Кој тоа тврдеше дека не е можна соработката во бизнисот помеѓу екс ју републиките:helou:
Уапсени 42 лица во „Операција Југославија“
Шпанската полиција уапси 42 лица, меѓу кои и Македонци осомничени за кражби во над 500 станови
00:00 05.06 - Мадрид – Шпанската полиција во Операцијата Југославија уапси 42 лица од подрачјето на поранешна СФРЈ, меѓу кои и Македонци, осомничени за кражби во над 500 станови.
Полицијата во Мадрид и Тарагона приведе криминална група од 42 члена од Македонија, БиХ, Црна Гора и Хрватска, кај кои се пронајдени најмалку шест килограми накит и 200 илјади евра.
Според весникот Ел Паис, полицијата верува дека групата во изминатата година извршила провали и кражби во над 500 станови, а официјално е обвинета за 90 грабежи, пренесува Макфакс.
Сите уапсени веќе биле казнувани, објави полицијата, додавајќи дека со нив живееле 33 малолетни лица, кои се предадени на соодветна институција за згрижување.
Истрагата во која учествувале 240 полицајци, почнала во јануари, од кога се следи организацијата, за која властите веруваат дека има ограноци и во Франција, Италија и Португалија.
Претставникот на полицијата што ја водеше операцијата истакна дека групата била цврсто хиерархиски организирана, со строго поделени улоги.
Најниска позиција имале дваесетина жени, Ромки, кои влегувале во становите. Крадената стока „ја переле“ низ илегални активности, со купување на недвижности и со меѓународни трансакции.
Шефовите на организацијата поседувале големи куќи, а секој од нив имал и по седум скапи автомобили.
Провалите и грабежите ги извршувале во работно време во станови од средна и пониска класа, бидејќи тие се послабо заштитени.
Полицијата соопшти дека на својата интернет страница ќе објави фотографии на украдените предмети меѓу кои има над две илјади парчиња накит, за да можат оштетените да ги препознаат. (Макфакс)
http://www.time.mk/story_9e05037def_article_c3fe417976.html