УЕФА Футсал Куп 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.366
Е сега кога го видовте насловов сигурно си рековте "Шо кур, кој нормален прати футсал у земјава?"

Е па..има и такви што гледаат футсал во државава...јас не сум еден од нив, ама има и посебна причина зошто ја отварам темава.

Македонија има свој претставник во најдоброто Европско футсал натпреварување. Тоа е екипата на Железарец.

Железарец за да се квалификува во главната фаза мораше да биде прв во квалификациската група што се изигра во Скопје. Во мечевите против естонската Аугур и израелскиот Бен Гурион 'нашите' забележаа две победи (4-0 во првиот и 3-2 во вториот меч) како прво пласирани стигнаа до главната фаза на Футсал купот. Имено имавме и малку среќа во квалфикациите бидејќи Железарец беше во една од трите квалфикациски групи што имаа по три наместо четири члена.

И сега супер, доаѓа време за главна фаза и да гледаме како Железарец го јаде од појаките европски екипи така ? Е па не.


Ова натпреварување е веќе започнато (па и ЛШ е започната де...ама сигурно нашиве го јадеа така? Па и не баш)

Во главната фаза Железарец се падна во група со словачката екипа Слов-матик Братилсава, Ајндховен од Холандија и Сиеви од Финска.

Во футсалот секоја група се одржува еден викенд кај екипа домаќин. Во овој случај таа земја беше Словачка. Првиот ден во групата се одржа во средата. Во првиот меч Сиеви ги победи Ајндховен 5-3, а Железарец за жал изгуби од домаќинот со истиот тој резултат 5-3.

Во четвртокот Железарец беше подобар од Ајндховен со 6-3 а Словматик ги издоминираа Сиеви за победа од 6-1. Што би се рекло се се решавало вчера.

Сиеви од Финска против Железарец од Скопје, меч за 1/8 финале во Футсал купот.

После 20 минути (едно полувреме) финците водеа со 2-1.

Во второто продолжение продолжија да не полнат за да поведат со 4-2 после 28 одиграни минути. И тука завршува европската приказна на Железарец така ? Well..

Со серија од 3 гола за 2 ипол минути Железарец поведе со 5-4.

На 3 мин и 20 секунди до крајот Финците израмнија. И на 28 секунди пред крајот на мечот човекот што има ист кум како Мадона и Шер - Даниел го постигна голот за 3 бoда.


Што значи Железарец влезе во ЕЛИТНАТА РУНДА (не стварно, така се вика наводно..) на УЕФА Футсал купот за оваа сезона.

Таму освен Железарец се наоѓаат уште 15 други екипи, 11 од кои беа први или втори во групната фаза и 4 екипи што поради некоја причина (Каират Алмати се актуелни прваци а другиве..неам појма зошто..) директно влегуваат во оваа главна фаза (а тоа се Каират Алмати од Казахстан, Тулпар Караганди од Казахстан.....машала казахстанциве..Економац Крагуевац од Србија, и Интер од.......ШПАНИЈА....o_O Кога сме кај вакви имиња на екипи годинава Баку Јунајтед направи историја за својата земја и стана прва екипа што играла на натперварувањево а доаѓа од....АНГЛИЈА...)

Ждребот за Елитната рунда ќе се одржи на 14ти октомври. Во Елитната рунда домаќини ќе бидат овие 4 екипи што ги спомнав погоре. Ќе бида домаќини на 4 групи со по 4 екипи (Домаќин, две екипи што биле први во групната фаза и една второпласирана) (или...Домаќин, една прво пласирана и две второ пласирани екипи)

Во елитната рунда само победниците од сите групи ќе влезат во Фајнл Фор турнирот што ќе се одржи догодина.


Инаку Железарец не ни имаат своја Википедија страна, а и ретко некој да спомнал на спортски вести за ова (можда и спомнале а не сум чул), така да навистина треба да се радуваме за овој каков таков успех што во фудбалот нема ни за сто години да го направиме.

Историја во натпреварувањето:

Железарец и лани се квалифуква за групната фаза на ова натпреварување каде што завршија последни со 3 порази од 3 меча.

Во 2013-2014 не ги помина квалификациите.

Во 2012-2013 стигнаа до групната фаза каде што изгубија 3 од 3 (меѓу поразите беше и 8-1 од Економац Крагуевац екипа што еве годинава е потенцијален противник)

Во 2011-2012 не ги помина квалификациите.

Во 2010-2011 стигна до групна фаза каде што пак имаше скор од 0 поени.

Во 2009-2010 не ги помина квалификациите.

А пред тоа во 2008-2009 во нашето деби во ова натпреварување Елита од Тетово не ги помина квалификациите.
 
Сите овие што играат во Железарец си прават две екипи и секогаш на фудбалските турнири во мал фудбал низ цела Македонија се пријавуваат и тепаат се живо и логично на крај си ги делат парите..Колку се,13-14 луѓе,таман се прават две екипи и секогаш они стасуваат до финале,со подршка на судиите нормално,и ако наградата е 100.000 денара,си прават есап и си ја делат..
 
Шо знам, вака како човек што не прати ова ептен, штом стигаат до топ16 во Европа сигурно си тепаат реално и во Македонија а не со помош од судии..
 
^
Одлична екипа се Железарец уиграни се ептен ги имам гледано повеќе пати , доваѓаат и на турнирот во Радовиш веќе 3 години и никако да го освојат публиката ептен е против них кога и да игра а зошто незнам :D два пати во финале изгубија еднаш во полуфинале , иначе у Радовиш 180.000 е за прво место.
 
^
Одлична екипа се Железарец уиграни се ептен ги имам гледано повеќе пати , доваѓаат и на турнирот во Радовиш веќе 3 години и никако да го освојат публиката ептен е против них кога и да игра а зошто незнам :D два пати во финале изгубија еднаш во полуфинале , иначе у Радовиш 180.000 е за прво место.

Оти однапред се наместени утакмиците,однапред се штелуваат ждрепките,за тие две екипи од Железарец никако да не се паднат,по групи или слично,туку да играат во финалето..И во Велес го поебаа златен турнир,од Куманово,Скопје,Штип,од секаде имаше екипи,публика,народ скари,пива,фрижидери,сега одвај 8 екипи се собраа,се Велешки..
 
2:0 пораз, очекував поголем.... солидно отворање ако може така да се нарече...
 
Денеска почнал турнир во Борис Трајковски од Футсал купот, Железара изгубиле 0-5 од Феникс претставник на Косово. Во групата се уште и екипи од Азербејџан и Грузија
 
Последно уредено:
Пропадна Железарец, цела екипа отиде во футсал клубот кој Скенедеровски го основа во Велес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom