Улцерозен колит или чир на дебелото црево

  • Креатор на темата Креатор на темата Yo Blow
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 март 2008
Мислења
2.630
Поени од реакции
1.977
Возраст
36
Е вака сега. Веќе 7 години сум со оваа болест, чир на дебелото црево и во март е закажана операција за отстранување на дебелото црево и за конечно прекинување на сите маки кои се проследени од оваа чума.

Јас би сакал да прашам, ако некој од форумов има искуство со оваа болест, односно, ја имал оваа болест и ако имал операција како му било по неа?

Колку време мирувал, што јадел и слично. Или можеме и по пп да размениме скајп-мсн за да поразговараме.

Јас инаку сум на некој начин среќен што ќе ми прават операција бидејќи веќе нема да ми се повтори оваа чума, иако сум и малку исплашен, ама тоа е нормално.
 
Е вака сега. Веќе 7 години сум со оваа болест, чир на дебелото црево и во март е закажана операција за отстранување на дебелото црево и за конечно прекинување на сите маки кои се проследени од оваа чума.
За отстранување на дебелото црево? Целосно?
 
Не е можно друже
Едит: иначе и мене пред 3 години ми беше најден чир на желудникот, пазам колку што можам што јадам, боли повремено, пијам ранитал... се живее.
Муабетот ми е, што е толку неиздржлив за да се откажеш целосно од дебелото црево (ако не си грешка за ова што го велиш)?
 
Yo Blow!
Нема шо да се плашиш,операцијата ќе помине и ти ќе се ослободиш од болките, после некое време ќе одмараш и ќе бидеш како нов.
Откога ќе заврши сето тоа ќе видеш дека воопшто не било толку страшно колку што си го замислувал. Поздрав
 
не сум грешка, целосно се отстранува. инаку неиздржливо е бидејќи губам многу крв, слабеам во се, така да тоа не е нормален живот воопшто.

затоа и ќе одам на операција. доста трпев 7 години
 
Како е можно отстранување на дебелото црево целосно ??...

:icon_conf:
 
Не е возможно да се отстрани целосно дебелото црево, во него има посебна микрофлора за искористување на храната и создавање на изметот и нормално, задржување на истиот без тој да испушта токсини преку ѕидовите на цревото.
 
Дебелото црево се вади , возможно е , не какајте коа не знаете, наместо дебело црево се става вештачко црево, со многу пиење јогурт витамини минерали и такви работи почнува да ја врши истата функција коо што ја вршело дебелото црево. Со среќа друже, ке биде се таман ;)
 
Како вештачко црево со пиење на јогурт ќе постане живо?
 
Не знам, чичко ми имаше тумор и го извадија и така се лечеше првиот месец. Ке соберам повеќе информации па ке ти кажам.
 
Имам крв, да. Дебелото црево се вади и не се заменува со вештачко, се поврзува тенкото црево и тоа продолжува да ја врши функцијата на дебело црево.

Разлика ќе има само по бројот на одења во вц на ден, околу 3, оти тенкото црево не држи ко дебелото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom