Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
Со татко ми премногу се сложуваме кога гледаме фудбал тогаш цела зграда не спие и не може на раат телевизија да гледа оти кај нас дома тогаш е Енфилд инаку сме ко другари.
 
Taтко ми е чиста класика. Кога мајка ми ке ми дадеше 500 денари за у град, обавезно идеше и уште 500 ми даваше. :) али скришно...
На матура ме насмеа највеќе, ми ги дава клучевите од кола и ми вика "Сине да ти кажам нешто, знаеш, предното седиште иде надоле а нозете нагоре, ако ме разбрана што мислам" :vozbud: Се скаменив малце зашто таков муабет немаше ми напраено никогаш пред тоа... Тоа беше најкул работа шо ми се има десено со него, но мислам дека фората од некој филм му е украдена.:pos2: Али нема везе, сепак јако веше...
 
Што да кажам за мојот татко?па доста непредвидлив човек.Ме нервира кога ветува нешто а не се држи до тоа и многу пати било така.Понекогаш знае да збесне и да ми се скара само за да ја истури лутината,а бидејки навиваме за различни тимови секогаш се шали со мене кога губат моите ама и јас не му останувам должна:)Ми недостигаат тие моменти ми недостига и тој иако знае да ПРЕТЕРА,aјде тато кога ке се вратиш бе:cry:
 
..Татко ми е најбољи чоек!!!...Незнам цело време се заебава, јаде, ми дава пари коа ми требаат али само за ‘паметни‘ работи:pipi:
Инаку знае и да биде строг коа ств, треба (понекат претерувам:) )да биде..:nesvest:
Секое ветување секоаШ го исполнува, али понекат коа ќе ме излаже за нешо што знам дека не е така, е тогаш стварно се нервирам:tapp: ...

Друго нешо незнам..заедно си глеаме фудбал,ракомет пошо мајка ми не е баш по тоа! И секогаш сме од различни страни..:)) ии многуу го саКам:baeh::helou:
 
И после три бај-пајси, хитни операции и 60-ка начукана во газо не му иди умо, сега ќе пуштал долга коса и ми порача да му купам шоферски цвикери за сонце кога ќе се враќам дома зошто старите цвикери ги наседнал.
Вака кога ќе го замислам како ќе изгледа ми заликува на некој продуцент на хард-кор порничи.
 
Мојот татко по професија е кондурџија.
Он е добар, али слабо комуницираме.
Знам комунициравме кога бев многу мал.
 
Најдобар беше и во се ме поддржуваше секогаш,се би направил да го вратам времето и да го видам пак многу ми недостига!!!!:cry::cry:
 
Одсекогаш сум го сакала НАЈМНОГУ, дури и кога бев мала кога немав прилика многу да го гледам, бидејќи нонстоп патуваше, затоа некој викенд кога ќе ме земеше со него (нормално морав да имам се научено :pos2::pos2:) на тенис, на кошарка, на автопазар, на сервис за коли ми беа настани на животот едноставно живеев за тие моменти.

За среќа во несреќа некој период пред да се разведат моите, мојот татко стана мојот најдобар другар и до ден денес се си делиме во секој момент сме си блиски. На неколку мои блиски личности кои ги имаат изгубено своите татковци :cry::cry::cry: им се возхитувам на снагата која ја имаат :cuc::cuc::cry:, нажалост знам дека ако мене нешто такво ми се случи незнам како би преживаела:toe::toe::toe:

:pipi::pipi::pipi::pipi: тој е мојот идол
 
Ах Татко ми....
Колку што го сакам ... толку и ме нервира....
Човекот е права лудница ама знае некогаш да биде толку многу гаден што на моменти посакувам и да немам татко...али сепак најголем период е супер човек...за среќа хахаха...многу ми е интересен кога ќе го искарам за нешто и одма се лути како мало дете...али си го сакам што и да прави сепак си е тато :)
 
Татко ми-рабзрав колку ми значи кога замина во војната со Косово-2001 мислам беше//:pipi:Се сеќавам како плачев секоја вечер да се врати.Тие 15 дена за мене беа-кошмар,а особено кога еден негово пријател(најдобар_беше ранет таму и почина.Кажуваат на Вести име и презиме и велат и тие шо биле со енго се киднапирани...Се шокирав од помислата на најлошото:kesa:Затоа знам и многу го ценам..како човек и како татко...Тешка е болката ако немаш родител,тешко е да знаеш дека отишол и дека е неизвесно дали ќе се врати...научив на потешкиот начин да го сакам сакното,да не го изгубам него и да не го сакам изгубеното...
 
Вие сите,кои имате хармонични и нормални односи со вашите татковци,не сте свесни колку сте среќни..

Дома имам гнига,која работи приватно околу 15 години,која од мојата 15 година почна да се лади,а сега целата иронија,сарказам,злобни коментари и пакост ми ја нанесува на мене,точно 2 години не разговараме,се одминуваме и поднесуваме дома како дел од инвентарот,секогаш гледал првин за себе и својот ќеф,има низок морал(ке ме сватите) и високо мислење за себе,па така не само што ни го спушта по дома и изиграва командант,туку и другите луѓе за рзо време ги губи..не знам да има пријател постар од 3-4 години,речиси сите му го ставаат у г*,затоа што сака на другите да помага,да се покаже,а ем свесен дека е искористена крпа..од неговите пари и работа многу време немам видено ништо,живеам од мајками,и како живеам само јас знам...не памтам да излезам да купам нешто за себе,а да не мора 184 пати да размислам за парите,и пак е најефтино,и пак брзо се расипува и гуи форма за 2 месеца...

ко помала,имавме ок однос,ме апаше,муабет правевме,но имаше строгост и студенило кај него..да го видите,тој е премногу далечен,злобен,бизнисмен кој многу време на сопствената ќерка и нема честитано роденден,кој труби злобни коментари зошто сум седела до доцна на интернет а не сум станала нешто да поработам..со него за ништо немам разговарано,ни еден совет немам примено,поради него немам никаква доверба во машкиот род,поради него мразам материјалности,и критериумите ми се толку истенчени што тој комплекс на немање реална фигура-татко,го лечам правејки хаос од моите врски и пак останувајки сама..


на фамилијата и нанесе срам и зло,ги расипа сите релации со роднините,живее сам како бог и е многу самобендисан,само префрлува за мене пред мене во трето лице еднина како да сум јас копиљка,а мајками е мекушац,па целата вина за овој однос ја префрла на мене,без да биде свесна дека јас станав непријател со таткоми бранејки ја неа..

влегов помегу односите на моите родители штитејки ја мајками.и сега останав речиси и без двајцата.

атмосферата е неподнослива,не им се кажува здраво на моите пријатели,секој мој потег се осудува,ило да идам у веце или да седам на интернет,во него гледам само едно огромно зло,сарказам и цинизам без граници..

понекогаш,кога одам на гости кај другарките,со огромен занес разговарам со нивните татковци,и само за момент замислувам дека разговарам со својот..ги слушам со љубов нивните разговори,гледам како разменуваат насмевки,моментот кога таткото и подава на керката 500 за во град е најболен,јас од него последен пат добив пари за во град,така што го избави купчето од џеботи,и ги фрли сите пред моите нозе навредувајки ме..од тогаш ги мразам парите,и го молам бога да ме облече во партали,но да ми даде среќно семејство!
 
Фала му на Бога што го имам мојот татко.Си има маани човекот не е совршен,многу добро му ги познавам и мааните и доблестите како и он моите. Неверојатно сме слични карактерно така што нема потреба да зборуваме ,некогаш со мисла се разбираме.Знае да ме насмее кога најмалку очекувам,ама буквално да паѓам на земја од смеење со некој негов испад.
Ме научи на лекции кои ниеден друг не можел да ме научи.Знам дека е подготвен за жртва од највисок степен за мене.
Никогаш нема да престанам да го сакам.Никогаш!!
 
Абе татко ми е закон!Фаца чоече....Ај лов хим!Цела сум на негоо.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom