Веродостојни информации

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Многу често, верувам на сите, ни се случува да сакаме да дознаеме нешто повеќе за одредена тема, настани или личности, но тоа оди тешко. Велам тешко затоа што скоро за се`, може да се најде минимум два изнесени ставови, мислења или приказни. Истото е и со интернетот и со книгите, па и со луѓето. Затоа решив да отворам една ваква тема, во која би можеле меѓусебно да се надградуваме и помагаме да дојдеме до некои вистини, колку што е можно повеќе.
Нека биде ова место каде што секој може да постави линк до некое видео и текст или име на книга и автор, кој според него и негови информации се веродостојни за читање. Општо за се`. Информации од секоја област, освен политика нели, бидејќи таа со право е забранета тука. И така остануваат многу на располагање, нали? :)
Од друга страна, нека си земат слобода сите да побараат информации за тоа што ги интересира.
Многу важно... немојте да барате помош за семинарски и писмени работи.:)
Кога ќе ви здосадат обичните и дозборени теми, допринесете тука со нешто.

п.с. Ако наиде на интерес темава би можела да постане хаотична, но ќе оставам модераторите да не го дозволат тоа.:love:
 
неколку дена пред ослободување на Македонија,во 2 СВ 1944 год.
е договорено помеѓу нашите воени единици и Германската воена команда,
(во Скопје) да се изврши размена на заробеници,од нивна и наша страна во одност
ЕДЕН за ЕДЕН, во близина на Скопје.Договорено било да се разменат по 100 заробеници. (воени заробеници-борци и сл.)
Во нашите заробеници што биле кај Германците имало и едно момче-дете
од 14 години.Размената одела добро 1 : 1, настанал проблем за ова момче - дете,нашите го побарале дури нуделе и двајца нивни заробеници за момчево,но Германците не приватиле,воопшто не сакале момчето да го
разменуваат,туку веднаш по завршената размена го стрелаат.
Така завршила оваа размена,дури мислам и се застанало на бројот 99лица.
Прашање ?
Кое е ова момче и по што толку било важно за Германците,што не го дале.
Ако добијам на ова прашање одговор,имам уште вакви слични од НОБ.
(и тоа се работи за повеќето стрелани наши млади борци “44-45 год.)
 
Југослав Петрушич - Доминик

Југослав бил припадник на повеќе разузнавачки служби и своевремено имал 4 пасоши. За неговите искуства кажува дека се толку многу вознемирувачки, што ако не ги доживеел и видел и самиот - не би верувал во нив. За истите поседувал документи кои ги споделил со многу амбасади и со државите од бивша Југославија. И покрај тоа, никој не го повикал на судење каде што би бил испитан за сето тоа што го тврди, а тој токму тоа го сакал. Меѓу најважните, ги поседувал и доказите за тоа кој вистина стоел позади крвавите злосторства при распадот на СФРЈ, како и за сторителите или нарачателите на повеќе атентати на овие простори. Во интервју кај Васко Ефтов (на страна фактот што Ефтов повеќе делува како сензационалист), кажува дека повеќе од една година знаел точни информации за тоа како и каде ќе почне конфликтот во 2001-ва. Тие информации ги проследил на луѓето кои требале да го знаат тоа...

Доминик за себе вели дека веќе е мртов човек поради неговата најголема трагедија кога сфатил дека неговите шефови од Француската тајна служба биле најголемите злосторници и работеле за свој личен интерес, а не за интересите на Франција. Затоа наводно и не се плаши да говори за сите сплетки и завери. Бил веќе стар и му било важно само тоа да ја обелодени вистината пред човештвото, за чие добро некогаш верувал дека се борел.

Деновиве се опседнав со човеков. Обично, повеќе верувам во позаплеткани отколку во поедноставни приказни, па од тука и мојата заинтересираност. Прв пат пред скоро време дознав за ликов, не знам воопшто кој е и ептен ми е чудно што е жив после сите емисии во кои гостувал, без оглед на неговата храброст која ја презентира. Се` што успеав да најдам се само неговите сведочења, кои секаде се исти. Ништо друго посигурно и потврдено од некој друг. Токму затоа решив да го искористам за мојот прв прашален пост на темава. Се надевам ќе се најде некој кој знае повеќе за Доминик и кој ќе ме просветли. Однапред благодарам.:)
 
Следниот кој ќе се избаци со обид за тролување, шерифување или со wannabe Хаус хумор, ќе биде баниран од темата. Имате ЧДА подфорум па таму зезајте се до изнемоштување и оставете ја темава да се развива во правецот во кој е замислена.
 
Во минатиот петок поставив едно прашање за веродостоен одговор,
НЕ ГО ДОБИВ.
2. Прашање број два
Во екот на НОБ во Македонија 1941-1944 година,има повеќе „неправилни“,
„недокажани“,„неверодостојни“,„неисправни“ но извршени убиства на наши
борци,од наши единици но од наша страна спроведени.
За некој такви сум слушал од татко ми кој бил сведок на нивно извршување.
За некој сум само прочитал во некои книги,мада тоа е многу ретко и срамежливо опишано,но и признаено кај некој дека е направено грешка.
За кодошите и шпиуните има друга тема, т.с.за оправданите убиства.

За овој случај малку знам-и барам веродостојни информации.
Информациите ми се од една книга за еден наш Народен Херој.
Се работи за тие години 1943-1944 година,некаде во Крушево.
Прво се стрела (мислам Ферџо му е името)
Потоа се стрела неговата сопруга.
Оставаат мало женско дете-сираче.
............
Причина зошто се стрелани,кое е обвинението,нели е тоа престрого, поготово што оставаат мало дете.Што станало со детето.
Ајде студенти по историја,а имате и професори,прашајте.
Да дојдеме до веродостојни информации и до вистината.
 
Прати си го инстинктот и лади си го. И да е грешниот став, барем нема да ти е криво, пошо ти самостојно си го одбрал, а не те изманипулирал некој.
ако знам шо напишав јас ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom