Уапсен Паско Кузман

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова беше главна финансиска вест пред една недела. Денес нафтата падна 0.11% и тоа поради намалувањето на растот на Кина. Инаку ќе рокне $110 кај да е, така да полни резервоарот Гвујо додека не опнал уште едно поскапување.

Ќе преживееме и без бензин ние. Само точак и повеќе овошје...:P
 
Уште еднаш се покажа дека револуцијата ги јаде своите деца, секогаш. Памтете ми го коментарот, еден ден Грујо, Ставре, Бети Канчевска, Миле и остала екипа замешана у најматните работи (Субрата, Ск2014 и сл) ќе биде апсена не од нова влада на СДСМ, туку од нивите од ДПМНЕ.
 
Не може Грујо да опне поскапувања колку што ние можеме да платиме, нека не се занесува...

:cool:
Се труди човекот, тоа мора да му признаеш.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 17:12 ---
Ќе преживееме и без бензин ние. Само точак и повеќе овошје...:P
И боранија (не знам точно колку е на берза додуша)!
 
Уште ли ќе викате дека се апсат само комуњари?
Па еве Паско беше близок со владата, и тој отиде во апсаана.

Не биди толку наивен и кратковид ...
Сталин кога правел чистки апсел и стрелал и од ’’туѓите‘‘ но и од ’’своите‘‘ ... така да откако последниве неколку години зад решетки беа ставени неколкумина неистомисленици(значи од ’’туѓите‘‘) сега веќе ќе се почне(веќе се започна) со апс и на оние ’’своите‘‘ ... Паско сепак беше нивен човек, Паско беше и промотор на Антиквизацијата да не заборавиме !
Кој е следен за отстрел ...
- некој од медиумските про-владини мегафони ?!
- некој од замантиените брадоњи(Штефи, Тим...)-овој вториов пред некој ден го нарече лажго и измамник Субрата Рој кој има план да ’’инвестира‘‘ на како што вели Тимотеј црковно земјиште ?!
- некој сегашен или екс ДПМНЕовски функционер(од повисоките државни функции) ?!
- некој од бизнис-олигарсите(особено некој од оние со широк г’з што истовремено седат на две столчиња) ?!
П.С. Викаш Комуњари, нив никој не ги чепка немај си ти гајле, кој тоа Комуњар завршил зад решетки од режимот на Грујо ... Бранко, Фрчко, Заев, Макрадули, Рада ... ниту еден ... ОК освен Бучко(3 години) но он се отцепи од старото Комуњарско јадро, а пак овие(владариве сегашни) само го искористија човекот !
... каша попара ...
 
Уште ли ќе викате дека се апсат само комуњари?
Па еве Паско беше близок со владата, и тој отиде во апсаана.

шом го уапсија - не е близок со владата. И то го упасија ради “непотполна документација“ Па одбележје на власта е да работи со непотполна документација, договори во 4 очи, скриени и полутајни одлуки..... Дал некој има увид во финансиските работи на власта?? Тој не е веќе со власта зато е зад решетки. Јас познавам најмалце 5 големци од вледеечката партија кои извршиле многу полоши и поскапи нерегуларности од Паско а пријавите против нив зе затурени во некои фиоки и заборавени и се тивко тргнати од раководни места без и влакно да им фали. Младо и наивно си.
 
Паско Кузман и Субрата Рој не се зачини за иста манџа.
 
Цената на бензините и за две недели малку ќе поскапи,со оглед на тоа дека сега нафтата на светска берза е околу 109 долари за барел,а до пред египетската криза беше околу 101-102,така да ова нема врска со Кузман.

Иначе одамна за него се зборува за многу работи,дека се најдени уште неколку маски плус во однос на оние кои се пријавени,некој крст со драги камења кј завршил во Хонк Конг носејќи го заедно со Љубчо....

А за Субрата Рој нема врска бидејќи Кузман е во пензија и неможи да забрани ништо
 
Паско Кузман и Субрата Рој не се зачини за иста манџа.

... И двајцата се на некој начин ликови од Македонската Антика, но секој на свој начин, Паско е занесен по Антиката и ништо чудно и дома да ги крие остатоците на Александар па и на Исус ... :icon_mrgr:
Од друга страна Субрата е чедо Александрово Индиско исто како и оние сиротињите од регионот Хунза во северен Пакистан ... :X3:
Е сега Тимотеј и остала замантиена банда се тие(the bad guys) кои им ги матат сметките и на Грујо и на Суби Ролс-Ројс па и на Паско ... :icon_lol:o_O:LOL:
 
Директорот на дирекција за заштита на националното културно богатство, го прави баш спротивното.
Тоа е можно само во земја во која министерот за правда е фатен со дрога и нелегално орушје у кафана.

Кога нема да го најдеш на време гробот на Александар Македонски...
--- надополнето: 15 јули 2013 во 18:48 ---
Мактел дознава дека Паско Кузман планирал прес конференција во среда на која планирал да обзнани дека локалитетот кој владата планира да му го даде на Субрата Рој во Љубаништа содржел 50-60 вредни археолошки наоѓалишта и неколку цркви кои требало да се истражат. Оваа информиација ни ја дојави негов близок соработник.
1070058_10200946674323269_890267952_n.jpgpaskoKuzman.jpg1002748_10200946674923284_716228453_n.jpg1016266_10200704959721320_1956418583_n.jpg Прес конференцијата била планирана да се одржи во Свети Наум.

Мактел неможе со сигурност да ги потврди овие информации но познавајќи ја оваа власт овие седум години целосно сме уверени дека е голема веројатноста против Паско да се имало докази за незаконити дејанија но се чувале во фиока со цел да го држат на кратко јаже да не смее многу да лае наоколу против власта.
 
Што е ова сериозно 30 дена куќен притвор му одредиле, ако уклучи твитер ќе има што да види :pos::pos:.
 
Уште еднаш се покажа дека револуцијата ги јаде своите деца, секогаш. Памтете ми го коментарот, еден ден Грујо, Ставре, Бети Канчевска, Миле и остала екипа замешана у најматните работи (Субрата, Ск2014 и сл) ќе биде апсена не од нова влада на СДСМ, туку од нивите од ДПМНЕ.


Паско. Велија. Љубе. Вранишковски. Бучко. Бајруш.
Ете ти влада во сенка
 
Паско носи три часовници ... еден мери античко време, друг средновековно, третиот моменталното време ... и според тоа Паско живее истовремено во три различни димензии, три различни паралелни универзуми, три различни света ...
П.С. Ќе протестира ли некој за ослободување на Пасето Кузманово ... нешто налик Јаја-Паша стајл протестите лани ... :ROFLMAO:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom