Реално да ги согледаме работиве. Вие пред натпреварот имавте 4 бода, а Србија 1. Репрезентацијата им е катастрофа зашто не ја составува тренерот, туку менаџерите. Можевте да им извлечете барем нерешено, можеби и ќе победевте.
Плус, Србија допрва треба да игра со Данска и Португалија. Огромна шанса да ја оставите Србија зад себе и да обезбедите барем трето место кое ќе ве одведе во баражот, а можеби и второ кое би ве одвело директно на ЕП.
Сега поради некој идиот кој плукна на успесите на албанските репрезентативци против Португалија и Данска, Србија ќе го добие натпреварот со 3:0, a неколку албански репрезентативци парично ќе бидат казнети, можеби и суспендирани на следните неколку меча. А вие тој човек го славите. Славете го повторно кога Србија ќе игра бараж, а репрезентацијата на Албанија ќе ги гледа од дома, благодарение на тој "херој".
Тој "херој" ги спаси Србите од бламажа, а ги закопа Албанците. А вие го славите. Со кој памет?