Можеби е глупо прашање, но зошто го немаше Нигериско-Канадскиот дефанзивец со најдоброто Јапонско презиме Фикајо Томори во составот на Англија, не ја пратам Серија А толку, па можеби Серија А екипата знае повеќе.
Пошто Англија моментално има бајаги солидни штопери што оваа сезона изиграа на одлично ниво у Премиер Лига, а таквите обично добиваат предност. Мегваер и Стоунс се топ комбинација у поглед на стил на игра, Мингс беше топ за Вила, Коуди искусен капитен за Волвс и погоден за коа играат со тројца штопери, а Вајт иако дојде како замена коа се повреди Трент е еден од најдобрите проспекти у Англија моментално. Сигурен сум дека и Гомез да не беше повреден ќе конкурираше.
Томори би дошол после сите овие, и тоа има уште неколку штопери кои се околу тоа ниво.
Вака коа набројувам, за разлика од некоја си златна генерација на Англија што била порано, овојпат мислам дека се бајаги квантитативно исполнети на сите позиции. И покрај тоа што имаа супер стартна 11ка, на секоја позиција имаат уште неколку играчи кои можат да влезат у тимот и да вадат добри резултати. За светското би требало да биде интересно како ќе се исцрта составот.