Уапсени две жени инспирирани од ИСИС зашто планирале да детонираат бомба во Њујорк
Американските федерални агенти уапсиле две жени што наводно планирале да детонираат бомба во Њујорк откако биле радикализирани од терористичката организација Исламска држава.
Двете жени – кои Њујорк тајмс ги идентификува како американските државјанки Ноел Веленцас, 28, и Ејжа Сидики, 31, биле уапсени рано утрово во Њујорк, како дел од една подолга тајна операција водена од американското Федерално биро за истраги (ФБИ).
Официјален претставник на њујоршката полиција потврдил дека двете жени се уапсени под обвинение за тероризам.
Еј-би-си њуз, чиј новинар ја открил веста, објави дека според федералната истрага, двете жени од Квинс, Њујорк, биле радикализирани со пропагандата на т.н. Исламска држава. Жените биле во комуникација со луѓе поврзани со Ал каеда на Арапскиот Полуостров.
Двете жени наводно сакале да направат импровизирана експлозивна направа, но властите објавија дека јавноста никогаш не била во опасност во текот на истрагата на ФБИ.
Сидики „во моментов поседува повеќе шишиња пропан гас, како и инструкции за тоа како шишињата пропан се претвораат во експлозивни направи“, вели Тајмс.
Минатата недела ФБИ објави дека двајца мажи во Илиноис биле уапсени и обвинети за заговор за напад врз САД од името на ИСИС. Еден од мажите, член на Националната гарда на Илиноис, бил уапсен минатата среда на меѓународниот аеродром Мидвеј во Чикаго додека се обидувал да влезе во авион што летал за Каиро. Таму, велат властите, тој се надевал дека ќе отпатува во Сирија и ќе ѝ се приклучи на екстремистичката група.
Двете жени се очекува да се појават денеска во Федералниот суд во Бруклин.[DOUBLEPOST=1428007309][/DOUBLEPOST]Во нападот на џихадистите во Египет 32 убиени
Извор : (Reuters)
Најмалку 32 лица, од кои 15 војници и двајца цивили се убиени во четвртокот во пет симултани напади врз воените единици во северниот дел од египетскиот дел од полуостровот Синај, каде што повеќе од 18 месеци армијата се бори со локалните џихадистички групи кои и’ пристапија на Исламската држава.
Терористите нападнале со автоматско оружје и ракети пет контролни точки на патни правци кои го контролираат египетските војници, соопштија локални полициски функционери. Египетските власти го употребуваат терминот „терористи“ за да ги означат џихадистичките бунтовници.
Нападите биле изведени јужно од Шејк Зувејд, 15 километри источно од Ал-Ариш, административен центар на покраина Северен Синај.
Најмалку двајца цивили, 15 војници и 15 бунтовници се убиени во престрелката која следела по нападите, изјавил за електронското издание на каирскиот дневен весник Al Ahram, полицискиот портпарол Мохамед Самир. Тој потврдил загинување на само пет војници, а според него ранети вкупно се уште 19 припадници на безбедносните сили и 10 цивили, кои се пренесени во болницата во Ал-Ариш. Уште три цивила биле ранети во засебен минофрлачки напад, додал.
Неколку часа по нападите во Северен Синај, египетската армија како одговор на нападите започна голема операција во правец на Рафах, кон границата со палестинската енклава Газа. Весникот известува дека борбените хеликоптери „апачи“ ја надлетуваа северната област од регионот во потрага по милитантите.
Египетската армија се справува со исламистичкиот бунт чии борци имаат бастиони во северниот дел од Синајскиот полуостров, чии напади зачестија особено откако во летото 2013 година беше соборен од власта исламистичкиот претседател Мохамед Морси кој беше обвинет за исламизирање на египетското општество и одбивање да соработува со либералната секуларна опозиција.,
Кон крајот на јануари годинава во симултани напади на џихадистичките борци врз воените сили со автомобили бомби и ракети загинаа најмалку 30 лица, вклучително и цивили.
Најголем удар безбедносните сили претрпеа во октомври 2014 година, кога милитантите убија 31 египетски војник во северниот дел од Синај кој се граничи со Израел и Појасот Газа.
Одговорноста за овие два напада ја презема радикалната исламистичка група Ансар Бејт ал-Макдис. Една од најактивните џихдистички групи во Египет која кон крајот на минатата година официјално изрази лојалност кон Исламската држава.[DOUBLEPOST=1428007755][/DOUBLEPOST]
Чад: Убиени стотици исламисти на „Боко Харам“ во Северна Нигерија
Армијата на Чад соопшти дека нејзини единици убиле стотици борци на исламистичката група Боко Харам и загубиле девет војници во судири во Северна Нигерија.
Војски од Чад и Нигерија на почетокот на неделата почнаа акција против исламистите од „Боко Харам“ во стратешкиот град Малам Фатори, во североисточниот дел на земјата.
Новите судири избувнале при нивното ликвидирање. Во борбите исламистите се протерани на над 10 километри од градот, кој беше под нивна контрола од ноември минатата година.