Tyrant

  • Креатор на темата Креатор на темата gvinevra
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Локација
тука
tyrant-key-art-season-1-fx.jpg


„Тиранин“ е американска телевизиска серија од жанрот драма. Режисер е израелскиот сценарист и писател Гидеон Раф. Премиерата се емитуваше на 24 јуни.

Басам "Бери" Ал Фаед, педијатар во Лос Анџелес, живее во самонаметнато изгнанство речиси 20 години. Тој потекнува од измислената турбулентна арапска земја Абудин со која владее диктаторот Балади. Бери е помладиот син на Балади.

Во пилот-епизодата тој се враќа во татковината со неговото американско семејство по повод свадбата на внукот. Тоа го прави крајно неволно и планира престојот да трае што е можно пократко. И сопругата Американка и децата тинејџери се соочуваат со културните разлики, но доаѓањето во Абудин најдраматично го доживува Бери, бидејќи одново се судира со семејната и националната политика кои ги напуштил во раната младост.

tyrant-teaser.jpg
 
Америчка долина на волците?
 
Америчка долина на волците?

Можеби. Всушност, не знам. Не ја гледав „Долината....“

Оваа ја емитува FX (American Horror Story, It's Always Sunny in Philadelphia), продуцентот е оној на Homeland, сценаристот на Six Feet Under.
 
Тоа е прашање на вкус. IMDb и дава оценка 8.5. Мене ми се допаѓа (ме потекоа архангели, вампири, мистерии и патувања низ времето). Иди, па види. Од една епизода никој не добил труење :)
 
Последно уредено:
Пилотот ми остави генерално позитивни впечатоци, ама од толку не можам да речам дали е добра или лоша серија. Ликовите на почеток се стереотипи - Басам е Mајкл Корлеоне, Моли е глупата Американка која не разбира ништо, а Џамал е модерната верзија на Џофри.

Е сега, најмногу надеж ми дадоа последните сцени, на кои се надевам ќе се темели ликот на Басам. Флешбек сцените ја исполнија својата цел и се надевам дека нема да бидат користени толку интензивно како во пилотот. Ај, ова беше некако разбирливо за подобро да можат да ја изградат приказната и минатото на ликовите, но толку беше доволно. Отсега треба повеќе фокус на добри дијалози кои ја туркаат приказната понатаму, а не само анегдоти со внукот-терорист.

Пилотот е добар, ништо посебно, ама сепак вреди да се фрли око.
 
Да, сите можни стереотипи се вметнати во ликовите.

Уште не сум ја гледал втората епизода ама крајот на пилотот беше доста чуден па можеби ќе се развие на добро серијата
 
Таман помислив дека ќе се оправи Џамал, ај, никој не е совршен, а тој . . . :eek: (6. епизода)
 
Da 6teta, mislev deka kesmeni malku nadobro ama toa e zivot...
 
Незнам , мене баш ми е добра серијата и двете сезони ги изгледав во 3 дена.Ако направиме некаква паралела со нееднаквоста во општеството кај нас со таа во Абудин (измислената држава во Блискиот Исток) нема некаква разлика.Уствари има една разлика таму некој се сеќава дека нешто не чини и треба промена , за разлика од кај нас каде што секоја идна власт ги усвршува методите на плачќање на сопствениот народ.
Иако има е некои типични амерички серијата, сепак мислам дека ако некој е во план нешто да почни да гледа, дека нема да згреши :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom