Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Ако зимаш Пурина, тогаш земи си ПроПлан од Пурина, екстра е храната, една од најдобрите што можат да се најдат на Македонскиот пазар.
А Фрискис од Пурина е со доста слаб квалитет и не содржи доволно количество на месо и хранливи материи.
Брит исто така е одлична и квалитетна храна, но сепак ПроПлан од Пурина е за нијанса подобар.

Кога веќе купуваш ПроПлан, размисли и за Еукануба и Ројал Канин, горе/доле слични им се цените :)

Токму за ПроПлан е муабетот, брат ми повеќе се ангажираше да провери што и како и она што успеа да го прочита и најде на нет вика дека еукануба и ројал не се нешто баш односно премногу искомерцијализирани а со квалитетот не стигаат некое ниво. Фала за мислењето.:pipi:
 
Според мене Пурина ПроПлан , Еукануба и Ројал Канин се најдобрите 3 храни, која и да ја земеш од овие 3, нема промашај :)
А после тоа доаѓаат Брит, Белкандо, Треинер, Дајмонд ...

Хилс беше фантастична храна, дури можам да кажам дека Хилс беше едно ниво над Пурина ПроПлан, Еукануба и Ројал Канин, ама за жал Хилс повеќе не се увезува во МК :(
 
Некој да знае ефикасна течност/инекција против крлежи за кучиња?
 
Некој да знае ефикасна течност/инекција против крлежи за кучиња?

Инекција не постои.

Има течност (ампула) која е одлична за уништување на крлежи и болви.
Има повеќе типови на ампули, но најквалитетни и најефикасни се Frontline и Protektor.
 
Ја разгледувам опцијата да чувам англиски булдог дома...има некој инфо од каде би можела да најдам?
 
А бе ајде ко гремлини се :icon_lol:.

Нема везе тоа, за мене се многу мили кучиња, имам чувано едно на 2 дена и знам дека е многу мило а и не бара многу големо внимание :) Подобро тоа него кучињата што изгледаат како глушец хранет со хормони, во превод - пинч.
 
Ако имаш мнооогу пари да фрлаш по ветеринари,ако кучето ти е за дома,шетање баш не сакаат и ако можеш да спиеш со некој што хрчи ненормално многу тогаш ти си човек што сака да чува бул дог.
 
Некој да знае ефикасна течност/инекција против крлежи за кучиња?
има ампули и не знам многу за нив. ама ја за кучето мое обично купувам прашок неопитроид и многу е добар.
 
има ампули и не знам многу за нив. ама ја за кучето мое обично купувам прашок неопитроид и многу е добар.

Неопитроидот воопшто се нема покажано ефикасно.

Амлулите (Frontline или Protektor) се најдоброто решение за отстранување на крлежи и болви.
 
Неопитроидот воопшто се нема покажано ефикасно.

Амлулите (Frontline или Protektor) се најдоброто решение за отстранување на крлежи и болви.
Зависи за кое куче :)
Фронтлајн џабе ги фалат моето на нив дали 1-2 недели макс. реагираше, после стара приказна
Сега од Грција му земав таква огрлица незнам како се вика, и 1 месец нема допрено до него крлежи и болви :)
Се зависи од самото куче, цените ама баш ич не се битни во одгледувањето.
 
Неопитроидот воопшто се нема покажано ефикасно.

Амлулите (Frontline или Protektor) се најдоброто решение за отстранување на крлежи и болви.
добро ама кај моето куче ги отсртани бувите и крлежите. :)
 
каков треба да биде изметот на нинфата на моите две им е зеленкаста со бело како тртуска а на другата ккао црвче но од околу со вода помагајте
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom