Вадење пари од Одеск

  • Креатор на темата Креатор на темата ToxicNilex
  • Време на започнување Време на започнување

ToxicNilex

копук
Член од
16 јуни 2012
Мислења
22
Поени од реакции
6
Возраст
35
Здраво дечки,
Изминатиов месец работев на одеск и заработив околу 300 долари, Сакам да знам методите на вадење на парите, слушам дека payoneer skrill се најдобри, но сакам да знам повеќе информации како камати и даноци коишто ги имплицираат payoneer и skrill и каква картичка е потребна за да се извлечат парите.
 
Од Skrll пред 3 дена барав исплата и вчера парите беа легнати на сметка, значи за 2.5 дена. Ми седоа 3 евра провизија(вадев 42 евра) и ги добив на сметка оти картичката не ми е верификувана. Со Виза електрон мислам дека побргу ги исплаќаат само не знам колку земаат провизија.
 
Здраво дечки,
Изминатиов месец работев на одеск и заработив околу 300 долари, Сакам да знам методите на вадење на парите, слушам дека payoneer skrill се најдобри, но сакам да знам повеќе информации како камати и даноци коишто ги имплицираат payoneer и skrill и каква картичка е потребна за да се извлечат парите.
Треба да имаш сметка во некоја од нашиве банки тука, прво и основно. Еве јас ја користам сметката што ја имам во УниБанка.
Јас го користам Скрил за да ги повлечам парите од Одеск, а после од Скрил ги повлекувам парите на мојата сметка во УниБанка. Директно повлекување на парите од Одеск на твојата сметка тука е неисплатливо бидејќи тој трансфер ќе те чини 30 долари.
За да повлечеш пари од Одеск на Скрил, провизијата е 1 долар. За да ги повлечеш после парите од Скрил во твојата банка тука, провизијата е 3 долари, значи рачунај вкупно по 4 долари си во загуба, што на поголеми суми и не е така многу. Јас користам виза електрон картичка од УниБанка. Иначе парите кога ќе ги повлечам од Скрил, на мојата сметка тука ми стигаат отприлика за 4 дена.
Е сега постои и некоја картичка од Скрил ама немам сознанија како се стига до неа, мислам дека се плаќа одредена сума на пари, но не сум се заинтересирал доволно.
 
Се појави нов проблем!
Регистрирав нов скрил акаунт и внесов дебитна картичка но верификацијата беше неуспешна, што треба да направам сега?
 
Имаш ли пари на картичката, за верификација треба да повлече пари, кај мене 90 денари и постоа пак може да си ги вратиш при исплата, ако немаш пари стави си 200 денари на сметка и пробај пак да ја верификуваш.
 
Се појави нов проблем!
Регистрирав нов скрил акаунт и внесов дебитна картичка но верификацијата беше неуспешна, што треба да направам сега?
Како што спомна човекот погоре, при верификација треба да ти скине 2-3 долари, кои потоа ќе ти бидат вратени. Е сега кога ќе ја верифицираш тоа ќе се води како трансакција зашто нели ти кине пари, па ќе треба да отидеш до банка да им го побараш четирицифрениот број од таа трансакција (ќе знаат тие што ти треба), после идеш на скрил и го внесуваш во полето за верификација тој број и тоа е тоа.
 
или да ги повлече на сметата ако е девизна, не бара верификација само што трае процедурате повеќе време мислам
 
Па не знам, јас мислам дека погорните чекори ги направив за мојава дебитна виза картичка.
 
Зборот ми беше да ги повлече на сметката, пишеш IBAN и SWIFT и парите ти стигнуваат на сметка без верификација, после пак можеш да си ги вадиш со картичка.
 
Oд скрил повлеков пари минатиот четврток (не вчера) и до денес парите уште не ми се легнати на сметка, да не повлекувал некој скоро пари од скрил???
 
Треба да имаш сметка во некоја од нашиве банки тука, прво и основно. Еве јас ја користам сметката што ја имам во УниБанка.
Јас го користам Скрил за да ги повлечам парите од Одеск, а после од Скрил ги повлекувам парите на мојата сметка во УниБанка. Директно повлекување на парите од Одеск на твојата сметка тука е неисплатливо бидејќи тој трансфер ќе те чини 30 долари.
За да повлечеш пари од Одеск на Скрил, провизијата е 1 долар. За да ги повлечеш после парите од Скрил во твојата банка тука, провизијата е 3 долари, значи рачунај вкупно по 4 долари си во загуба, што на поголеми суми и не е така многу. Јас користам виза електрон картичка од УниБанка. Иначе парите кога ќе ги повлечам од Скрил, на мојата сметка тука ми стигаат отприлика за 4 дена.
Е сега постои и некоја картичка од Скрил ама немам сознанија како се стига до неа, мислам дека се плаќа одредена сума на пари, но не сум се заинтересирал доволно.
danok kon drzavata nema da platis? mislam deka UJP ke ti pustat pismeno sto treba da napravis
 
Не знам, останува да видиме.[DOUBLEPOST=1413568146][/DOUBLEPOST]
Oд скрил повлеков пари минатиот четврток (не вчера) и до денес парите уште не ми се легнати на сметка, да не повлекувал некој скоро пари од скрил???
Јас повлеков пред една неела, уште не ми се стигнати. До сега не сум чекал повеќе од 4-5 дена.
 
Последно уредено:
Oд скрил повлеков пари минатиот четврток (не вчера) и до денес парите уште не ми се легнати на сметка, да не повлекувал некој скоро пари од скрил???

Јас повлеков во сабота, во понеделник попладне парите беа на сметка.
 
Значи кој малер сум со ова електронскиве трансфери, предходно имав проблеми со пејпал сега како што ми изгледа проблеми и со скрил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom