Василиј II vs Самоил

  • Креатор на темата Креатор на темата Carski
  • Време на започнување Време на започнување
Сам знаеш дека титулите „крал“ и „цар“ не се истозначни.

А сега, во врска со посмртните останки на цар Самуил. Процесот на нивно предавање на Бугарија трае веќе 50 години.Првичните разговори се одвиваа во времето кога Тодор Живков беше на власт, а Константинос Караманлис беше грчки премиер. Во овие рани обиди активна улога има Људмила Живкова коja била министер за култирата.Врз основа на договори со Грција, бугарски антрополози, археолози и специјалисти имале пристап до посмртните останки на цар Самоил и ги проучувале уште во 1980-тите и 1990-тите години.На бугарски научници им беше овозможен пристап до Музејот на византиската култура во Солун (каде што посмртните останки се чуваат со децении) за да спроведат сопствени анализи. Бугарски антрополози (меѓу кои вонредниот професор д-р Викторија Русева и Доника Јорданова од Бугарската академија на науките) ги испитаа скелетните останки и ги потврдија трагите од тешка фрактура на левата лактна коска. Оваа повреда совршено се совпаѓа со записите на Јован Скилица за ранувањето на Самоил во битката кај реката Сперхеј во 997 година.
Претседателите Георги Прванов и Росен Плевнелиев повторно го покренуваат прашањето за посмртните останки.
Извори запознаени со преговорите меѓу двете страни, укажуваат на докази што ги потврдуваат процените на професорот Никос Муцопулос (1927–2019) – имено, дека посмртните останки што тој ги открил во 1965 година за време на ископувањата во базиликата „Свети Ахил“ во Преспа, му припаѓаат на царот Самуил.
Телото било положено во базиликата „Свети Ахил“ – изградена од Самуил – и погребано со кралски обележја, вклучително и со покров ткаен со златни нишки, на кој бил прикажан амблемот на династијата на Комитопулите, од која потекнувал царот Самуил.
Прегледај го приврзокот 488476

Спроведени се две антрополошки анализи на пронајдените останки –првиот спроведена од Лабораторијата за археолошки науки "Malcolm H. Wiener" при Американската школа за класични студии во Атина (ASCSA) и вториот -протеомичка анализа на остатоците (студија на протеини од голем обем) од Center for ArchaeoSciences (BoCAS) при Институтот за археологија и културна антропологија на Универзитетот Rheinische Friedrich-Wilhelms во Бон.
1. Што покажле тие резултати? Каде се да ги видиме? Дали е направено ДНК испитување или пак Ц-14. Особено со ова второво многу лесно ќе се покаже дали е цар од 10 век или е поп од 15 век. Но стравот е голем.

2. Каде е тој покров со златни нишки? Тој не е опфатен со “враќањето“ на коските?
 
Последно уредено:
Спроведени се две антрополошки анализи на пронајдените останки –првиот спроведена од Лабораторијата за археолошки науки "Malcolm H. Wiener" при Американската школа за класични студии во Атина (ASCSA) и вториот -протеомичка анализа на остатоците (студија на протеини од голем обем) од Center for ArchaeoSciences (BoCAS) при Институтот за археологија и културна антропологија на Универзитетот Rheinische Friedrich-Wilhelms во Бон.
Аха

Ајде да ги видиме лабараториските извештаи, ќе бидеш фин да ги објавиш?

Било која школа или пак институт/научен портал кога објавува трудови и анализи, приложува и детален извештај.

Повели, приложи го во пдф форма.
 
Скапо ги наплатиле Булгарите коските за кои веруваат дека е Самуил. До душа и онака крадени беа ама сепак.
 
Скапо ги наплатиле Булгарите коските за кои веруваат дека е Самуил. До душа и онака крадени беа ама сепак.
Баш ефтино поминале, кога се менувале со крадени работи
 
Back
На врв Bottom