Туѓа среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpaceTraveler
  • Време на започнување Време на започнување
Општо не верувам во среќа, па и на туѓа "среќа" никогаш немам завидувано, можда секогаш кога посматрам некој познат не забележувам што има, туку што нема, такво ми е окото....
комшиите со години што немаат деца, оние што немаат покрив им капе по дома, богатата пријателка што нема слобода- и не се ситам, така жал ми е, посакувам да имаат.

Не постои такво нешто. Среќа.
Порано на сите им посакував благосостојба да имаат се што им е потребно материјално и да немаат поголеми проблеми од љубов или пријателство / семејство, туку кај секој еден што го знаев да биде се во благосостојба.

После некое време забележав дека не мислам на себе и дека овие работи поготово материјалните а и другите ги немам, и живеам без нив, крпам крај со крај и кај парите и кај емоциите, ме погаѓа кога на пријателите им фали нешто а сама за себе сум храбра и поминувам низ се така сама и празна.

И сега, родив личности што ќе ме сакаат безусловно како брат ми, заработив пари.... благосостојба нема, среќа не постои.

И не сум дојдена на планетава за да бидам среќна, туку за да му докажам на Господ дека нешто малку вредам и дека не сум за фрлање. И дека сум страшно жилаво битие.
Не треба да сме среќни и разгалени, треба да сме силни. Или мене психата ми е гз преку глава, незнам... мое мислење


Имам една пријателка во последно време ми вели да се погрижам за и да се сакам себе си повеќе, така и другите ќе се чувствуваат среќно и згрижено околу мене... почнувам да и верувам.
 
Имам една пријателка во последно време ми вели да се погрижам за и да се сакам себе си повеќе, така и другите ќе се чувствуваат среќно и згрижено околу мене... почнувам да и верувам.
Во право е.
Ти не сакаш брат ти да се запостави себе си и се да подари на светов. Ни брат не сака ти да се запоставиш, сака брат му да е човек, да е здрав и да се стреми кон нешто. Блиските сакаат да се гордеат со нас.
 
Во право е.
Ти не сакаш брат ти да се запостави себе си и се да подари на светов. Ни брат не сака ти да се запоставиш, сака брат му да е човек, да е здрав и да се стреми кон нешто. Блиските сакаат да се гордеат со нас.

Така е, брат ми е ако е среќен и јас сум. До душа, не сум јас толку битен ако се работи за брат ми.
 
Кому си му битен? Љубопитност...
Погрешно се разбравме, т.е моја вина, погрешно објаснив. Сметам дека брат ми е побитен од мене, за мене. Дека би се жртвувал повеќе за него одколку за мене и дека нему му посакувам да има повеќе среќа од мене. :D
 
Ако ми се блиски или барем ги осеќам за блиски личности нивната среќа ја доживувам како моја, просто ми е мило што успеваат и напредуваат.
Доколку е некоја подалечна личност повторно ми е мило за нив но како што рекоа погоре некои членови исто ко нив не обрнувам до толку внимание.
Во секој случај без разлика дали е моја или туѓа среќа секогаш ме расположува и ми дава еве да речам сила да продолжам понатаму со животот.
 
Back
На врв Bottom