Училишна менза потреба или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е потребно да се отворат мензи во средните училишта?

  • Да

    Гласови: 41 71,9%
  • Не

    Гласови: 12 21,1%
  • Незнам

    Гласови: 4 7,0%

  • Вкупно гласачи
    57
А кога ќе јадат?
На голем одмор од 15 минути ќе слезат до менза ќе се послужат и јадат 500 ученици? Ќе има една храна за сите или избор? Квалитетна менза треба да има и барем 3 јадења на избор, некој не јади сувомеснато некој сака сок некој чај некој јогурт, некој ќе земе само зеленчук, некој и мевце... Шо ќе прат последните 50 ученици кога 450 пред нив ќе изберат веќе. Ќе јадат то шо останало?
Остајте филмови по странство, таму сите одат една смена имаат пауза за јадење можеби и сат време и финансии да обезбедат пристојни мензи по школи. Овде во МК многу училишта немаат ни хигиенски услови за децата, чешми, овде има деца на социјални случаеви кои ни птибор не можат да си купат - тие ќе гледаат или ќе јадат сува кифла во дворот?
 
И по некое време ќе излезе муабет " Брат, немој да купуваш од сендвичара ќе ти се лепат спонзоруши... "
 
Од она што гледав на ТВ за исхраната во училишните кујни во САД на пр. (цела серија има на Jamie Oliver за тоа како се обидува да внесе здрава храна во училиштата и на каков отпор наидува во институциите) за да биде економски оправдано, децата најмногу јадат-брза храна. Помфрит, виршли, сокови, млеко со различни вкусови (значи-шеќери), разна храна која во кујните доаѓа замрзната и полуподготвена, полна со конзерванси, адитиви и сѐ она што не би смеело... Училишна кујна е многу обемен и скап проект, за да биде воопшто реализирано, а за да биде квалитетна храната и што поздрава, треба и уште повеќе финансии од она „обемно и скапо“. Потоа, кај нас наставата не е на ист принцип како во странство, прва смена на пример завршува околу 13 ч., па секој има можност да руча дома... А инаку, моето искуство со училишните кујни од основно (преку син ми) е страшно. Во целодневна настава имаа и појадок и ручек. И таму првпат проба работи кои дома никогаш претходно ги немаше пробано, како паштета или виршла... Маргарин редовно, секако. А за маргаринот веќе и врапците знаат од што е направен и дали воопшто треба да се јаде. Ама па цената не му се споредува со путер или со некој квалитетен намаз. За ручек колку-толку ОК беше храната, ама појадокот... И во градинка е исто, за тие пари-толку. Појадок маргарин со лепче и чај, лепче со некој намаз што глуми Nutella, сувомеснати o_O на пример во пица (за деца на возраст 2-3 години!). За ручек ако имаат макарони задолжително става кечап воспитувачката, па ете ти борба и дома после... СДК, исхрана на деца и млади е многу комплексна работа, бара голем ангажман и многу, многу пари за да биде како што треба, а да бидеме реални, желба и да имаме, пари немаме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom