Верувам во...

  • Креатор на темата Креатор на темата Michelle Aline
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека еден ден се ќе се заврши добро. :baeh:
 
Верувам дека универзумот е објективна (материјална) манифестација на субјективното. Тоа што религиите го посочуваат како бог, за мене е апсолутот кој е збир на сите можни потенцијали на постоењето од кој универзумот околу нас е само една од нив.
Дали овој бог е безличен?

Верувам дека концептот за "бог" не е битие на кое треба да му се покоруваме и да му служиме, туку е легитимна цел кон која ние како форми на субјективното имаме право да целиме - ниво кое може да се достигне.
??? Субјективното овде, дали се личности или ...? и ако евентуално се, која е смислата да станат безлични - "бог" не е битие?

Верувам дека сите форми на живот се перспективи на апсолутот, кој преку нивна интеракција се доживува самиот себеси во бесконечниот циклус нам познат како постоење.
Дали ова кој е личносно битие, бидејќи е кој?
 
Дали овој бог е безличен?
Па мислам дека болдираниот дел е јасен. Личноста неможе да биде збир од сите можни потенцијали, таа е само еден од нив.
??? Субјективното овде, дали се личности или ...? и ако евентуално се, која е смислата да станат безлични - "бог" не е битие?
Личност или битие за мене е перспектива која доживува искуство, битисува или постои...додека "Бог" е самото Постоење, кое по дефиниција е збир од сите можни потенцијали и искуства.
Дали ова кој е личносно битие, бидејќи е кој?
Не, тоа е фигуративен пристап на изразување, веќе објаснив дека апсолутот не е личност, туку самото Постоење, кое во својата суштина е субјективно.

П.С. Постовите ти се хаос....обиди се да ги средиш за да бидат попрегледни.
 
Како го разбираш проблемот со смртта?

Како крај/финито/тхе енд.Во еден момент те нема и крај.Како кога ќе заспиеш али без делот со будење.Доста страшно али сепак реално.

Имаш само една надеж а тоа е дека нема да умреш од некаква несреќа или болештија барем до 80 години и дека до тогаш ќе изнајдат нешта да ти го продолжат животот.
 
А, желбата за живот?
 
Како го разбираш проблемот со смртта?
Исто како што капката вода се соединува со поголема водена површина, така и индивидуалноста се соединува со изворот, со постоењето и станува едно со него.
 
А, желбата за живот?

Желбата за живот е да не умрам.Да останам жив што подолго со надеж дека ќе има начин да си го продолжам живото.Живото еволуирал за да остане жив подолго.Ние сме само фрижидери на природата го одржуваме месото свежо.

Ако пак не сум во право и има Господ пак добивам дури и да одам во пекол :D

Не мислам дека ние луѓето во моментов можеме и воопшто да поченем да разбираме како функцинонира универзумот и што е целта на се.Можеби за едно 10-20 илјади години ако уште постојат луѓе ќе почнеме да разбираме како функционира се.
 
Па мислам дека болдираниот дел е јасен. Личноста неможе да биде збир од сите можни потенцијали, таа е само еден од нив.
А које идентитетот на човекот?

Личност или битие за мене е перспектива која доживува искуство, битисува или постои...додека "Бог" е самото Постоење, кое по дефиниција е збир од сите можни потенцијали и искуства.

Постоење на кој начин?

Не, тоа е фигуративен пристап на изразување, веќе објаснив дека апсолутот не е личност, туку самото Постоење, кое во својата суштина е субјективно.
Што значи субјективно, на што се мисли, Јас..?
П.С. Постовите ти се хаос....обиди се да ги средиш за да бидат попрегледни.
Технички не го знам форумот, се извинувам.
 
А које идентитетот на човекот?
Идентитетот е дефиниран од Волјата, таа е динамичкиот аспект на твоето битие.
Постоење на кој начин?
На секој можен начин.
Што значи субјективно, на што се мисли, Јас..?
Субјективно значи, она што е поврзано со свеста, самосвеста, когнитивноста и перцепцијата.
Кога Свеста доаѓа на ниво на Самосвесност, тогаш се раѓа индивидуалноста - "Јас".
 
Желбата за живот е да не умрам.Да останам жив што подолго со надеж дека ќе има начин да си го продолжам живото.Живото еволуирал за да остане жив подолго.Ние сме само фрижидери на природата го одржуваме месото свежо.

А досегашните генерации што изумреа? Нели се тоа конкретни луѓе? Блиски, далечни...По тоа искуство веруваме дека и нас тоа не чека.

Ако пак не сум во право и има Господ пак добивам дури и да одам во пекол :D

Сепак се надеваш и ја изразуваш желбата за живот.;)

Не мислам дека ние луѓето во моментов можеме и воопшто да поченем да разбираме како функцинонира универзумот и што е целта на се.Можеби за едно 10-20 илјади години ако уште постојат луѓе ќе почнеме да разбираме како функционира се.
Па новиот тренд на Науката е дека, сепак сево ова Универзумско е дело на Некој, а не Нешто, или само од себе...
 
Верувам во човекот и природата, верувам во човековата природа од која ние денес сме многу оддалечени, извештачени, програмирани и верувам во чувствата.
Во религии не верувам, а верував.
 
Идентитетот е дефиниран од Волјата, таа е динамичкиот аспект на твоето битие.

На секој можен начин.

Субјективно значи, она што е поврзано со свеста, самосвеста, когнитивноста и перцепцијата.
Кога Свеста доаѓа на ниво на Самосвесност, тогаш се раѓа индивидуалноста - "Јас".

Претходно рече дека Бог е самото Постоење, кое во суштина е субјективно( кое сега го објасни како "Јас").

Личност или битие за мене е перспектива која доживува искуство, битисува или постои...

Овде има ми се чини недоречена аналогија, во прилог на Личноста.
Бог=Постоење=Субјективност=Јас=Личност?
 
Да, за мене Бог е самото Постоење, а природата или суштината на Постоењето е Субјективна. Под Субјективност, кажав дека подразбирам когнитивност, свест и перцепција. Индивидуалноста она што го препознаваме како "Јас" е Самосвесноста или Личноста.

Сума сумарум, основата темелот е Постоењето (Бог или Апсолутот), т.е Свеста (не онаа индивидуална, туку космисчка - Апсолутна Свест). Од тој темел произлегува се останато - материјалниот свет, дуалноста, просторот, времето...итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom