Уличен (чаршиски) факултет

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Инспириран од еден муабет помеѓу моите другари, темите беа различни но сите беа поврзани за она што се случувало во минатото по улиците, интересни и жални случки.

Јасно е дека голем дел од нашиот начин на размислување, снаоѓање потекнува од таму од улицата... од она место кое сите ние го нарекуваме чаршиски факултет, оној факултет кој постојано се студира, постарите велат дека тој е и најбитниот факултет бидејќи за да го искористиш до максимум оној факултет од кој добиваш диплома за да имаш успех и кариера мораш да поседуваш знаење и од уличниот...


Што добиваме од улицата?
Карактерни особини?
Се оформуваме во личност по кој утре ќе не препознаваат?
Дали сите мали ситници што сме ги згрешиле така ќе не памти народот?
Спрема мене за да започнеш бизнис во градот каде што живееш мораш да си дел од тие улици за да имаш поуспешен бизнис. - Според Вас дали е тоа вистина?
Што е со другарите од тие улици?
Поспособни сме?
 
Глупости. Само може да се тешат тие шо не се високо образовани дека имаат некаков "факултет"
 
Хм интресна и многу битна работа е чаршискиот факултет..јас тоа го сваќам како..да запознаваш нови фаци..да шеташ наваќе натакај....да небидеш муле затворено дома....
 
Глупости. Само може да се тешат тие шо не се високо образовани дека имаат некаков "факултет"

Жити се каде напишав дека е ова тешење?
Ти не си излагал на улица не си се тепал не си се снаоѓал?
Не реков дека не треба човек да има високо образование, туку зборам за она што го викаат уличен “факултет“.
 
Жити се каде напишав дека е ова тешење?
Ти не си излагал на улица не си се тепал не си се снаоѓал?
Не реков дека не треба човек да има високо образование, туку зборам за она што го викаат уличен “факултет“.

Извини не те сфатив.
Спрема мене за да започнеш бизнис во градот каде што живееш мораш да си дел од тие улици за да имаш поуспешен бизнис.

Oва ме измеша...
 
Да, така јас мислам, за да започнеш нешто во својот град со твојата диплома мораш предходно да бидеш познат ( доктор или било што) ако си само почетник мора да те знаат... а да те познава некој се знае тоа е од улицата...

Спомнав професија доктор, колку беше потписи за да отвориш ординација 600?
Ете пример. :)
 
Ако нешто е последица на уличниот факултет тоа може да биде снаодливоста и ништо друго.
Иако е многу важно да си снаодлив у животот - манири и култура не се учат надвор на улица.
Уличниот факултет џабе зборат дека е битен кога она кое денес се цени не е тоа како си растел, дали народот те сака или не.
Важно е само да имаш титула пред името и малку појаки врски.
 
Прв пат слушам дека требало потписи за ординација да отвориш, и не мора да те знаат за да си успешен доктор туку ти треба квалитет. А квалитетот лесно после се дознава, тоа може да ти пали ако имаш селски/маалси кафич и да ти идат другарите и да праиш журки.
 
Јас тоа го сметам само како бонус плус, за успех покрај тоа што имам образование. Самостојно "уличниот факултет", не може да те однесе до респектабилна позиција во општеството, освен ако локален фраер е некоја јака позиција.
 
Тој е најважен затоа што после дипломирање на официјален факултет и успешно барање и не најдување на работа тоа и останува.


Инаку јас сум со таков факултет друг и не ми треба, знам дека оваа изјава моја на некои ќе им изгледа неверојатна ама тоа е вистината.
Песна за македонскиот студент :icon_lol::



--- надополнето ---

Јас тоа го сметам само како бонус плус, за успех покрај тоа што имам образование. Самостојно "уличниот факултет", не може да те однесе до респектабилна позиција во општеството, освен ако локален фраер е некоја јака позиција.

Фраер сум бе шо ми фали :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, се зезам хммммммммммммм скромност малку :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Џабе ти е факултет ако не си отракан и снаодлив.
 
Нема уличен факултет, има уличари.
 
Стварно еве бе иднината е во студентите образованието тука е надежтта, а да ве прашам за што се имате изборено како студенти едно здружение немате независно да не е поврзано со политичка партија, кога имате избори таму за претседател тнтара пнтара јавна тајна кој е од ВМРО кандидат кој од СДСМ. Немате свесност за критичко размислување само како овците на клипот стоите миииииииииииирно потпис професоре ве молам колку ви чини книгата о тоа ваше бесмртно стручно дело сакам да ја купам за да бубам од нејзе напамет повторувајќи ја хипнотички материјата во нејзе и како папагал да ја повторувам без да го проверам тоа практично....
 
Ова само во македонија пали зошто имаме мали градчиња и секој со секој се знае и затоа може да ти биде мал бонус....не верувам за другите места.... ако си добар во нешто тоа ќе се слушне и надалеку преку добра работа и труд а не како тоа кај нас што се прае со врски...
 
Ова само во македонија пали зошто имаме мали градчиња и секој со секој се знае и затоа може да ти биде мал бонус....не верувам за другите места.... ако си добар во нешто тоа ќе се слушне и надалеку преку добра работа и труд а не како тоа кај нас што се прае со врски...

Труд работа и да се ќути и да се трпи беееееееееееее меееееееееееее :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom