outcast
login: failed!
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 424
- Поени од реакции
- 8
Денес ми е еден од оние денови кои многу ги мразам. Знаете, кога се` добро ќе почне, и во одреден момент работите почнуваат да ви одат надолу и не знаете кога тоа ќе престане. Едноставно, ви изгледа дека секоја работа што сте наумиле да ја направите, ќе ја направите погрешно. Е во такво расположение, “кога се` ми дојде до нос“ излегов до центар да го избистрам мозокот. Обземен од апатијата поттикната од она што ме опкружува, како и неизбежниот балкански простотилук кој упадливо ги провоцира моите сетила, стигнав до плоштадот. А таму, скоро во самиот центар, Уки и Шпиц, со својата скромна музичка опрема ја свират Plastic Fantastic Lover од Jefferson Airplane, по некој случаен минувач застанува да ги ислуша и им остава по некој денар во гитарскиот куфер.
Лежерно, спонтано, меланхолично. Им оставив 10 денари и се тргнав настрана да ги послушам. Додека стоев и ја слушав музиката, се почувствував како да не се наоѓам во Скопје, наеднаш се` ми изгледаше многу поцивилизирано, самиот амбиент кој го создаваа неверојатно добро ми годеше, а и расположението рапидно ми се измени.
Можам да кажам дека овие двајца рокери, кои многумина ги сметаат за клошари и бездомници буквално му даваат душа на градот, и ако ништо друго, го прават да изгледа поевропски. Не верувам дека некој скопјанец не ги знае, па ме интересира како вие ги доживувате. Сигурен сум дека и по 30 години ќе се сеќавам на нив, и тоа ќе биде во мојата архива на позитивни сеќавања и добри моменти. Дечки, секоја чест.
*Извинете за поголемото интро