Рекорден пад на економијата во Турција
Анкара – Бруто-домашниот производ на Турција во првото тромесечје од годината забележа рекорден пад од 13,8 отсто, соопшти турскиот завод за статистика. Ваквиот драстичен пад на турската економија беше очекуван од централната банка, која предупреди дека негативниот раст во првиот квартал може да биде изразен со двоцифрена бројка. (Макфакс)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=19D91F85A2980C4F819359F7C6C6F64C
Големи пофалби од ЕУ за економијата на Турција
Во извештајот на Европската комисија беше привлечено внимание кон издржливоста на банкарскиот сектор и беше појаснето како реализираните реформи ја држат динамична економијата во Турција.
ИЗВОР
ОЕЦД: Турција шампион според економскиот раст во периодот 2011-2017
Во извештајот се истакнува дека економијата на Турција оваа година ќе се намали за 6-отсто, но воедно се прават позитивни прогнози за турската економија во периодот по 2010 година.
Според тоа, во истиот извештај се вели дека Турција во 2010 година ќе оствари економски раст од 3-отсто, а во 2011 година од 4,6-отсто.
Според извештајот на ОЕЦД, Турција во периодот од 2011 до 2017 година ќе оствари просечен годишен раст во реалниот национален доход од 6,7-отсто и дека на тој начин ќе стане шампион во економскиот раст меѓу земјите членки на ОЕЦД.
Турција идната година ќе оствари најбрз раст во Европа
Според тоа, земја која идната година ќе оствари најбрз раст во Европа ќе биде Турција која ќе забележи економски раст од 2,8-отсто.
Европската комисија истакна дека турската економија под влијание на внатрешни фактори како што се забавувањето на реформите и цврстата монетарна политика, од 2007 година почна да забавува.
Во извештајот се истакнува дека Турција чиј извоз беше намален благодарение на структуралните реформи на чело со оние во банкарскиот сектор, успеа да покаже отпор против глобалната криза и се спаси од соочување со голема криза во финансискиот сектор.
Европската комисија очекува турската економија оваа година да се стесни околу 5,8-отсто, по што наредната година да оствари раст од 3-отсто, а во 2011 година 3,6-отсто.
Европската комисија исто така предвидува дека процентот на невработеност во Турција во 2011 година ќе опадна на 13,5-отсто.
Просечната плата во Турција поголема од минималната заработувачка во девет земји-членки на ЕУ
Со просечната плата од 298 евра Турција се наоѓа пред девет земји-членки на ЕУ, објави турското електронско издание „Интернет хабер“, повикувајќи се на податоци на статистичката служба на Унијата,
Евростат.
Во Бугарија минималната заработувачка е 92 евра, во Романија - 114 евра, во Летонија - 172 евра, во Литванија 217 евра. Словаците земаат минимум 217 евра месечно за својот труд, Естонците - 230 евра, Полјаците - 246 евра, Унгарците - 258 евра и Чесите - 288 евра.
Во другите балкански земји-членки на ЕУ - Словенија и Грција, просечната заработувачка изнесува 522, односно 668 евра.
Гледај си ја твојата држава па после јади бурек за Турција која е светлосна година понапред од вас.

П.С (за споредба вашиот бдп во вториот квартал е паднат за 4.7 % и директните инвестиции намалени 50%)