UEFA EURO 2020 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе Лукаку :facepalm: Кејн, Роналдо, Долберг, Шик сите заслужија пред него
 
Како бе Лукаку :facepalm: Кејн, Роналдо, Долберг, Шик сите заслужија пред него

Долберг заслужил пред Лукаку? Сериозен си? Другиве не ги коментирам да не испадне реферат ама не беа ништо подобри од Лукаку. Роналдо ама баш ништо не покажа ова ЕП. Особено против Белгија, потона.
А зашто баш за Лукаку се фати а не Киеза?
Или Киеза е заслужено пред Роналдо и Кејн а Лукаку не е? Да те потсетам ако не памтиш, Киеза не беше стартер се до третиот натпревар, а и против Австрија влезе при крај. Не го оспорувам неговиот квалитет, машина е дечкото ама сереш без везе затоа што Лукаку е играч на Интер.
 
Роналдо со самото тоа што е најдобар стрелец заслужи да биде во тимот, иако не изигра ништо посебно. Дури според мене Шик заслужи повеќе од него, одигра ненормално првенство, сам ја влечеше Чешка. Ама колку Роналдо се покажа, толку и Лукаку. Што изигра па тој? Против Италија не постоеше, камен беше, празни голови промашуваше.

А Киеза е сосема заслужено овде, кога беше најтешко за Италија беше прав лидер напред. Даде 2 важни гола, гледај го импактот, не колку играл. И во финалево беше најдобар додека беше на терен. А и не знам кое крило па се покажа толку да биде место него.
 
И за мене Шик пред Лукаку. Не дека Лукаку беше лош, ама Шик беше пријатно изненадување на турниров плус Лукаку пак разочара у битна утакмица.

Роналдо не е у тимот пошо доби за најдобар стрелец, сакаат сите да ги опфатат.

Киеза заслужено е у тимот, нема потреба од дискусија тука не знам што го спомнувате.
 
Шик прв стрелец заедно со Роналдо. Го постигна можеби најубавиот гол на турнирот, гол во осминафинале, гол во четвртфинале, со Чешка. Не знам што требаше повеќе да направи..
 
Кејн бе :icon_lol: со два гола против големата Украина.

Moжда можеше Шик стварно, немаше да згрешат.
 
Уште една небитна работа што ќе ја прочитате.

Прв пат, барем на овој форум, хм_хм го има ставено Киеза во најдобри 11, тогаш за во италијанска лига, за првиот дел од сезоната. :)

Мислев дека ќе се покаже полошо во Јуве, но и покрај таа иритантна, лигава, плачипичкарска фаца, мора да признаам дека ми се свиѓа како игра.
 
Инаку Перди и Киеза дефинитивно позитивни изненадувања на првенствово. Португалците во главно потфрлија.
 
Можеби е глупо прашање, но зошто го немаше Нигериско-Канадскиот дефанзивец со најдоброто Јапонско презиме Фикајо Томори во составот на Англија, не ја пратам Серија А толку, па можеби Серија А екипата знае повеќе.
 
Пошто Англија моментално има бајаги солидни штопери што оваа сезона изиграа на одлично ниво у Премиер Лига, а таквите обично добиваат предност. Мегваер и Стоунс се топ комбинација у поглед на стил на игра, Мингс беше топ за Вила, Коуди искусен капитен за Волвс и погоден за коа играат со тројца штопери, а Вајт иако дојде како замена коа се повреди Трент е еден од најдобрите проспекти у Англија моментално. Сигурен сум дека и Гомез да не беше повреден ќе конкурираше.

Томори би дошол после сите овие, и тоа има уште неколку штопери кои се околу тоа ниво.

Вака коа набројувам, за разлика од некоја си златна генерација на Англија што била порано, овојпат мислам дека се бајаги квантитативно исполнети на сите позиции. И покрај тоа што имаа супер стартна 11ка, на секоја позиција имаат уште неколку играчи кои можат да влезат у тимот и да вадат добри резултати. За светското би требало да биде интересно како ќе се исцрта составот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom