Велика Британија излегува од ЕУ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.332
ПО 36-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО, ДЕБАТА ЗА ИДНИТЕ БРИТАНСКО-ЕВРОПСКИ ОДНОСИ

Велика Британија излегува од ЕУ?!

Евроскептиците меѓу владејачките ториевци и опозиционите лабуристи би поддржале референдум околу натамошното членство на Велика Британија во ЕУ. Либералдемократите, коалициски партнер во Владата, остануваат определени за европскиот проект

45895518E18DA641B85BD68F75B8E1F5.jpg


Група пратеници од опозициската Лабуристичка партија побара од лидерот Ед Милибанд да се согласи со организирањето референдум околу натамошното членство на Велика Британија во Европската унија. Според нив, тоа може да го покаже новото гледање на лабуристите на ЕУ и на идните британски односи со Унијата, но и да предизвика сериозна криза и расцеп во коалициската Влада, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во пратеничката група на владејачките ториевци постои силна поддршка за референдум за тоа дали земјата треба и натаму да остане член на ЕУ, или да се повлече, додека либералдемократите кои се коалициски партнер во Владата, и понатаму остануваат определени за европскиот проект. Над сто потписи веќе се собрани околу ова прашање, што ќе наложи отворање парламентарна дебата околу идните британско-европски односи. Од исходот на оваа расправа, потоа ќе се определи и решението, дали да се организира референдум.

Евроскептиците меѓу конзервативците го обвинуваат својот лидер и премиер Дејвид Камерон дека е премногу попустлив кон својот партнер во Владата, додека лабуристичките евроскептици веруваат дека сега, кога ЕУ се соочува со својата најголема криза, за која долго време не може да најде решение, е време за да се слушне мислењето на гласачите околу Унијата и опстанокот на Велика Британија во ЕУ.

Групата лабуристи за референдумот лобира на годишната конференција што партијата ја одржува во Ливерпул (25-29 септември). Претставник на Ед Милибанд, ја отфрли оваа иницијатива, објаснувајќи дека организирањето на ваков референдум, нема "реална основа".

Истражувањето што ги направи агенцијата ЈуГав, покажува дека 53 отсто од лабурустичките гласачи, 76 отсто од конзервативците и 51 отсто од симпатизерите на либералдемократите, сакаат референдум. Ова е првпат, по 36 години членство, да се бара изјаснување на гласачите за иднината на земјата во ЕУ.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4E8F1A6DB7533B419F55861DE4961E61
 
Ова е причината

http://www.bbc.co.uk/news/business-15090761

затоа се појавија овие гласини, дека е можно Британија да излези од ЕУ, колку да му дојди умот на овие во Брисел.

Будаливе во Брисел, сакаат да најдат пари и решија да воведат нов данок на финансиските трансакции во ЕУ.
Но, со оглед дека Лондон е финансиски центар 80% од сите трансакции се таму.

Британциве убаво велат, овие сакаат да воведат данок на Лондон, тоа нема шанси да го дозволиме.
 
Па нормално дека нема да дозволат златото што толку брижливо го крадеа од шпанските галии на времето, сега да го делат со сите, па уште и дано да плаќаат на тоа. Молим ти се!
 
Да, бидејќи сами ќе бидат многу појаки. Во единството е силата! По примерот на Југословенските држави, мислам дека сите треба да излезат од ЕУ и потоа да чекаат да влезат во некоја поголема појака унија.
п.с. Лондон...мислиш Лондонистан, градот кој гореше пред некоја недела? Или друг Лондон од парарелна димензија?
 
Му ветија на народот референдум, но го забошотија ветувањето. Затоа масата е кивна, фатени се во игра од која не можат да излезат, а скапо ги чини.

Според сите испитувања на јавното мислење, ако некогаш и има референдум, над 90% од народот ќе бидат за моментално излегување од ЕУ.
 
Му ветија на народот референдум, но го забошотија ветувањето. Затоа масата е кивна, фатени се во игра од која не можат да излезат, а скапо ги чини.

Според сите испитувања на јавното мислење, ако некогаш и има референдум, над 90% од народот ќе бидат за моментално излегување од ЕУ.
Според сите мерења на јавно мислење,ЕУ полека излегува од мода,најново е бранот евро-скептицизам што ја зафати Хрватска,а до вчера не беше така,пред се благодарение на про-европските медиуми,но луѓето го имаат интернетот а тука владеат други правила.ЕУ сама се заеба со некои погрешни потези и закони кои ги има,потоа со инертноста и се поочигледната неинвентивност на бирократскиот апарат во Брисел којшто цело време градел финансиски пирамиди како онаа во Грција(мислите дека не знаеле што се случува?),така да ние треба полека но сигурно да се свртиме кон исток,посебно кон Кина,Турција бидејќи тие се едни од можните најголеми идни инвеститори во овој регион а и во нашата земја,поздрав!
 
Овака и Словенците, Хрватите и Србите си го тегнеа пред да го растегнат скроз.
Готова е ЕУ, не е конкурентна, и паднаа и забите и цицките.
 
Овака и Словенците, Хрватите и Србите си го тегнеа пред да го растегнат скроз.
Готова е ЕУ, не е конкурентна, и паднаа и забите и цицките.

Готова?
Хе хе, тешко дека е готова, не би го потценувал нивниот интелект, организираност и претприемчивост.

Заедно или разделени и понатаму ќе бидат фактор број 2 или 3 во светот, на економски и политички план.
А можи и воено, ако се раскурцаат до таму па да избие војна :)

Ама ние ќе го кркаме максимално, ако биде лошо таму, кај нас ќе биде два или три пати полошо.
 
Јас не знам зошто толку ја мрзите ЕУ. Бране го смени знамето, Кирче името. Не ЕУ. Тоа што ние сме неспособни не ни е крив никој.Ме потсеќате на ова.
 
Јас не знам зошто толку ја мрзите ЕУ. Бране го смени знамето, Кирче името. Не ЕУ. Тоа што ние сме неспособни не ни е крив никој.Ме потсеќате на ова.
Еве човек дека гледа реално на состоибата, а не говори она, шо му се сака да биде.
Честитки колега.
Курва, стара, глупа, за нас маленките и сиромашните земи е по арно да сме со неа.
Там има солидарност со слабите и немокните.
 
Неспособни ние, да имаме слабости како секој народ.

Кој го уби Трајковски, кој изврши атентат над Глигоров, кој ја модерираше 2001, кој направи воен сојуз СФРЈ-Турција-Грција, кој прекрши договори на ООН, меѓународно право.
Да, имаат сила, но истата таа сила ќе им се врати назад.

Они го достигнаа максимумот на капитализмот.

Кај можело да биде полошо, а зарем не беше полошо кога се распаѓаше СФРЈ и кога огромните компании пропаѓаа.
ЕУ нас не има детерминирано како непријателски народ поради културата и традициите кои се блиски на Русија, и како нејзини можни идни партнери таа ги уништува тие држави.
Србите во денешно време ти се уште поексплицитен пример.

Дали сакам да пропадне англосаксонизмот и ватикан.
Да, превише зло нанесоа на Македонците и другите словенски народи.
 
Јас не знам зошто толку ја мрзите ЕУ. Бране го смени знамето, Кирче името. Не ЕУ. Тоа што ние сме неспособни не ни е крив никој.Ме потсеќате на ова.
Никој од нашите немаше ништо да смени ниту пак сега да преговара да не беше и сеуште е притисокот од ЕУ кон Македонија.
Ниту 2001 година ќе завршеше така како што заврши да не беше ЕУ на спротивната страна од нашата.
Тие нас не гледаат како некоја смеса ,како пластелин кој треба да се преобликува и да му се даде друг идентитет,исто како на многу африкански народи кои сега го имаат изгубено својот идентитет па дури и јазик и изгледаат како црни англичани или французи.
Тие имаат некаде запишано дека словенскиот народ мора да го изгуби својот идентитет и работат на тоа.
 
Охохохо............ почнаа да даваат оставки соработниците на Камерон.

Седумдесет и шест пратеници, од кои 60 конзервативци го започнаа таканаречениот „бунт“. Во понеделник имаат гласање за свикување референдум. :):)

http://www.independent.co.uk/news/u...nt-in-row-over-europe-referendum-2373803.html
 
Велика Британија= САД, Ништо не е чудо да излезат од ЕУ,
за сега незнам дали на Американците им одговара ЕУ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom