Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Перничето на ногата кај куче, ако се расече, како се третира? Дали брзо зарастува? Раната е исчистена, т.е. си ја излижа :) гледам дека нема некои страни делови во неа. Сепак ако постои нешто да ја премачкам да не се инфицира?
Ako si sigurna da nema strano telo vo ranata treba nekako da ja zastitis od valkanje i dezinfekcija so rivanol ili jod barem ednas vo denot kako sto veke i nekoj ti napisal jas preporacuvam rivanol, mozes od vet ambulanta da kupis flogocid mast a od humana apteka mozes da kupis nekoja antibiotska mast ili sprej. Samo moras da bides sigurna da vnatre nema strano telo.
 
Поприлично ризична операција бидејки со оглед на годините постои можност да не се разбуди од анестезија.Во секој случај мислам дека најважно е кај кој ветернар ја носите и како си ја врши работата бидејки од моето искуство досегашно со ветеринарите морам да кажам дека комплетно се имам разочарано и се на се верувам на еден-двајца ветеринари.Бев сведок на операција која се изври на кучка малтезер стара 16 години исто од тумор и се се заврши добро.Ако сакаш ке ти дадам број од ветеринарот по лп.

Инаку би сакала да ве прашам останативе дали имате искуство со фрактури кај мачки..бидејки пред некој ден најдов маца со 4 фрактури на левото ноџе..некој идиот и ги кршел намерно констатираше ветеринарот,но бидејки е мала не може да се оперира поради анестезијата па единствена опција е еутаназија која за мене е неприфатлифа.Сега е мацата уште кај мене..некако и ја наместивме раката со еден пријател кој студира медицина,ама не сака да јаде ни да пие вода,едвај со 300 молења ке ксне малце коска и кожа е.Денеска ми делува малце подобро ама е уште исцрпена.Ако има некој вакво или слично искуство или некој совет би замолила да пише за да го спасиме душичево.
Постов е оддамна, но јас само што го прочитав, и навистина ме расплача. Не ми е јасно како може такви гадови да постојат..
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 05:29 ---
И сакам да прашам, дали маченцето преживеа? :(
 
Доктор диме од капиштец,а за цената не сум сигурен .Извини,на машко или женско маче,ама пошто спомна кастрација си мислам машко.За женка е поскапо :)

се работи за зенско маче си го чувам ама со мазјакот многу ми се активни па морам да ја средам :)
 
се работи за зенско маче си го чувам ама со мазјакот многу ми се активни па морам да ја средам :)
Тогаш цената е некаде околу 50тина евра,бар според мојте извори,затоа што самата интервенција е посложена :)
 
Тогаш цената е некаде околу 50тина евра,бар според мојте извори,затоа што самата интервенција е посложена :)
Со кастрирањето само двете топки што му висат ќе му ги нема :pos: така ми рече ветеринарката, а кај мачките се прави операција и се отвара цел стомак, затоа за нив е и поскапо...
 
Со кастрирањето само двете топки што му висат ќе му ги нема :pos: така ми рече ветеринарката, а кај мачките се прави операција и се отвара цел стомак, затоа за нив е и поскапо...
Така,да кажеше сака да ја стерилизира,ќе сфатев уште едма,вака морав да кружам :D
Него ми текна,кастрирани се твојте?
 
Така,да кажеше сака да ја стерилизира,ќе сфатев уште едма,вака морав да кружам :D
Него ми текна,кастрирани се твојте?
И двата мачора ми се кастрирани, а мачките ги оставив по еднаш да родат... Никаков проблем немам, незнам зошто долу се толку исплашени луѓето кога се збори за кастрација/стерилизација, ама мое мислење е дека не се доволно упатени во тоа. Тука и се препорачува ако нема можност за парење да се направи тоа, а и не би сакала мачката да раѓа по двапати во годината, здравствено а и морално не е ок нели...каде после со малите, на улица? И се мислиме после од кај толку бездомни животни во МК :confused:
 
Се согласувам потполно,али барем кај вас во Немачка(ако не сум грешка) би требало полесно да се продаваат малечките,особено тие обавките како твојте :)
И изгушкај ги од мене,многу ти се убави(пу пу да не ги урочам :D ):X3:
 
Се продаваат, ама јас моите мачки не ги чувам за бизнис :D Ги чувам дека си ги сакам, и сакам да се здрави убави мили, а не со клапнати цици до земја (како во многу случаи каде ги чуваат животните само за парење и продавање на малите) :(
Да знаеш каква тортура јас правев додека ги дадов малите на луѓе кои стварно сакаат животни, и уште со сите имам контакт :) Уште договор од 1000 страни шо не им бапнав да потпишат :pos: Ама не згрешив шо бев толку упорна, сите имаат прекрасни домови и многу љубов.
 
Пред некое време прашував околу бременоста и јадењето за мојава кучка. Се окучи, роди прекрасни мали кученца, пораснаа и ги дадов. Но, откако се породи почна да го губи влакното.

Деновиве приметив дека на грбот е шарена, односно на неколку места мислам дека нема ич влакна. :(

Дали знаете кои се причините и што да направам околу тоа? Иначе ок е вака, си игра, јаде, нема апсолутно никаков проблем.
 
Дали кожата е зацрвенета? Ако е зацрвенета може да се работи за габичка. Во секој случај треба да идете до кај ветеринар да види за каков проблем станува збор.
 
Дали кожата е зацрвенета? Ако е зацрвенета може да се работи за габичка. Во секој случај треба да идете до кај ветеринар да види за каков проблем станува збор.

Не е црвена, нути се чеша на тие места. Кучево ми е ќелаво. Буквално. Инаку се работи за џуџест пинч, женка - стара е 3 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom