Ваши „упс" ситуации

  • Креатор на темата Креатор на темата МрМонтана
  • Време на започнување Време на започнување
Друга интересна ситуација: коа бев на одмор во Швајцарија со сестра ми, и имаше празник некој (1ви Август слават таму, незнам што ден им е нив) и имаше огномет вечерта па отидовме у центар да го гледаме... Али таму гужва невидена, едвај се проаѓа, и ја и сестра ми цело време се држиме за рака кога одиме да не се изгубиме... И одевме низ тоа гужвата, најдовме некое добро место (си ги пуштивме рацете тогаш нормално) и почна огнометот, го изгледавме, се фино... И коа заврши се, викаме ај се враќаме сеа, и сестра ми нели да ме фати за рака (нели да не се изгубиме во гужвата) по грешка фати еден друг човек, еден огромен црнец и почна да го влече со неа и не приметува ништо :pos2: А тој целиот узбунет се чуди кое е детево, кај ме влече :pos2: Ја позади неа се паѓам од смеа, неможев воздух да зеам да и кажам да се сврти лол


ааааааааа ЅВЕР.. кај бе па б аш црнец го нашла хахахахха шо ли си помислил дечкото :)
 
Леле пред некоја година, бевме од школо Маврово...и со една другарка нешо се качувавме до една продавница. и јас така разборвана ко шо бев, си раскажвам нешто, си мафтам со рацеве, објасвам и во еден момент ми се приближува едно чиче у ми вели-моме со кого ми прајш ти муабет? јас го гледам него ко ват д фак и му покажвам до мене-со кристина... и типов ме гледат збунето и се вртам јас ја гледам кики спружена на 10 метри(така кажано) под мене.(уставри типкава се лизнала и се истркалала надолу а јас не ни приметив:tapp: ) леле колку само ме фати срам ко си замислив како само сум изгледала- ко ретардос некој сама со себе си зборвам
 
Не сум сигурна дали сакате да читате за моите упс ситуации... Ама сами си го баравте.

Пааа бев негде осмо одделение, се шетавме со една другарка у центар. И ја уше тогаш почнав да се жалам дека почиња да ми се иде у веце, ама онака многу да ми се иде, и тоа не да мочкам :) И уште ми вика, ајде ќе тргнеме накај дома, ама пешки. И ја ајде трпам трпам, тоа зима беше може минус 10 а ја се препотувам, и без јакна идев од што ми беше топло, челото ми фати роса :) И стигаме на некои не знам 300 метри од дома може, и јас не можев веќе да издржам. А по патот ко што идевме, тоа главна улица беше, и немаше кај да се скријам да завршам работа. И ептен не можев веќе, си се соблеков на главна улица, во едно ќоше што не беше нешто посебно ќошкасто, и таму си завршив работа :) И што е најтрагично, не беше касно, околу 11 саат, навечер. И коли си свиреа, си поминуваа, а моето газе само еден поздрав им прати :salut:

Сакате уште? Ајде, уште. Исто бев основно, мислам негде 7мо-8мо тука негде. Имаше едно дете што беше година дена помал од мене, многу се закачавме. Ама сериозно, не се симпатишавме. И секое гледање имаше по некоја дешавка. И тогаш, ептен нешто ме изнервира, на мал одмор. Не знам, нешто ме перна по глава или така нешто. И јас се напнав, отидов, ја оставив ташната во училна, и се вратив да му вратам. И идам у ходник, го глеам, и пак сакаше некоја заебанција да ми напраи. Ама толку бев бесна, што немаше прилика. И фино, го фатив за коса и го тегнев колку можам најсилно. Ми рече, пушти ме, ништо нема да ти направам. И јас инат, не попуштив и тегнев уште толку да си ја истурам нервозата. И на крај не ми држеа више прстите, и го пуштив. Значи истата секунда, си попив фино шамарче, онака рака ми остана :) И отидов у веце со плачење, се измив, и коа искочив пак он тука беше. И почнав да го бркам низ ходникот, и вајда сме привлекле внимание, сите беа искочени надвор од училните сеир да пукаат. И трчам по него, трчам трчам, и не знам како успеав на прав пат, ама многу фино го излижав подот... Или подобро да кажам, подот фино ме излижа мене :) И секако, после доаѓа делот каде станувам и со наведната глава си се враќам во училна...

И пак не ви е доста?! Уште едно, и доста ви е, ептен ќе си ја уништам репутацијата тука :) Ова се деси нешто у поскоро време, може пред две години. Бевме на стаза, покрај Вардар, со ролерки. Јас, дечко ми, и уште две другарки. И си се возевме фино, све. А јас и дечко ми имавме една финта, дека двајцата со ролерки, он да вози напред и јас од позади да се улетам, он од меѓу нозе да ми ги пружи рацете, јас да се фатам, и од под нозе да ме извлече пред него. И добро беше додека успеваше. Неколку пати се напраивме фраери, сите не гледаа, а у, селебрити :) И тој пат, дека на кривина не го фатив убаво за рацете, а у таа брзина доволно е милиметар да погрешиш и се убиваш на земја, и некако се сплеткавме, и многу убаво се заринкав. Под устата имав фина раничка, што следните 3 недели секој ден кога ќе се погледнев во огледало си се потсеќав на немилиот настан :) А колку ме болеше, да не праам муабет.

Толку, со три треба да сте задоволни, зашто уште на едно ако се присетам ептен самодовербата ќе ми се намали од толку што се имам брукано. Се надевам дека уживавте! :)
 
Хахах се изнасмеав на случкиве. Ова и се има десено на другарка моја, си била у бутик... си разгледувала и случајно се турнала во некој и она по навика `извини` и кога се заврте, КУКЛА хахаха.

А мене вчера...со другарка ајде бе сладолед да јадеме,и ок ајде оваа сакала од чоколадо и го отвара вика `ее овој не е од чоколадо цел` и јас `е не па ти си од чоколадо` и оваа ми вика `ако бев од чоколадо ке ме излижеше ли?` а во исто време еден околу 50 годишен човек поминува и ја слушна и гледа во мене како ке реагирам а јас таква зачудена дека и тој слушналл и ништо не кажувам...збркана ... и у еден момент и двете тоа хистерично смеење ...овај иде надоле и упорно се врти накај нас... ненормална работа ...којзнае шо си помислил човекот
 
Пред неколку години се чекав со една девојка со која идев тогаш, се чекавме во ГТЦ пред Т-Мобиле. И одам јас она веќе таму и збореше со едно девојче до неа. Идам јас се поздравувам со девојка ми правам два чекора се пзодравувам и со другата девојка и уште се преставувам Александар и викам:pos: И ја гледам срамежливо насмеана се вртам накај девојка ми она збунет израз на лицево, продолжуваме неколку чекори понатака и ми вика: Што ти беше форава? И јас и викам: Па не се знаете? Нејзин одговор: Не бе ме праша колку е саат само:pos: И тука смеење наредни 15 минути без престан :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom