Учениците Македонци во понеделник се враќаат на настава заедно со родителите !?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Учениците Македонци од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ во понеделник ќе се вратат на настава во придружба на нивните родители. Ваквата одлука била донесена на синоќешниот сoстанок на Советот на родители на учениците Македонци, на кој уште еднаш била потврдена претходно донесената одлука за воведување јазични смени во „Нико Нестор“.

roditeli.jpg


- Она што ние во моментот го гледаме како решение е да се оди заедно со нашите деца на училиште, на начин како што е утврдено по претходната одлука, потврдена од министерот за образование, градоначачникот, директорот на училиштето, по претходно утврдени законски акти на Советот на училиштето и Училишниот одбор, изјави Вишња Дурацоска - претседател на Советот на родители во ОСУ „Нико Нестор“.

Дурацоска упати апел до надлежните органи во понеделник поажурно да ги извршуваат своите обврски и да овозможат одвивање на наставата во јазични смени.

NIKO.jpg


На иницијатива на локалната самоупрaва, утре ќе се одржи нова средба со претставници на родителите, наставниците и раководството научилиштето. Родителите на учениците Македонци не очекуваат на неа да биде донесено решение за проблемите во средното училиште „Нико Нестор“ и најавија дека нема да ја променат својата одлука за воведување на јазични смени.

Ohridnews
 
Ајдеееее...на 50 години пак секој ден во школо...Се помалку и помалу ги разбирам Стружани...
 
Јас ова не можам да го разберам

http://sitel.com.mk/?ItemID=64E08C8F5817554798CE706D54582212


СТРУГА

ЌЕ СЕ ОТВАРА ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО СТРУГА?
Наместо да се отвара приватно средно училиште во Струга ,надлежните институции на локално ниво треба посериозно да пристапат кон решавање на досегашната состојба обвинуваат од ДПА од Струга.
7A855D2DF8A5AE42A66C2FDB86615F8C.jpg

- Неможе да има одлука без документ, без писмен документ врз основа на тоа убеден сум дека има таков документ - изјави Менди Ќира-кандидат за градоначалник на Струга од редовите на ДПА.
Во позадина на меѓуетничките тензии во средношколските училишни центри во Струга постои економски и политички проблем рече кандидатот за градоначалник на Струга Менди Ќира.
Учениците Македонци во Струга сеуште ја бојкотираат наставата ,деновиве преговарачи од ОБСЕ ја разгледуваат состојбата се со цел изнаоѓање на краткорочно решение со кое учениците би се вратиле во школските клупи.
Нина Аритоновска


А за тоа што родителите решиле да одат на настава со децата , јбг дојде очајна ситуација со очајно решение
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom