Најпрво честитки за Албанија, и со среќа нека му е на ЕП! А некои членови на форумот да престанат да глумат плачип*чки и српски портпароли, бидејќи ако се развееше Обединета Македонија на сред Атина ќе излезеа да слават по улиците како што вообичаено слават кога Македонија ќе ја победе Грција во било кој спорт!
Значи еднаш засекогаш мора како народ да сватиме дека ова е БАЛКАНОТ и тука имало има и ќе има провокации! Едноставно некои народи си имаат свои национални интереси и се спремни на секој начин да ги спроведуваат, па макар го дале и газот под кирија. Ако ова не ни е по ќеиф можеме само да се жалиме во „Водовод и бањи“ и ништо повеќе со менталитетот кој го имаме!
За разлика од нас Грците знаат како се брани химна, знаме, територија и др. Па нека не не чуди зошто не
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП ВО ГЕРМАНИЈА
Европскиот првак Грција поразен во Тирана
По поразот во Грција дојде до серија тепачки меѓу симпатизерите на двете репрезентации во кои има еден загинат и многумина повредени
Еден загинат навивач и многумина повредени е билансот по судирите меѓу грчките и албанските навивачи, во Грција, откако актуелниот европски фудбалски првак, со пораз стартуваше во квалификациите за Светското првенство во Германија, на гостувањето во Тирана, против Албанија (1-2).
Веднаш по победата над Грција, албанските емигранти во земјата организатор на Летните олимписки игри, излегле по улиците за да ја прослават победата на својата репрезентација
. Ова било протолкувано како провокација од страна на домашните навивачи, кои лути поради поразот почнале тепачки со албанските навивачи.
Најголемиот инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, каде еден грчки навивач со нож нападнал тројца Албанци, при што на едниот му нанел смртни убоди, а останатите двајца завршиле во болница. Нереди имало и во грчката престолнина Атина, во Солун и на Крф. Солунската полиција успеала да ги спаси од линч тројцата Албанци кои се возеле со развиорени албански знамиња во еден автомобил. Грците го запреле автомобилот, ги извлекле Албанците и почнале да го кршат возилото. На Крф биле уапсени неколку Албанци, додека на главниот плоштад во Атина, Омонија, полицијата била принудена со шок-бомби да ги растера десетиците Грци и Албанци, кои се подготвувале за меѓусебен "дуел". Пред да реагира полицијата еден Грк и четворица Албанци завршиле во болница по убоди од нож. Тепачки имало и во Пиреа каде домашните навивачи веднаш по првиот гол во Тирана започнале да ги бркаат Албанците, при што во метежот биле повредени неколку лица. Грчките навивачи ваквиот гнев кон Албанците го наведуваат како одмазда, бидејќи албанските навивачи го каменувале автобусот на гостинските навивачи во Тирана, а домашните навивачи ја исвиркувале и грчката химна пред почетокот на мечот.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2551&stID=39406
По овие настани никогаш повеќе Албанските емигранти во Грција не излегоа на улиците да прославуваат победи со Албански знамиња и со извици за Голема Албанија на сред Грција!
Ова само чисто информативно, дека за година и пол на Филип II арената ќе „гостува“ репрезентацијата на Албанија. Ако толку ви сметаат Албанците што слават успех на Албанија, тоа е рецептот. Чисто информативно за да не ќењате и тогаш на форум и да упропастувате теми!