Уапсен е актерот Кили

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Не и тие треба да бидат уапсени во согласност со законот. Можеби и завчера уапсиле некого за истото, само не сме чуле за тоа, пошто нели не е актер или позната личност. Постојано читам во весници за луѓе кои им нашле марихуана во двор и се уапсени, само шо тие не се доволно познати да бидат етикетирани како “опасно“. Кили не е никаков политички фактор, искрено ако збориме.



Jaс па ги пратам тие локални медиуми и вести и знам дека никого не уапсиле, од таквите со саксии.
Не е политички, ама е фактор. Сите сме. Кој дигне глас и барем двајца го прочитаат, значи до некого допрело нештото.
Муабетов што го правиме е некако многу теоретски. Во секојдневната пракса е малку поразлично.
 
Абе пуштето го човекот да си пуши трава на раат, што ви направи јас само незнам. До курца се доени од власта, се некој вакви ликови апсат, безопасни. Смрдлива држава, им дошло до стеблата на Кили, бог да чува.

Колку е досаден овој закон за марихуанава тоа чудо едно.
 
Све ненормално у државава. Ќе земат ќе ракоплескаат што еден безштетник како Кили завршил позади решетки. Главниот проблем е што најголемите дилери, оние што се занимаваат со трговија на органи и сл. се оние што ги апсат ваквите. Ама ај нема везе, битно да се дешава нешто, 24/7 работат гомнарите со полна пареа, машала. :tapp:
 
Jaс па ги пратам тие локални медиуми и вести и знам дека никого не уапсиле, од таквите со саксии.
Не е политички, ама е фактор. Сите сме. Кој дигне глас и барем двајца го прочитаат, значи до некого допрело нештото.
Муабетов што го правиме е некако многу теоретски. Во секојдневната пракса е малку поразлично.

А кога беше у затвор пред неколку години, мање-више за истото, и тоа ли беше политички?
 
Што се случува бе луѓееееееее....
Нашиов Кили гарант див коноп одглеувал (ко чичо Дуле фармерот) овие го апсат демек марихуана одледувал...
Турскине актери (конкртно оној Езел шо го глумел) кикирики купувал, они го апсат демек кокаин зимал....
Си одгледуваш дома билки и јадеш кикирики и next thing you see.. те носат апсаана...
Се е у ку**ц отидено..... :D:D:D
 
Реално, Кили е влијателен кон јавното мислење колку шо Марјан Начевски е влијателен во ЕХФ.

Ова основано на сомнението дека го уапсиле заради „можно јадење гомна“ после, против нив. Не викам дека не е за тоа, не им е првпат, ама колкав импакт ми имало уште едно „Ма немој да ме јебеш“ за посериозни работи? Никаков. Веднаш може да кажат: Овој е џанак, не знае што збори. Ако издаде нешто, ќе му верува поголемиот публикум демек? Ааа да. А докази црно на бело за нешто дека има, тешко.

Не знам што направил Кили за да има толкаво идолизирање на неговиот лик? Еве и Џамбазов беше по дрогата, ама барем човекот има стварно белег оставено. Кили шо? Тетовирање? Ма немој да ме јебеш? Мене лично човекот ми е еден од најантипатичните во државава и пример каков „не треба да бидеш кога ќе пораснеш“.
 
А кога беше у затвор пред неколку години, мање-више за истото, и тоа ли беше политички?



Чекај, сега ти се зафркаваш со мене? Реков дека не е политички, мотивите се можеби такви, можеби. Фактор е, но ќе повторам не политички. И политички затвореник не е исто со неистомисленик.

Кај нас, младината е расипана. За во мојов град зборувам. Пушат трева од 6-то одделение, секое второ дете. Секое. Запрепастувачки е. Полицијата ги знае дилерите и оние кои ја конзумираат марихуаната, а не презема ништо. Кили да не е крив, кој одгледувал саксиии само за него и негова душа?
 
Добар промет им направил на овие од кај што ги купил саксиите.
 
има луѓе со по цели ниви насадени на Зајчев рид, па сеа се фатиле за најголемиот мераклија, кој за своја душа си ја одгледувал. Али мора МВР да се пофали со нешто дека работат :sleep:
 
Според податоците од МВР, во викенд куќата на актерот во селото Визбегово при извршен претресво подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се 25 саксии со стебла канабис сатива во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 (дваесет) стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори...

Ете бе зошто го уапсиле...
Како смеел да дозволи 2 стебла да му овенат.... џубре !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom