Урината – гориво на иднината?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Manga
  • Време на започнување Време на започнување

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.824
Поени од реакции
5.306
Локација
Astral
sps_urina-gotrivo-idnina.jpg
Од Универзитетот во Охајо стигна интересна вест дека неговите научници до крајот на оваа година на јавноста ќе и претстават прототип на автомобил погонуван од урина!

Поточно, се работи за автомобил кој користи водород како погонско гориво, т.е работи на горивни ќелии, но водородот ќе се добива од урина, односно уреа ((NH2)2CO).

Зошто? Затоа што овој извор е побогат со водород од водата, така што за негово добивање (дестилација) потребно е да се издвои само четвртина од енергијата која се троши кога за истата постапка како извор се користи водата. Причина за тоа е фактот дека врската со азотот е послаба од онаа со кислородот, па со користење електрода на база на никел за електролитско издвојување на водородот потребно е 0,37 V напон, додека од водата 1,23V.

Поекономичниот начин на добивање на водородот би секако водел до поголема прифатливост на автомобилите задвижувани од горивни ќелии, а оваа технологија исто така би се користела и во други цели - на пример, со неа би се задоволувале потребите за енергија на обичните домаќинства и слично.

Извор: KOLI.COM.MK

Е ова би било нешто ...сите ќе си имаме сопствено гориво ...:uvo:
 
Па дај боже, чул те Господ! Барем да не си ја фрламе мочката у шолја за џабе. :)
 
Абе мочката треба у хемиски процес, не може да мочкаш у резервоар директно...
 
Абе мочката треба у хемиски процес, не може да мочкаш у резервоар директно...

И јас мислам дека прво треба да се преработи неможе тоа туку така да е така сите че се дуеме со вада и че полниме шишиња за да се возиме после .Дај боже да е така ама не верувам
 
Не се секирајте има кој да моча во светов... нема да се собира мочка од луѓе, доволни се животните што се одгледуваат во шталски тип.

Битното што е, (освен што ке не натераат да купиме нови возила или да вградиме fuel cell system) пак ке има некој што ке продава урина (исто ко арапине нафта), пак ке има некој што ке ја преработува (големите рафинерии низ светот) и пак на просечниот граѓанин ке му го наплаќаат горивото евро за литар :toe: Како и да се пучиш, секогаш ке се најде некој да ти го бапни.
 
Паметно кажано.И да напраат да пљукнеш за да возиш па ќе се најде некој паметен ке отвори бизнис.Абе к'на народ сме.Лаком гз трагедија.
 
Паметно кажано.И да напраат да пљукнеш за да возиш па ќе се најде некој паметен ке отвори бизнис.Абе к'на народ сме.Лаком гз трагедија.
Па види вака, некој мора да биде во ќар од тоа. А кој друг ако не светските моќници? Се знае дека јас ти или некој друг нема да се збогати, ке се збогатуваат оние кои што ке имаат доволно кеш да ја финансираат авто индустријата да се преориентира од нафта (фосилни горива) на некој трет извор.
 
Џиш сосема си во право..Ќе ни ја зимаат урината ќе ја преработуваат и на крајот пак ќе ни ја продаваат:toe:Добро е тоа што се бара замена за нафтата..Па макар тоа била и урината...
 
Синоќа кога бев во ВЦ ми текна на ваква работа... еве некој веќе измислил. ЛоЛ

Најголем извозник на урина за автомобили, ќе биде државата со најмногу домови за универзитете. :) ЛоЛ
Журка + Пиво = Добра економија и заштита на планетата. :)

п.с. Имајте на ум дека веќе ќе ни требад 2 ВеЦиња... едно за голема, едно за мала. ВеЦе-то за мала ќе биде поврзан со нафто... ова уриновод до рафинеријата. :)
 
Шубаво.
Сите улици на урина ќе мирисаат ако не друго..:jaj:
 
Абе мочката треба у хемиски процес, не може да мочкаш у резервоар директно...
Може, ако горенаведениот систем за преработка се стави во колата и се напојува со акумулатор...си мочкаш во резервоар, мочката се преработува, водородот оди во друг резервоар, остатокот надвор и ти корне цел двор на мочка без водород. :)
 
Шубаво.
Сите улици на урина ќе мирисаат ако не друго..:jaj:
Читни малце што пишува погоре... автомобилите ке согоруваат ВОДОРОД + КИСЛОРОД од воздухот издувен продукт = вода.
Затоа што овој извор е побогат со водород од водата, така што за негово добивање (дестилација) потребно е да се издвои само четвртина од енергијата која се троши кога за истата постапка како извор се користи водата. Причина за тоа е фактот дека врската со азотот е послаба од онаа со кислородот, па со користење електрода на база на никел за електролитско издвојување на водородот потребно е 0,37 V напон, додека од водата 1,23V.

Така да ти уствари никаде и нема да ја видиш урината каде оди... а не пак да ја помирисаш.
 
Замисли си одиш накај дома а празен резервоарот!:vozbud:

Првиот шо мине му викаш:

- Ш, шшш, батка ај ако сакаш џорни малце и резервоарот да си идам до дома!:vozbud::pos2:
 
Замисли си одиш накај дома а празен резервоарот!:vozbud:

Првиот шо мине му викаш:

- Ш, шшш, батка ај ако сакаш џорни малце и резервоарот да си идам до дома!:vozbud::pos2:

Ако даеш кутија Marlboro-бело, ќе свршиме работа. Ама немој после да ме викаш и за туркање, :pos2:
 
Ако даеш кутија Marlboro-бело, ќе свршиме работа. Ама немој после да ме викаш и за туркање, :pos2:

Ехееее Брат, ја за тие пари купувам две Скопски ладни и тоа, и сам си го полнам резероварот!:kesa::toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom