По се изгледа секој македонски проект на културно поле е пропаднат. Погрешно време ја гледавме кога и онака немавме голем избор на серии, пред неколку дена ја изгледав и заклучок- Најтапа серија што сум ја изгледал, настаните не се никако сврзани постојано нешто се случува и НИШТО не се случува за, да не ја даат, како што има навика МТВ да скрати пола епизоди или главната да не ја дај.
Турни ме да кинисам на јутуб има 3 епизоди, поеќе не се ставаат, мтв нема абер да пушти една серија и до крај да оди.
Изгледа тој што го пишувал сценариот едно па исто му се врти низ глава споредете ја со погрешно време ќе видите дека истото се случува со една разлика во случајов сашко коцев што е машко.
Повторно бремености, мажење женење, изневерување..пари, љупчо на гитарата, некој им иди во станот па не можат да го избркаат, итн итн итн... како бледа копија на погрешно време.
И многу нормално, мтв го притиска СТОП копчето предвреме, исто како што има навика, кога гледаш филм, да го прекинат баш во кулминацијата, и да почни репризата од Ѕвон или било што друго. Како мал, пцуев и карав што кога имаше цртани филмови знаеја да го прекинат баш на средина.
Мојата омилена серија Farscape, ја дадоа до втора сезона и повеќе ни глас ни трага, така исто и со еден тон филмови.
И вистинското прашање е, дали некогаш ова македонско филмско опшество, или подобро речено овие наши режисери и сценаристи, знаат да скокнат од нашата и не толку сурва реалност, која на филмското платно е претставена како ОЧАЈНА мизерија и попеколна од самиот пекол, и да направат една добра сцена, со интересна содржина, вовед залет расплет. Кај нас во серииве, стандард воведот е :
“Бла бла бла, ова е семејството дрндаловски, има син, ќерка и склеротично нервозна баба. Сино има женска ја остава бремена, ќерката има дечко и е бремена а не знае од кој, мајка му се нервира и крие од другите, татко му вика, немаат пари, па ова па она па заплети секакви, па незнам што...“
Па добро бе, има министерство за култура во македонија или нема, подобро е, да дадат оглас конкурс за сите креативци по еден збор да напишат сепак ќе се склопи серија, и многу поинтересна него ли да се чека милчо манчевски да издади уште еден филм, за некое запустено село и да ја оцрни, веќе онака црната македонија или овој слепецот што ја режираше “Турни ме да кинисам“ да направи уште една серија, во која стандард љупчо ангелов ќе има ќерка син баба дедо и потекло од дупени, и постојано син му или ќерка му ќе бидат бремени и цело време да аплаудираме на тоа дека фактички знаеле чие е бебето.
Па овие фори беа популарни во аргентинските серии како касандра, а тие се веќе минато едно 20 години. Касниме со културата и тоа ебено касниме.
А мтв, да потпишиме петиција да и се одземе СТОП копчето , со цел да остави да ги доглеаме некогаш филмовите, што еднаш годишно ги дава.