мене љубов моја
Лав: Зар не беше фантастично!!? (аплауз Ве молам)
Девица: Стани те молам! Морам да ја сменам постелнината
Вага: Ако тебе ти е добро, и мене ми беше
Шкорпија: Ќе ме однесеш дома?
Стрелец: Не ме барај ти мене, јас ке те барам тебе
Јарец: Ај љубави остави ми визит картичка
Водолија: Можеме и да повториме а, само овој пат без облека
Риба: ништо не зборува, плаче од среќа или жал?! никогаш не кажува...:))
 
Оди скопјанец во охридска кафана. Нарачува кременадла ама му носат една многу мала.
И му вика на келнерот: Келнер па што е оваа кременадлава многу малечка нели е страмота.
Келнерот: Не е воопшто мала така ти се чинит, кафаната ја проширивме
 
Починала на жена му на Перо. Завршил погребот и најблиските заминале кај Перо. Времето наеднаш многу се влошило,почнало да светка и да грми многу силно. Тогаш Перо излегол на тараса погледнал кон небото и рекол: Ете ја, стигна.
 
Ако жената влезе у дневна и почне да му се дере на мажот, што се случило?
- Ланецот бил премногу долг..
 
Жените со текот на годините
Жените во 1970: Сакај ме, но не ме допирај!
Жените во 1980: Допирај ме, но не ме бакнувај!
Жените во 1990: Бакнувај ме, но не прави ништо повеќе!
Жените во 2000: Направи нешто повеќе, но не кажувај никому!
Жените во 2010: Прави се, инаку ќе им кажам на сите дека не те бидува за ништо!
 
Мамичке!!! Тато ти го купи новиот фустан?? ептен е убав!!!​
-Не чедо! да го чекав јас татко ти, ни тебе немаше да те имам.​
 
Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син. Син му дипломирал на еден од нашите приватни факултети. Првата задача му била да го намали бројот на вработените. Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледа низ прозорот. Доаѓа до него и го прашува:
- Дечко колку изнесува твојата месечна плата.
- Па околу 15.000 денари!
Синот на газдата извадил пари од џебот и му рекол:
- Еве ти 15.000 денари плата за овој месец, и еве ти уште 50.000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.
Дечкото ги земал парите и насмеан си заминал од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка се свртел кон останатите работници и им рекол:
- Вака ќе биде со секој кој нема да работи, а сега нека ми го каже името на овој вработен за да го одјавам.
Сите молчеле освен шефот кој собрал храброст и му одговорил:
- Газда тоа беше Трпе, работи како Пица доставувач.
 
Влагам у продавница и на продавачката и викам
-Дајте ми леб и млеко
продавачката -да ти ги стаам у ќеса
-Не , на USB ! -.-
 
Доаѓа малиот Иван дома и му вели на татко си:

-Тато, денеска слушнав супер виц за цајкани!

-Ама, сине, па ти знаеш дека и јас сум полицаец!

-Нема врска тато, тебе ќе ти го раскажам полека…
 
Доаѓа свекрва на гости кај синот и снаата , па загрижена снајкава глуми лудило и ја прашува свекрвата:
Мамичкеее.. до кога ке останеееш?
- Па снајке додека не Ви досадам!
Ааа.. зошто толку кратко ,,мамо,,:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom