Туѓа среќа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpaceTraveler
  • Време на започнување Време на започнување
S

SpaceTraveler

Гостин
Дали се радуваме или завидуваме на некој што е среќен? И дали неговата среќа е среќа како што изгледа во нашите очи. Каква битка води човекот што има нешто што го немаме ние?
Искрено, кога сум пател од љубовна болка сум завидувал и ме нервирала туѓата среќа, но не сум имал доволно злобно срце никогаш да се обидам да расипам некому нешто што го исполнува, истото важи и за кога нешто не ми успева мене, а му успева на некој друг. Тука многу влијае мислам и колку очекувања од нешто имаме самите.
Како што созревам и како што пропаѓам полека во општеството, мирно тонејќи приметувам дека не завидувам никому, напротив, среќен сум на туѓата среќа и колку повеќе сум среќен за луѓето, толку повеќе причини имам да бидам среќен за себе. :)
 
Никогаш.

Нека има за сите, можеби ќе има и за мене.
 
Единствено ми е важна среќата на моите (нај)блиски и се разбира, мојата сопствена.
Не сум завидлив. Ниту пак, искрено, премногу ме интересира животот на другите, имало среќа во него или не, па немам причини да се топам од радост на туѓата среќа, иако претпочитам да гледам задоволни и среќни лица наместо несреќни. Туѓата мизерија не прави да се чувствувам подобро. (Е сега, има неколку суштества...ама тие се исклучок :) )
 
Туѓата среќа ме мотивира, воедно туѓата несреќа ме растажува, плачам ко ненормална за гладно црнче у Африка, глупо емпатично суштество сум, јебига.

А мн ми е глупо некој кога ќе рече нешто од типот е не е фер он порше вози клошар бла бла заш не е фер, кога ќе размислиш, било како да ја придобие таа кола он се потрудил, во крајни размери и да го украл направил нешто, демек сеа ти судија ќе изиграваш и ќе делиш правда а уствари криво ти е што го има, и да излажал, има способност да лаже бе, лажи и ти ако можеш, ама не можеш па ми мрчиш овде како си немал пошто си мрзоволно непродуктивно суштество кое сака од нигде никаде да му сервира некој. Епа да ми извиниш.
Или фатил јака женска епа фатил бе брат заш ти не си ја фатил? Фатила јак дечко, па иди укради и го, ее ама не ти држи гзот.
 
Не си глупо, баш е супер, да беа сите како тебе светот ќе беше многу подобар. И јас имам преголема емпатија, додека научив некако да ја контролирам, низ какви маки пројдов. Фудбалер ќе си ја скрши ногата на утакмица мене ми се гушеше грлото од солзи. Ама со тек не време отрпнав иако сеуште ,,проклета нека е хуманоста во мене". :D[DOUBLEPOST=1444732517][/DOUBLEPOST]Во случај на некому кога нешто му се остваруваше, а јас иако се трудев напорно, мене не, имав чувства на љубомора, но колку и да ме болеше не го покажував тоа ниту се обидував да му наштетам некому. Радосен сум што со текот на времето прифатив многу нешта и повеќе чувствувам среќа кога некој друг е среќен одколку бед.
 
Не ме интересираат животите на другите луѓе до степен да знам лично што им се случува и дали се среќни, што ги усреќува, и.т.н.
Кога би дознала дека некој е среќен, би ми било драго за него, или би ми било сеедно. Нема да му завидувам, ама нема ни да скакам од среќа. Нивна работа.
Не ме мотивира, ниту ми пречи туѓата среќа. Едноставно во мојот живот не и придавам толку внимание.
Мене ме интересира само мојата среќа.
 
Потполно се согласувам со ова.
Освен за ептен блиски особи, не ни гледам нешто потреба да се радувам за останатите. Или јас сум премногу рамнодушна кон луѓево, не знам.
 
Потполно се согласувам со ова.
Освен за ептен блиски особи, не ни гледам нешто потреба да се радувам за останатите. Или јас сум премногу рамнодушна кон луѓево, не знам.
Рамнодушни сме затоа што поради нив сме станале такви.
Лесно е во Македонија да станеш рамнодушен према секого, знаејќи каков народ живее. Те читав во Драга Кајгана кога напиша дека никој несака да се нафати ни папагалот да ти го причува на два дена. Камо ли нешто друго.
Не сме рамнодушни затоа што такви сме се родиле.
Сме станале рамнодушни поради самите луѓе.
Јас на пример се водам по правилото, несакам да знам за никого ништо, несакам ни луѓето да ги интересира за мене. Свое не давам, туѓо несакам.
И стојам цврсто на тоа.
Би ми било драго некој да ми каже дека се вработил, нема да му завидувам, или дека се омажил/оженил. Ама нема да учествувам во таа среќа. Само ќе ми биде драго што ја споделиле со мене.
 
Читајќи ги мислењава, се чувствувам како фрик. Емпатија не значи да сочувствуваш само во моменти на тага, тоа е емотивност. Емпатија значи дека сочувствуваш и во моментите на среќа. Јас сум емпатична. Можам да кажам дури и дека туѓата среќа ме исполнува повеќе од сопствената, исто како што и туѓата несреќа ме боли повеќе од мојата. Некако сум научена подобро да се сносам со моите неволји, отколку со туѓите.
 
Рамнодушни сме затоа што поради нив сме станале такви.
Лесно е во Македонија да станеш рамнодушен према секого, знаејќи каков народ живее. Те читав во Драга Кајгана кога напиша дека никој несака да се нафати ни папагалот да ти го причува на два дена. Камо ли нешто друго.
Не сме рамнодушни затоа што такви сме се родиле.
Сме станале рамнодушни поради самите луѓе.
Јас на пример се водам по правилото, несакам да знам за никого ништо, несакам ни луѓето да ги интересира за мене. Свое не давам, туѓо несакам.
И стојам цврсто на тоа.
Би ми било драго некој да ми каже дека се вработил, нема да му завидувам, или дека се омажил/оженил. Ама нема да учествувам во таа среќа. Само ќе ми биде драго што ја споделиле со мене.

Не знам стварно другите како размислуваат за останатите и какво мислење имаат за луѓето во глобала, али јас одамна не очекувам помош од никој, камоли ли пак некој доброволно да се понуди кога ти треба.
Сум се разочарала и во другарки, роднини со кои сум пораснала, да не набројувам. А не сум од оние кои поминуваат преку такви разочарувања и утре ко ништо да не било. Едноставно, се дистанцирам и не ме интересира ништо. Доверба имам само во моите дома и дечко ми. Во другарки немам воопшто, кој колку сака нека ме критикува.
Офтопик отидов, но тоа е моето размислување.
 
Некако сум научена подобро да се сносам со моите неволји, отколку со туѓите.

051429fc71903168849dff8befba38c840b58-wm.jpg
 
Општо не верувам во среќа, па и на туѓа "среќа" никогаш немам завидувано, можда секогаш кога посматрам некој познат не забележувам што има, туку што нема, такво ми е окото....
комшиите со години што немаат деца, оние што немаат покрив им капе по дома, богатата пријателка што нема слобода- и не се ситам, така жал ми е, посакувам да имаат.

Не постои такво нешто. Среќа.
Порано на сите им посакував благосостојба да имаат се што им е потребно материјално и да немаат поголеми проблеми од љубов или пријателство / семејство, туку кај секој еден што го знаев да биде се во благосостојба.

После некое време забележав дека не мислам на себе и дека овие работи поготово материјалните а и другите ги немам, и живеам без нив, крпам крај со крај и кај парите и кај емоциите, ме погаѓа кога на пријателите им фали нешто а сама за себе сум храбра и поминувам низ се така сама и празна.

И сега, родив личности што ќе ме сакаат безусловно како брат ми, заработив пари.... благосостојба нема, среќа не постои.

И не сум дојдена на планетава за да бидам среќна, туку за да му докажам на Господ дека нешто малку вредам и дека не сум за фрлање. И дека сум страшно жилаво битие.
Не треба да сме среќни и разгалени, треба да сме силни. Или мене психата ми е гз преку глава, незнам... мое мислење
 
Back
На врв Bottom