Употреби ја твојата #ГорскаЕкоЛогика и освој таблет :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.395
Поени од реакции
35.036
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Кајгана креатива, Горска организира интересен натпревар на кој може да се приклучите и да си освоите таблет :)

Горска вода го објавува стартот на својот еколошки натпревар, во кој сите креативни и еко-свесни учесници ќе можат да и дадат нов живот на искористената амбалажа и за своите креации да освојат таблет или други вредни подароци од палетата на Горска.

Овој интересен проект, кој паралелно се одвива на двете социјални мрежи Facebookи Instagram, има цел да ја подигне еколошката свест кај потрошувачите, овозможувајќи им да ја докажат својата креативност и да го дадат својот придонес за животната средина преку изработка на корисни креации од веќе искористените шишиња на производителот.

eko-promoted.png


Натпреварот не се фокусира на одредена тема или изум кој може да произлезе од искористената амбалажа, па така употребените шишиња може да се искористат за создавање на декорации, уметнички дела, накит и акцесоари, разни гаџети, помагала, светилки, скулптури, соларни колектори или било какви корисни креации кои на амбалажата ќе ѝ дадат втор живот.

Facebook корисниците кои сакаат да учествуваат во натпреварот треба да ги пријават своите креации во апликацијата која се наоѓа на фан страницата на Горска вода(https://www.facebook.com/gorskavoda) во табот #ГорскаЕкоЛогика. Instagram корисниците пак, доволно е да ги споделат своите креации во вид на јавна објава која ќе го содржи хаштагот #ГорскаЕкоЛогика, по која фотографиите автоматски ќе се појават и во апликацијата на Facebook фан страницата на Горска вода.

Натпреварот трае 4 седмици (од 23. ноември до 20. декември) и најдобрите учесници ќе бидат наградени со вредни подароци за нивниот труд. Учесниците чии креации ќе бидат рангирани од 1-во до 4-то место ќе добијат таблети, додека креациите кои ќе ги завршат од 5-то до 10-то место на ранг листата ќе бидат наградени со подароци од палетата на Горска.

Објавувањето на креации е веќе започнато! Размислувајте логично, искористете ја вашата #ГорскаЕкоЛогика и дајте им нов живот на искористените шишиња од Горска и Гора! Споделете ја вашата креација на Instagram со хаштаг #ГорскаЕкоЛогика или прикачете ја во апликацијата на Facebook фан страницата на Горска вода и дајте го својот придонес за почиста животна средина.

За повеќе информации, посетете ја фан страницата на Горска вода.

Виа -> http://kajgana.com/upotrebi-ja-tvojata-gorskaekologika-i-osvoj-tablet
 
а победува тој што има најмногу лајкови?
 
а победува тој што има најмногу лајкови?
Не баш, токму поради тоа што битна е креацијата - а не бројот на пријатели.
3 таблети се од жири (не влијаат гласови), а еден од публика (гласови) :)
 
Прво сакав да учествувам ама кога видов каков срање таблет доделуваат сфатив дека ни 5 минутен труд не се исплати да вложиш во ова.

GOCLEVER Terra 70L
:icon_lol:
 
Прво сакав да учествувам ама кога видов каков срање таблет доделуваат сфатив дека ни 5 минутен труд не се исплати да вложиш во ова.

GOCLEVER Terra 70L
:icon_lol:
Не е ајпад, ама за форум ќе заврши работа :)
 
Не го бива и за форум тежок џанк е таблетов

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom