I dont want to live on this planet any more,,,
‘‘Верени и разделени‘‘ - дали би ги осудувале
А бе повеќе од очигледно е дека нашава малограѓанштина нема да се искорени никогаш.
Кој сум јас, ти, тој да ја осудуваме Трајанка, Петра, Станка дека се вериле, па отпосле им текнало дека нешто не им штима во сметките, зошто да го осудуваме Стојче, Крсте, Трајче затоа што прерано одлучиле да се впуштат во обичајот наречен веридба и на крај приказната добила поинаков расплет.
Тие што веќе се вериле и на крај САМИТЕ одлучиле да се разделат или разведат, тоа е нивно основно човеково право самите да си одлучуваат за својата иднина,
Тие луѓе не се нити лепрозни, нити заразни, нити никакви, тие се едноставно луѓе кои се нашле во таква ситуација. И не гледам ни најмала причина за да некој ги осудува, покажува со прст или во крајна линија некој да си фаќа сеир со нив.
Ама пусто Балканче, секогаш прво ќе се смее на туѓиот двор, без да си погледне во својот
