Вицеви без наслов 2 дел

Се враќа Кинез од Македонија дома целиот збумбарен, а комшијата го прашува:
- Што е ова бе, кој те тепаше
- Абе едни Македонци ме начекаа.
- А, колку ги има
- Па што знам, околу 2 милиони.
- Собирај ги другарите од маало, па да и одиме!!!
:pos2::pos2::pos2:

лејј ме изнасмеа овие со маалото изгледа повеке се од македонија:pos2:
 
Трпе сакал да зафркава луѓе по телефон, па се јавува и вика:
- Ало, добар ден.
- Добар ден.
- Ви работи фрижидерот?
- Да, работи.
- Епа, дајте му плата!
 
Го прака татко сина си в лудница затоа што бил луд и му остава мобилен за да можат да се слушаат од време на време.Поминуват два дена и таткото се јавува и го прашува Пере:
Сине како е таму ви обракаат внимание?
Пере: Тате супер ни е еве денес за прв пат ни дадоа да јадиме се изналапав ко луд!!!
После два дена таткото повторно се јавува и вика: Сине добар ли си шо праите таму??
Перe: Супер тате еве денес не пуштија да одиме на базен и скокавме од скокалницата и ни рекоа ако сме вака добри утре и базенот ке ни го наполнат!!!
 
Му оди синот на татко му и му вика: Тато,тато вчера го имав првиот сексуален однос во мојот живот!
-И татко му се израдувал: Браво бе сине седни да ми кажеш како ти беше?
-И синов: Не можам тато газот ме боли!
 
Докторе - вели со скршен глас едно момче - секоја ноќ сонувам чуден сон.
- Сонувам како згодни девојки со трчаница влегуваат во мојот стан и се обидуваат да ме заведат.
- И како реагирате вие на тоа?
- Никако. Постојано ги туркам со рацете подалеку од мене.
- И што сакате сега да направам јас?
- Ве молам докторе, скршете ми ги рацете.:pos2:
 
Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
- Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
- Е како нема да и се отечени , вчера два саата ме гледаше како швајсувам!
 
На некоја забава мажот малку поднапиен, бил во центарот на вниманието цела вечер. Кога ја напуштиле забавата, жената го прашала:
- Мажу, дали ти рекол некој некогаш дека си прекрасен, толку романтичен и згоден?
- Не, одговорил мажот среќен, не верувам дека некој ми рекол.
- Па од каде ти лудата помисла дека си???
 
Оди Рамче по улица кога го сретнува некој пријател и го прашува:
- Каде бе Рамче?
- Еве идам у град да си купам одело.
- Па, купи и за мене едно, ако не те фатат.
 
Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Албанец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува:
"Пошто не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две."
*Албанецот се спрема за казната и вика: "Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб." После 25 удари паднала перницата.
Гркот исто бара: "Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници." После 25 стапа и на него му паѓаат перниците.
*Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: "Прва желба ми 100 стапа наместо 50" Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. "А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!"
 
- Како Кинезите држат диета?
- Јадат со едно стапче.
 
Прашуваат некој маж - колкава е веројатноста да излезе на улица и да види диносаурус ?
-0.001% - одговорил мажот
Истото прашање и го поставиле на плавуша...
-50% - одговорила плавушата...
-Е како така ?????
-Па така, или ќе видам или нема да видам
 
Малиот Трпе го прашува татка си.
- Тато како доаѓаат на свет бебињата?
- Пааа, види сине, како да ти кажам, штркот ги носи.
- Тато, тогаш кој го секса штркот
 
Си било некое детенце во прво одделение и учителката го прашува на гранка стојат 10 врапчиња пука ловџија и отепал 2 колку останале?
8 учителке!
Е не се 8 другите од страв избегале а ми се допаѓа како размислуваш.
А јас учителке можи да поставам едно?
Прашај вика...
Е вака, ако стојат 3 жени една до една и едната лижи сладолед од горе до доле, другата го лапа цел, а третата само на врвот полека лижи, која од нив е мажена?
-Таа шо го лижи цел?
-Не, таа шо има бурма на прстот но ми се допаѓа како размислуваш.xD
 
[zEUs];2308320 напиша:
Си било некое детенце во прво одделение и учителката го прашува на гранка стојат 10 врапчиња пука ловџија и отепал 2 колку останале?
8 учителке!
Е не се 8 другите од страв избегале а ми се допаѓа како размислуваш.
А јас учителке можи да поставам едно?
Прашај вика...
Е вака, ако стојат 3 жени една до една и едната лижи сладолед од горе до доле, другата го лапа цел, а третата само на врвот полека лижи, која од нив е мажена?
-Таа шо го лижи цел?
-Не, таа шо има бурма на прстот но ми се допаѓа како размислуваш.xD

Абе вицовиве ти се закон бе:pos2::pos2::pos2:
Сам ги измисли...?
 
Имало натпревар во некој град, се барал некој храбар човек што ке преплива базен полн со пирани, ајкули и други крвни суштества.
Чекале сите да се најде некој, ама се изначекале со денови, месеци и по едно време се слуша - плјас! -скока некој внатре и плива. Кога излегол надвор трчат новинари и му велат:
- Што ќе изјавите за телевизија за вашата храброст?
- Море ке му ебам тоа племето на тој шо ме турна!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom