Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Трпана му вика на Трпе:
– Драги, кога ќе се земеме, ќе ги делам со тебе сите грижи и проблеми!
– Но, мила, јас немам никакви грижи и проблеми…
– Реков „кога ќе се земеме“.
 
Трпана му се јавува на Трпе:
- Драги, каде си?
- На лов.
- А кој дише толку тешко?
- Една мечка.
- А зошто стенка?
- Затоа што ја ранив.
- Зошто и е женски гласот?

- Од каде да знам? Јас сум ловец, не ветеринар!
 
Трпана доцна во ноќта со сукалото во раката го чекала својот пијан маж.
Трпе кога се појавил на вратата таа почнала да го кара:
- Секоја ноќ едно и исто! Си доаѓаш доцна дома, си легнуваш и ништо не зборуваш!
Мажот:
- Види жено, секоја вечер ме чекаш со сукалото во рака и ми се караш, а јас пијам еден ден винце, друг ден ракија, трет ден мастика... Кој прави едно исто?
 
Трпана му вика на Трпе:
- Сите мажи се исти!
Трпе на тоа вели:
- Кој ти рече тебе да ги пробаш сите?
 
Трпе пишува дневник:

"Денес е 18 Октомври. Надвор дува силен ветар и врне дожд веќе цел ден. Трпана е многу тажна. Постојано гледа низ прозорот.
Се плашам ако дождот потрае уште малку ќе морам да ја пуштам да влезе внатре." :pos:
 
Разгова Трпе со другар му.
- Сто пати и реков на онаа мојана, дека една вистинска врска мора да содржи многу повеќе страст.
- А таа, што вика?
- Во потполност се сложи, и си фати друг дечко!
 
Наставничката го кара малиот Трпе:
- Трпе, не е убаво да се тепаш, треба да научиш да даваш и да земаш!
- Така и правам наставничке, им давам боксови на децата и им ја земам ужинката.
 
Трпе се враќа дома весел.
- Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
- Браво, а на која фирма?
- На Цементара.
 
Малиот Трпе си доаѓа од училиште и баба му го прашува:
- Што учевте денеска?
- Учевме еден збор со три букви.
- Марш до ѕидот, казнет си!
Си доаѓа мајка му и го прашува:
- Зошто стоиш овде казнет?
- И кажав на баба дека учевме еден збор со три букви…
- Иии, продолжи таму да стоиш!!!
Си доаѓа татко му:
- Зошто стоиш овде казнет?
- Па им реков на баба и мама дека на училиште учевме еден збор со три букви.
- Кој збор го учевте?
- Мир.
- Ау, ау, ау! Тие мајка ти и баба ти само на кур мислат!
 
Трпана отишла на доктор:

Докторе, имам проблем.

Кажи Трпано.

Ниеден маж не може да ме задоволи.

Па тоа не е проблем Трпано, пробај со двајца.

Сум пробала јас со двајца, со тројца, со четворица....ништо!
Трпано, па ти си медицински феномен!
Феномен, докторе, феномен...а не ороспија како што ме зборат у мало!
 
Трпе и Трпана се сексале после подолго време и после пола саат Трпе ја прашува Трпана:
- Добро жено, чувствуваш ли ти нешто?
- Не!
Трпе и ја бутнал раката и пак ја прашува:
- Добро, а сега чувствуваш нешто?
- Не!
И ја бутнал ногата и пак ја прашува:
- Добро, а сега чувствуваш нешто?
- Не!
Ја извадил ногата, ама му останала кондурата внатре па влегол да си ја побара. Барајќи ја видел некој индијанец, па го прашал да не ја видел неговата кондура. На тоа му индијанецот му одговорил:
- Не, а ти да не го виде моето племе?
 
Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.
 
На испит по анатомија, професорот ја прашува Трпана:
Кажете колешке, кој дел од човечкото тело се зголемува за пет пати при силна возбуда?
Трпана почнала да црвенее.
Ама, срам ми е да ви кажам.
Кажете колешке, слободно не се срамете, сепак сте на испит по анатомија.
Е па добро. Тоа е пенисот!
Е колешке, колешке, каде ви е паметот, во пенисот ли?
Колешке точниот одговор е зеницата, се гледаме другата сесија
 
На Трпе по телефон му се јавува неговиот пријател од Словенија и го прашува:

- Па како си Трпе, како се живее во Македонија?

- Ух, како во харем.

- Како тоа како во харем?

- Па така, знаеш дека ќе те е*ат, само не знаеш кога.
 
Малиот Трпе се враќа од училиште и Трпана го прашува:
- Сине што учевте математика?
А детево и вика:
- Земавме за дропки.
Ама не му било јасно за дропки и ја прашува мајка си дали може да му објасни.
- Имаш една пита и кога ќе ја поделиш на пола што ќе добиеш?
- Една половина!
- Точно, а кога ќе ја поделиш уште на пола?
- Една четвртина!
- Точно, а кога таа пита ќе ја поделиш уште на 125 делови што ќе добиеш?
- Ќе останат само трошки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom