...е најмрдната особа на цел свет.
Таа жена не припаѓа у рано титово време бе, превише е либерална, напредна и ха-це, премногу е модерна.

Тоа е една 75 годишна мудра жена која одлично готви селски јадења и ептен профи гата на кафе. Во слободно време, меѓу другото, бае против уроци, уплав и тртки.
Баба ми имала возбудлив живот и секогаш е полна со занимливи приказни кои со душа чекам да ги чујам. Интересното е што поголемиот дел од нејзините приказни содржат бајаги перверзни елементи, што ја праи баба ми јуник у однос на другите конзервативни баби.
Пример, рецимо...
На времето коа се вработила во Козле болницата, прва недела на работа, а она полуписмена млада жена дојдена од кривопаланечко село, таква лост ин спејс... И не знаела како идат работите. Имало у болницата некоја сестра по име Лејла, ја начекала баба ми простичка и земала нешто да ја ремети: „
Слушај Мицо, ако сакаш да те задржат тука на работа ќе мора да се опнеш со управникот“.
И баба ми неписмена жена, од кај да знае, ја сфатила сериозно... Ни две ни три, право кај управникот у канцеларија да му го каже следново: „
Чуј вамо друже управниче, ти к`д си ме запослија не си ми кажаја овој, ја сам дошла туј да работу, не да се ебу!“
Можете да ја замислите реакцијата на кутриот управник.
Сепак, од наведенава ситуација можеме да забележиме дека баба ми меѓудругото е и принципиелна жена.
Баба ми ми ги дава најдобрите љубовни совети на сите времиња. Абе неа треба да ја ставам у темана за љубовни проблеми да им ги решава на децата!
„Ивче, с`с кога ќе идеш у грат, с`с дечкото ли?“
„Не бе бабо, со другарките.“
„А куде ти е дечкото, откачи ли га? Ако сине, такој треба, ти си младечка, дечко повише од две недеље не се чува. Ееее, ти да видиш ја напред* (
на времето, заб. на прев. 
)
ко чарапе сам ги мењала, тогај немааше шљапање, бацување, т`к ако ти гу поземе момчето рукуту у оро, станува ти дечко. “
Како да изманипулираш маж и да му ја затнеш муцката да не би те замарал цел ден со глупости...
„Добренце к`д ќе се расрди (налути, заб. на прев. ), даду му ед`н пут и после миран е цел д`н.“:nesvest:
Ваквите муабети строго во женско друштво само; штом влезат татко ми или дедо ми, одма мења тема и почнува да збори за зелници и серии.
Има околу 75-6 години (не знае ни она точно, и ја запалиле крштеницата у некоја војна), а здрава е ко дрен, работи ко мравка и ги има сите заби до еден, совршено подредени и бели.

Кога мисли дека никој не ја гледа, си шепка сама со себе, а вансериски се занимава и со проучување на лековити билки, што не е изненадувачки за една вака сестрана жена. Малце е стисната за пари, ама добро, никој не е совршен сеа па. :nesum:
Баба ми ми е идол бе.
Другата баба е почината, многу ја сакав, нема многу да се каже за неа.