

Еве нешто смешно. Незнам колку е практично ама flashbag е USB флеш драјв со микро пумпа. Големината на драјвот се зголемува во зависност од тоа колкава количина на податоци има во него. Кога драјвот e готов да експлодира се појавува познатата порака на екранот "There is not enough free space". Дури и кога е исклучен усб драјвот останува напумпан за да можеш со голо око да одредиш уште колку место имаш за снимање на музика, клипови, слики, документи и други фајлови. Ме интересира само дали ако ставиш премногу фајлови ќе експлодира
