Успешна кариера во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Марија 925
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јуни 2011
Мислења
4
Поени од реакции
3
Возраст
37
Со оглед на тоа дека професијата и воопшто, работата, е главна преокупација на скоро сите, би сакала да го видам вашето мислење на следниве теми.
Средношколци: Која е вашата идна професија во Македонија? Што мислите, колку би можеле да заработувате во нашата земја?
Студенти: Каква е вашата професионална иднина во РМ? Каде и што би можеле да работите со вашиот факултет? Колку, по ваше мислење, компаниите ја вреднуваат вашата диплома? Образование или искуство - што е побитно?
Вработени: Кој е максимумот во вашата кариера? Може ли да се достигне? Сметате ли дека можете да напредувате во фирмата во која што моментално работите?
Невработени: Што кога ќе аплицирате насекаде? Сметате ли дека можеби сте преквалификувани за сите работни места? Дали врските се најбитни? Вреди ли вложувањето во себеси и понатаму?
Без разлика во која група спаѓате, слободно дадете мислење за некоја од другите групи.
 
Ej abe super ti e temava...bas se mislev...kako moze jas so moevo obrazovanie da ne se vrabotam vo firma so ista tematika, a nekoja si so pedagoshki da mi raboti vo Prokredit???????? do koga ova vaka...ili sum so soodvetno obrazovanie, ali bez iskustvo ( pa kako li samo da go steknam ) ili sum prekvalifikuvana????
 
За секого има место под сонцето... само прашање е дали личноста ќе ги засука ракавите и ќе работи за да се докажи (некогаш и за џабе, да неречам без заработувачка) или ќе дреми со коментарот дека нема работа во Македонија. Никој од дома нема да ти речи бујрум ќе те туриме директор. Се се стекнува со труд.

Друга работа... што мислите, сите ќе работите по професијата? Дај боже да е така, ама не е. И не е тоа само кај нас, секаде во светот е така. И пак се вртиме на погорното... боље ишта него ништа, рекле комшиите на север и се во право. Колку информатичари, економисти, правници има што завршиле па кој работи таксист, кој земјоделец...

Ej abe super ti e temava...bas se mislev...kako moze jas so moevo obrazovanie da ne se vrabotam vo firma so ista tematika, a nekoja si so pedagoshki da mi raboti vo Prokredit???????? do koga ova vaka...ili sum so soodvetno obrazovanie, ali bez iskustvo ( pa kako li samo da go steknam ) ili sum prekvalifikuvana????

Вработи се на некое друго место, а во меѓувреме барај работа во банка... И не ме гледај мене, јас можеби имам вујко владика, па со една песна ги решава проблемите. Гледај ти што можеш да постигниш. А со седење дома, напредокот во кариерата ти е 0.

И нешто околу болдот: немојте да си мислите дека со едно парче хартија (сродно со тоалетна) можете да се сметате за ПРЕквалификовани. Оти животното школо се брои. Што ти пишале во индексот, никој нити ќе те праша нити ќе го интересира.
 
Што е преквалификувам прашувате? Ова е преквалификуван: Одам јас пред 7-8 месеци на интервју во Телеком, сум поминал тестирање и се тоа... И прајме муабет, пошто не се глеаме првпат со тие од HR- и на крај велат преквалификуван си за позицијава... Значи, го држеле местото за друг? Или јас сум "премногу добар" за професијата или работното место??? Како и да е, уште сум со старата работа :) а, за ова- дали има место за напредок во фирмата во која работиш- секогаш има место за напредок, освен ако не е човек фирма- и плус секоја фирма очекува сопствените вработени да напредуваат. А преквалификуван човек стварно може да биде за одредена позиција, пример- не можеш стартна работа во финансии да работиш, пример нешто Junior Controlling, а ти да имаш ACCA или CIMA студирано, па и да немаш работно искуство- ќе сакаш да напредуваш одма, а на фирмата и треба човек на таа позиција- и нема да те земе, е тоа го разбирам... Како и да е, и јас ги разбирам од човечки ресурси- им доаѓаат кандидати со секакви квалификации- па може да те прогласат за неквалификуван... Ама преквалификуван- ако ја сакаш таа работа и спремен си да ја работиш подолго време- барем 2-3 години- нема зошто да ти речат.
 
Јас го достигнав врвот на кариерата и одсега натаму решив да живеам на стара слава.
 
Ја видовте ли репортажата на А1 со дечкото што пасе крави со шумарски Факултет. Е Таква е иднината на нашите интелектуалци во Македонија.За добра работа соодветна на струката или треба вујкоти да е Владика или да бидеш добар смукач во Партијата на власт.
 
Како и да е после завршување на факултет луѓето се ништо повеќе од оние што немаат завршено факултет. После тоа почнува вистинското учење и кфалификација пошто во голем дел од студиските програми само на парче хартија е напишана праксата а реализацијата е сведена миниум(варење кафе, купување бурек и сл).
Како и да е најфрустриран сум од оние фаци кои запишуваат пост-дипломски студии а не знаат ни што студирале и како ги завршиле додипломските студии, а сето тоа го прават само за да го избегнат првиот чекор кон борбата за опстанок во општеството. Секако, секоја чест на исклучоците.
Како и да е верувам дека има каква таква работа во државава. Кој сака да работи секогаш има место под сонцето, не мора по струка, барем некое време додека аплицираш на места кои според тебе се по струката.
П.С
Ако се работи за приватна фирма ондак никој не ти гледа ни политичка партија ни ништо. Само соодветно знаење!
За државна администрација и локална самоуправа....не ни сакам да правам муабет. Се знаат како одат таму работите.
 
Немора по струка Ок ама некој ќе рече зошто сум учил 5 години кога пак ќе бидам келнерпола живот.....Вукјоми е Електро инжињер со 25 години стаж и сега вози Такси...А да беше на Запад немаѓе да се случи тоа???!!
 
Ја видовте ли репортажата на А1 со дечкото што пасе крави со шумарски Факултет. Е Таква е иднината на нашите интелектуалци во Македонија.За добра работа соодветна на струката или треба вујкоти да е Владика или да бидеш добар смукач во Партијата на власт.
А ти дали познаваш некој што студира на шумарски и да им ги видиш познавањата од својата струка?
Имав другар што студираше на тој факултет и одма си најде работа пошто стварно беше стручен во својата работа. Али и тој како што кажа, тоа што го бубаат на факултет не е ниту еден процент од она што се бара на пазарот. Се било застарени методи на работа. Кога ќе видиш самото образование е главен виновник за недоволното познавање на струката!
Ај види колку програмери има што не завршиле електро факултет а колку мал процент излегуваат од тие факултети како ФЕИТ и ПМФ што наводно ги остручуваат студентите!
Не ми прај тапа муабет!
 
кој е тапа муабет бе????Како може шумарски инжењер да работи како кравар.Оди види дали го има тоа во Германија.Колку и да ја познава струката и ич да не ја познава за него има работа со тек на времето ќе се научи, ако се научи ќе напредува ако не ќе биде поттрчко цел живот на некој што се научил ама нема да биде Говедар!
 
Немора по струка Ок ама некој ќе рече зошто сум учил 5 години кога пак ќе бидам келнерпола живот.....Вукјоми е Електро инжињер со 25 години стаж и сега вози Такси...А да беше на Запад немаѓе да се случи тоа???!!
Тој што така вели никогаш нема ни да најде работа. Мислиш дека со 5 години факултет и си спремен да го работиш профи она што си го завршил?! Не ме зезај.
А муабетот со вујкоти,вујко ми и сите такви вујковци и чичковци, родители, што имаме во фамилија, стварно е жално...за тоа друга тема и друг муабет ќе правиме.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:11 PM ---
кој е тапа муабет бе????Како може шумарски инжењер да работи како кравар.Оди види дали го има тоа во Германија.Колку и да ја познава струката и ич да не ја познава за него има работа со тек на времето ќе се научи, ако се научи ќе напредува ако не ќе биде поттрчко цел живот на некој што се научил ама нема да биде Говедар!
Бев во Германија, т.е одам таму често. И го има истото тоа и таму. Немој да мислиш дека во Германија се е розево! Т.Е Во Германија имаш висока школа или хохшуле за говедари :) Да не бегам од темава.
После факултет дефинитивно никој не е спремен за работа, мислиш дека ако имаш диплома за шумарски факултет дека си окфалификуван да ја работиш таа работа?! Треба ПРАКСА!!! ПРАКСА!!! Ама никој не сака да се замара со пракса.
 
малко си напнат типче ќе треба да земеш нешто за смирување....
 
малко си напнат типче ќе треба да земеш нешто за смирување....
Чекај од каде ова воопшто? Јас напнат? :)
Не ме зезај, не сум воопшто напнат. Јас го мислам спротивното, дека тебе ти треба нешто за смирување барем по тоа што го читам како ги постираш одговорите....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom