- Член од
 - 8 јуни 2011
 
- Мислења
 - 4
 
- Поени од реакции
 - 3
 
- Возраст
 - 37
 
Со оглед на тоа дека професијата и воопшто, работата, е главна преокупација на скоро сите, би сакала да го видам вашето мислење на следниве теми.
Средношколци: Која е вашата идна професија во Македонија? Што мислите, колку би можеле да заработувате во нашата земја?
Студенти: Каква е вашата професионална иднина во РМ? Каде и што би можеле да работите со вашиот факултет? Колку, по ваше мислење, компаниите ја вреднуваат вашата диплома? Образование или искуство - што е побитно?
Вработени: Кој е максимумот во вашата кариера? Може ли да се достигне? Сметате ли дека можете да напредувате во фирмата во која што моментално работите?
Невработени: Што кога ќе аплицирате насекаде? Сметате ли дека можеби сте преквалификувани за сите работни места? Дали врските се најбитни? Вреди ли вложувањето во себеси и понатаму?
Без разлика во која група спаѓате, слободно дадете мислење за некоја од другите групи.
				
 а, за ова- дали има место за напредок во фирмата во која работиш- секогаш има место за напредок, освен ако не е човек фирма- и плус секоја фирма очекува сопствените вработени да напредуваат. А преквалификуван човек стварно може да биде за одредена позиција, пример- не можеш стартна работа во финансии да работиш, пример нешто Junior Controlling, а ти да имаш ACCA или CIMA студирано, па и да немаш работно искуство- ќе сакаш да напредуваш одма, а на фирмата и треба човек на таа позиција- и нема да те земе, е тоа го разбирам... Како и да е, и јас ги разбирам од човечки ресурси- им доаѓаат кандидати со секакви квалификации- па може да те прогласат за неквалификуван... Ама преквалификуван- ако ја сакаш таа работа и спремен си да ја работиш подолго време- барем 2-3 години- нема зошто да ти речат.